логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Свеченето отворање на едукативната работнилница ДИГИТ,  ќе се одржи утре (28.11) со почеток во 09:00 часот во просториите на HUB Skopje (улица Загребска бр. 28 - мапа за локацијата).

На отворањето ќе присуствуват и ќе дадат изјава министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и продеканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство проф.др.Боро Јакимовски.

Инаку, DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) претставува едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето. Скратено од Design and Interactive Graphics in IT, датира уште од 2013-та година и е создаден со цел студентите од сите факултети да се здобијат со вистинско техничко знаење во овие полиња (графички, апликациски, интерактивен и било каков друг дизајн).

Успехот на DIGIT ги надмина сите досегашни проекти од сличен карактер и овозможи посета на врвни компании од оваа област.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie