логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА КРАТКИОТ ИГРАН ФИЛМ
 “СЕКОЈ ДЕН МОРА ДА СЕ ЈАДЕ”



Продуцентската куќа ФРАГМЕНТ ФИЛМ, Ве известува дека вчера, 08.09.2015, започна со снимање краткиот игран филм „Секој ден мора да се јаде“, во режија и по сценарио на Марко Ѓоковиќ. Снимањето на филмот ќе се одвива на повеќе локации во Скопје и во Маврово.

„Секој ден мора да се јаде“ е филм за животот на персоналот во Маршаловата вила, каде секојдневно се готви храна со надеж дека Маршалот ќе дојде токму тој ден. Со неговата смрт, малиот Марко, син на куварката, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре.

Актерската екипа ја сочинуваат Sвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Горан Трифуновски, Борис Дамовски, Сара Климовска, Емил Костовски, Милка Солева, Јовица Јовановски, Ѓорѓи Мишевски, Андреј Бартлинг и Раша Петровиќ.

“Секој ден мора да се јаде” е во режија на Марко Ѓоковиќ, директор на фотографија е Александар Крстевски, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Емилија И. Атанасовска, композитор Огнен Атанасовски, а продуцент е Емилија Чочкова.

Копродуценти на филмот се Круг Филм и Вертиго Висуал од Скопје и Kube Studios од Тирана, Албанија.  Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie