логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ИЗЛОЖБА

ЈОВИЦА МИЈАЛКОВИЌ, БЛАГОЈЧЕ НАУМОСКИ - БАНЕ И МАЈА ДИМОВСКА

АКТЕРИЈА

Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје
Галерија „Ко-Ра“ - Мал салон

Ден 20.05.2015 (Среда)
Почеток 20 :00 часот

Јовица Мијалковиќ


Вистинска уметникова вештина, проткаена со примена  на само два едноставни ликовни елементи – точка и линија, ја реализира најтешката ликовна тема – акт.  Успешниот „обид“за трансформација, во минималистички графичко црно бел концепт, авторот го започнува со доловување на „убавината на женското тело“во „идеална убавина“. Линеарната заобленост на екстремитетите,  во крајно сигурна и едноставна линија, исцртана со неверојатна леснотија, ги разоткрива во убави раскошни актови, спружени и легнати, одмарајќи се од долгата и страстна љубовна ноќ. Возбудата е присутна во овие компјутерски графики, скриена во нивната препознатлива суптилна импулсивност и екцентричност. Црвениот ликовен елемент – точка, го завршува уметниковиот „нагон“ од женската убавина, во чист бел простор и минијатурен формат.



Благојче Наумоски – Бане


Леонардовите „канонски пропорции“ преставени во “Витрувијанскиот човек“ се идеалните пропорции на човечкото тело. Појдовната идеја и концепт на авторот е да во минијатурен ликовен формат ја долови „новородената “авторска пропорција на човечкото тело. Гледана низ призмата на веќе препознатливиот ликовен израз на авторот, тој не навраќа на симболичкото значење на „Светата геометрија“ која пак не навраќа на „Signa quadrata (геометриска шема на поделба на тело). „Удобноста“ на актот е распослан врз едноставна линија од  црн фломастер кој за момент ја посочува патеката по кои гледачот треба да се движи со чувство на урбаност и отуѓеност. Ваквиот експериментален цртачки израз инсистира на различен „превод “ и „читање“ на класичната ликовна форма во насока на современ израз.


Маја Димовска


Авторот ги соочува двете страни на модата наспроти естетиката на грдо во ликовната уметност. Модата инсистира на убавина, пропорционална тенка силуета, додека уметноста ја нуди можноста за приказ на различните и „реални“ концепти, размислувања за телото. Принципот на изразување со нагласен натуралистички изглед, наликува на палеолитските форми на престави на женско тело. Сите објекти поставени на зидот наликуваат на тела исфрлени од општеството, обесени на „ѕидот на срамот“. Наведувајќи го гледачот да се соочи со сите природни и „ненаметнати“ облини, сите недостатоци  на човечкото тело. Се чувствува емоционалноста на овие актови кои се заштитуваат со медицински завои. Завојот симболично ја прикрива чуствителноста и ранливоста на човекот соголен и соочен со сопствената вистина. 



М-р Јана Манева - Чупоска




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie