логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Esen.manastir1.jpg

“Добрите дела, сведоштво на нашата љубов кон Бога и блжниот”

“На оној што бара од тебе, дај му,
 и не го одбивај оној
 што ти сака нешто на заем.” (Мт. 5, 42)

 Живееме во време на варирање, поместување и лабилитет на сите вредности, во време на уривање на темелите на кои почива целокупниот тек на христијанството. Како некоја нова, подземна, стихиска и елементарна сила да проникнала во светот, го исполнила и неодоливо, и непречено, и сигурно, без план и компас, го турка напред во неизвесност во мрак. Сè е во знакот на кризата, распаѓањето, исчезнувањето од една, и многубројни потери и обиди за повторно создавање на сè врз пепелиштата и урнатините, од друга страна. Сè е во неизвесност, во трескава љубопитност и нетрпеливо исчекување на новиот свет и поредок. Се затвораат очите и ушите пред делото на нашиот Најсладок Христос и Спасител, пред делата на св.Апостоли, преподобни, маченици, светители чии дела нудат живот – живот вечен.

Нашата вера е вера над верите, вера на откровението вистинска вера. Нашата вера е љубов, ерос, восхит, “лудост”, тежнеење за Божественото. Сето тоа е во нас, нашата душа бара да го придобие тоа – нашата душа бара љубов. А што претставува љубовта? Љубовта во поширока смисла претставува стремеж на човекот кон сè што е убаво и добро, кон сè што е достојно да се посакува. Христијанската љубов е божествена сила излеана во срцето на верникот преку Тајната на Светото Крштение, со која тој има длабок и чист стремеж кон Бога, неговото најскапоцено добро, и со сите сили на душата посакува соединување со Него и исполнување на Неговата волја, жртвувајќи го во случај на потреба секое земно дело. Љубовта е главен покренувач на животот, а воедно, и битна составна компонента на душевната храна. Таа претставува вистинска душевна намирница само доколку се јавува во што е можно почист облик без или со што е помалку примеси на себичност. Христијанската љубов, како љубовта кон Бога, така и кон ближниот, се докажува со добрите дела, како: милостина, помагање на неволници, примање на старци, утешување и посетување на болни, помагање на слаби, криење на туѓите мани, простување на оние што нè огорчиле, молитва за добро на другите, жртвување на себе си за другите итн. (Лк. 17.4; 2.Кор 8.22; Ефес 4.23). Само несебичната љубов која дава сè, а за возврат не очекува ништо може да ја исполни душата и да создаде права среќа. 

Божествената љубов се дели на две скалила, имено: едното е љубовта која се добива со сите добри дела, и второто е љубовта како божествена несоздадена енергија, како дар од горе.

Во православното христијанство едно од основните скалила кои водат кон напредување во духовниот живот се кротоста и смирението. Секој кроток и смирен човек лесно се приклонува кон милост и жртва и не може да ги остави без внимание оние кои се наоѓаат во беда, оти страдањата на другите ги смета за сопствена насреќа. Зависта е порок, кој стои над секое зло – меѓутоа, кроткиот и добриот човек, никогаш не дава место во својата душа на таа страшна за мирот и доброто за светот болест. Такви се даровите на Кроткоста – таков е животот на оној, кој живее во смирение: кроткиот е татко на сираците, заштитник на вдовиците, покровител на бедните, помошник на притеснетите, секогаш заштитник на справедливоста. Многу се богатствата кои се породуваат од смирението, многу се добродетелите кои произлегуваат од кроткоста. Навистина блажен и преблажен е човекот, во кого има кротост! Тоа и самиот Господ Исус Христос го потврдува кога вели:” Блажени се кротките, оти тие ќе ја наследат земјата” (Мт. 5.5).

vozdvizenie.jpg
 Како што зракот на сонцето, штом ќе се појави го распрснува мракот – така добриот и кроткиот човек го претвараат метежот во мир, кавгата во спокој, лошото дело во добро: Така треба да свети пред луѓето вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела...(Мт. 5, 16).     

Сите добри дела му помагаат на човекот да напредува во божествената љубов, затоа што кој му дава на сиромавиот, на Христа му дава. Тоа е смислата на евангелската наука што се потврдува во искуството на светителите. “Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте ми го направиле”, рекол Господ Исус Христос. Еве еден пример од секојдневието, кој го потврдува сето ова: Некој човек во Цариград бил необиччно милостив. Одејќи по градските улици  тој му го ставал својот дар на сиромашните и веднаш продолжувал понатаму за да не ја чуе благодарноста и да не биде познат. Кога некој негов пријател го прашал како постанал толку милостив, тој одговорил: Еднаш во црквата го слушнав свештеникот каде поучува дека кој им дава на сиромашните тој му дава на самиот Христос во рацете. Тогаш во тоа не поверував, бидејќи мислев како може тоа да биде кога Христос е на небесата? Но еднаш, одејќи си во својоот дом, видов еден сиромав каде што стои и проси, а над неговата глава свети Христовиот лик. Тогаш некој помина и му даде на просјакот парче леб; јас го видов Господ како ја пружи Својата рака, го прими лебот и го благослови дародавецот. 

 Милостињата е царица на добродетелите – таа многу брзо ги искачува луѓето на самото небо и е најдобра застапничка; Милостињата е големо дело! Не затоа ли и Соломон воскликнал: ”Милосрдниот ќе  биде благословен, што им дава на бедните од лебот свој” (Изрек. 22.10). Милостињата има силен полет – таа го пресекува воздухот, ја преминува месечината, го надскокува сонцето, достигнува до самото небо: но и таму не застанува – го преминува и небото. Се вознесува над ангелите, над лицата на архангелите, над сите небесни сили и се претставува пред самиот престол на Царот на царевите! Во Светото Писмо се вели: “Бог си спомна за молитвите твои и милостињите твои” (Дела. 10.4).

 Покажувајќи плод на добри дела, ке го собереш за себе  - пишува свети Василиј Велики – бидејќи правењето добри дела им се враќа на дарителите. Оној тоа што го дал на гладниот станува негова сопственост враќајки му се со пораст. За тоа на кому треба да даваме милостиња Господ Исус Христос вели: „На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем“ (Мт.5.42). Со ова Господ Исус Христос ни вели да даваме секому милостиња и на заем. Он ја бара нашата пожртвуваност и милостиња. „На оној што бара од тебе , дај му...“ – вели. Тоа е врвен подвиг или врв на подвизите на христијанството. Христос бара од нас да правиме милостиња. Тој вели да им се прави добро на сите, не правејќи избор според личноста, состојбата, потеклото, вероисповедта, без разлика дали е тој наш пријател или непријател, верник или неверник. Секому што навистина му е потребно треба да му се даде милост. Свети Григориј Богослов вели: Треба да им ја отвориме душата на милосрдие на сите сиромашни и на оние што страдаат од која било причина; како луѓе треба на луѓето да им принесуваме данок на добродетелство, каква и да е потребата што ги натерала да бараат помош: водство или сиромаштво, или прогон од татковината, или суровост на господарите, или безобзирноста на владетелите, или нечовечноста на собирачите на данок, или алчноста на непријателите, или запленување на имотот, или бродолом. Бидејќи сите тие имаат исто право на сожалување, и на рацете наши гледаат исто како што и ние гледаме на рацете Божји.

 Христијанското милосрдие е двојно: телесно,  т.е. материјално, и душевно, т.е. духовно. И двете милосрдија произлегуваат од љубовта кон Бога и ближниот.

 Најголемите дела на телесното милосрдие се оние кои ни ги покажа самиот Спасител во светото Евангелие (Мт.25, 34-35), имено: да нахраниме гладен, да напоиме жеден, да облечиме необлечен, да посетиме болни и затвореници ида укрепиме странци и оние што се во невољи.
 Делата на душевното милосрдие се: да ги обратиме во вистинската вера еретиците и неверниците; да ги обратиме на покајание грешниците и отугените од Бога, да ги научиме неупатените на она што е добро; да ги утешуваме и советуваме очајните, нажалените и болните; да се молиме за нашиот ближен т.е. за секој човек што е во неволја (Фил.1,19; Кол.4,3);  Јак.5,16); од срце да им простуваме на оние кои ни гршат и да не им се одмаздуваме (Мт.5, 44-48; 18,22).

 Доброто дело е плод на правдата (Мт. 5,16; Јак. 3,18). Доброто дело уште се нарекува и плод достоен за каење (Лк. 3,8; Мт. 3,8; Дела. 10,38). Доброто дело е ќерка на христијанската љубов. Делата се сметаат за добри само кога се соединети со вистинската вера и кои се прават во слава Божја (Мт. 6,14; Кол. 1,10). Секое добро дело започнува со стравот од Бога и завршува со љубовта кон Бога, а љубовта кон Бога претставува совршенство и завршување на добрите дела, бидејќи љубовта е врската на совршенството, највишото скалило на добродетелта.

 На овој пат, од стравот Божји до љубовта кон Бога, во овој свет имаме многу искушенија и тешкотии. Но имајќи го стравот Божји ние се чуваме од гревот, се чуваме со јазикот и умот од злите помисли и напредуваме постојано со стравот Божји, чинејќи добри дела. Но светите Отци велат стравот од Бога да не биде страв од Бога , туку љубов кон Бога, бидејќи еве што вели свети Василиј Велики: Оној што прави добро дело поради страв, односно поради страв од пеколните маки, поради казна, таквиот е во положба на слуга; оној пак, кој прави добро дело поради награда, односно за да му се исполнт побарувањата овде на земјата и за да добие плата на небото, и таквиот е во положба на слуга, кој му служи на својот господар за плата, односн поради пари; оно,ј пак, кој прави добро дело од љубов кон Бога, а не поради страв или за плата, таквиот е во положба на син Божји.

 Но навистина би било празно да се зборува ако не се спомне за најголемото добро дело на љубовта кон Бога, како извор на сè, а тоа е: секој да го земе својот крст и да тргне по Христа до смртта (Мт. 10,38; Лк.14,27), како што тоа го направија и светите маченици, преподобни, одбраните монаси и сите праведни христијани. А најголемо добро дело кое извира од љубовта кон Бога е љубовта кон ближниот, т.е. да се положи својата душа (животот) за својот ближен ( 1. Сол. 2,8; 1. Јов. 3,16). Сите добри дела се должност на христијаните кон Бога и кон луѓето.  Молитвата за ближните е доказ на христијанската љубов ( 2. Кор. 9,14) и духовна должност за секој член на Христовата Црква (Ефес. 6,18). Молитвата многу ја помага милостињата, бидејќи милостињата е крило на молитвата (Лествица, Слово 28). Добрите дела, кои се раѓаат и умножуваат преку молитвата се многубројни, како: верата, надежта, милоста, трпението, воздржувањето итн. Најголемата добродетел која се раѓа од светата молитва е божествената љубов, како што ни велат светите Отци. Таа божествената љубов ќе не води низ овоземниот живот, по смртта ќе биде светлината која ќе не води низ скалилата кои водат до Царството Божјо и застапница пред престолот Божји, а сето ова ќе биде како плод на нашите добри дела.

Во Светото Писмо постојат многубројни примери кои сведочат за тоа дека не треба многу за да се направи добро дело: старозаветната вдовица која го угости пророк Илија (1 Цар. 17,12); вдовичната лепта (Лк. 21, 23) итн. Од ова јасно се гледа дека Бог не бара од нас изобилие, туку бара од нас според своите можности – “чаша студена вода” (Мт. 10, 42).

 Зошто се тие сиромаси? Секако не, вели божествениот учител Свети Јован Златоуст, заради тоа што Бог не може да им прати златоносен дожд, туку токму заради тоа, нивното сиромаштво да ти послужи за олеснување на твоите гревови. “Човекот кој прави милостиња е навистина нешто возвишено и драгоцено” (Пр. Сол. 20, 6). Запомни добро, колку е возвишена милостињата! Бог го споредува милостивиот човек со Самиот себе: ”Значи, бидете милостиви, како што е милостив вашиот Отец небесен” (Лк. 6,36).

 Кога ќе настапи смртта, драгоценостите остануваат овде зад нас. Зашто порано не ги пратиш таму и сиромавите, во денот на Страшниот суд, да ти бидат застапници, таму каде што нема ни говорници ни заштитници? Ете, сиромасите ја покажуваат својта облека и повези и те изнесуваат од пламенот. Ни сонцето не го топи мразот толку силно, како што милостињата ги топи мноштвото гревови кои што ги истребува. А ти, за да ја разбереш возвишеноста на милостињата, размисли.

 Еден човек имал тројца пријатели. Двајцата од нив многу ги сакал, а кон третиот од нив бил рамнодушен.
 Еднаш, тој бил обвинет за нешто што не го сторил и требало да се јави кај судијата.
 - Кој од вас – им рекол тој на своите пријатели – ќе дојде со мене и ќе сведочи пред судијата дека сум невин?
 Првиот пријател веднаш се извинил:
 - Јас не можам да дојдам со тебе – му рекол тој – бидејќи сум зафатен со други работи.
 Вториот пријател го испратил само до судските врати, а третиот, кон кого бил рамнодушен, дошол со него пред судијата и се застапувал за него така ревносно што судијата веднаш го ослободил од обвинението.

 Во овој свет секој има тројца пријатели: парите, роднините или пријателите, и добрите дела. Првиот пријател, парите, човекот веднаш го напуштаат по смртта. Вториот, пријателите и роднините, човекот го испраќаат до гробот. Само третиот пријател, добрите дела, човекот го испраќаат до престолот на Бога. Добрите дела одат пред него и измолуваат милост.

Да ги отфрлиме по мисла и желба работите на сегашниот живот и да го насочиме нашиот житејски пат кон небото преку добрите дела. Зашто можеме, доста е да сакаме, и тука сакајќи, да бидеме на пат кон небото: кога ќе започнеме да вршиме достојно за небесата; кога не се посветуваме на богатството на светот; кога не бараме суетна слава на сегашниот живот. Презирајќи го сето ова – да се потрудиме преку добрите дела  да достигнеме друга слава: вистинска, доброволна, вечна; да не се занимаваме со раскошот на облеките и да не е грижиме за украсите на телото; целата таа грижа за надворешното украсување да ја принесеме за потребите на душата, а тоа се: да нахраниме гладен, да напоиме жеден, да облечиме необлечен, да посетиме болни и затвореници, да укрепиме странци и оние што се во невољи итн. “Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува!” (Лк.12.43). 

Наместо Амин
“Продајте си ги имотите ваши и давајте милостиња! Згответе си ќесиња, што нема да изветвеат, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и молец не го јаде; зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше. Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени” (Лк. 33 - 35).
Крај, слава и пофалба на Троичниот Бог. Амин!

Звонко Алексов 5клас.
Филип Тинтоски 2 клас.

 Esen.manastir1.jpg

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5838
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6648
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6444
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная