логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во понеделник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам,Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети. На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети. 

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Уметникот кој од бојата прави уметност

Реинтерпретирање на заробени моменти, мигови од детството, енграми за атмосферата во домот и во грижливо негуваниот цветен двор...експресии, ликовни записи на моменти дури и продолжување и развој на мислата. Сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки.

Мифтар Мемети прави ликовни напори да ја запре минливоста на времето; со нежен лиризам ни ги препорачува старите прозори, врати, куќната порта, клупата и камењата во дворот кој одамна ја отслужиле својата намена под старата црешa а сега стојат како траен спомен, неминливост, вечност. Амбиентот сега и просторно и временски е дефиниран. Сликарот успеал успешно да ни ја долови и атмосферата на древноста и хармонијата која владеела во домашна градина. Засведоченост на едно одминато време, ликовна уметност со која уметникот не воведува во убавина во која се насетуваат нежни допири и рефлексии од исконот, од патината на времето. Мифтар Мемети со својата ликовна дарба создал возбудлива поетика во која ги споил времињата во вечност. Неговата уметност е со јасен и личен творечки сензибилитет со емотивна комуникација, што впрочем е негов најзначаен белег. Тој е создавател на исконска убавина без да измислува ами ликовно да пресоздава природа, а емпириските нешта ја добиваат вистинската вредност. Делата на Мифтар Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик.

Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

                                                                                                            Љупчо Маленков

Изложбата ќе може да се погледне до 14-ти ноември.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie