логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



kapsanis.jpgАРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС
Игумен на манастирот Григоријат на Света Гора

ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА И РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА
ШТО ГО ПОДГОТВУВА ВАТИКАН

 

Пројава на пријателско расположение во некои кругови во Православната Црква кон римскиот папа би предизвикало мала загриженост кај поголем број на нерамнодушни православни луѓе, доколку би биле забележани некакви промени во политиката на Ватикан.

Меѓутоа, Унијата сè повеќе се надвива, првенството и непогрешливоста на папата се декларираат при секој повод, а ватиканската дипломатија прави сè што е можно за да го помогне обединувањето со православните врз основа на одлуките на Флорентинскиот и Вториот ватикански концил кои ги повикуваат православните браќа “расколници” –  да се вратат под крилото на “вистинската” папска Црква.

Папизмот, којшто ги зема предвид не само одлуките на Седумтте Вселенски Собори туку, пред сè, е поврзан со одлуките на четиринаестте сопствени “вселенски” собори, не може да бара друг пат за соединување со православните, освен нивното “враќање”. Така, во одлуките на Вториот ватикански концил, без оглед на некои незначителни чекори на Ватикан кон православните, догматите за првенството на папата и неговата непогрешливост, не се ограничуваат и стишуваат, туку напротив, им се придава и поголема важност во однос на одлуките на Првиот ватикански концил.

„Вториот ватикански концил не престана да му придава голем авторитет на местото на папатa, при што оди до тој степен, што некои негови восхитени почитувачи на Соборот почна да сметаат, дека Главата на Црквата не е повеќе Христос, туку Петар, а низ него и папата”.[1] Што се однесува до промената на погледот на римокатоличката црква, треба да се има предвид дека се зборува за промена на надворешната политика и општествениот вид на римската црква, а не за внатрешна реформа на нејзиното вероучење ”.[2]

Самите римски папи одвреме-навреме ја потврдуваат бескомпромисната решителност на папизмот да ги одбрани своите догмати. Така, папата Павле VI во своето прво послание по изборот „Ecclesi amsuam” (од 6-ти август 1965 г.) изјави: „Грешат оние, што мислат дека ние си ги отфрламе привилегиите, кои ни ги даде апостол Петар”.[3] И папата Јован Павле II во посланието „Lumen orientalis” (од 25-ти март 1995 г.) го потврдува истото: „секоја дискусија за можноста на обединувањето на Црквите го претпоставува беспоговорното признавање на првенството на папата, коешто е востановено од страната на Бог “како вечен” видлив принцип и основа на единството”.[4] Затоа, тешко е да се создаваат илузии за можноста за достигање на договор помеѓу римокатоличката и Православната Црква врз основа на нејзиното модерно функционирање, туку само врз основа на Апостолската Вера, онаа вера, која до денес ја има сочувано Православната Црква.

Секој којшто внимателно ќе ги проучи стадиумите низ кои поминаа односите на православните и римокатолиците, приметува дека Ватикан има план, којшто постепено ќе се остварува, додека не се случи “обединувањето”. За планот на Ватикан да го оствари обединувањето на православните и римокатолиците професорот Јован Кармирис пишуваше: „Папата Павлe VI и нему блиските католички теолози, изработија одлично осмислен, широк програм на римоцентричен екуменизам, близок на латинската еклисиологија”. [5]

Митрополитот перистерионски Хризостом објаснува за каква врста на соединување станува збор: „Браќата католици директно или индиректно ни оставаат да сфатиме дека Православната Црква може да се обедини со римокатоличката со посредство на консолидација, а слично и со паралелни процеси кои постојат помеѓу неа и унијатите”.[6] Познатиот грчки теолог о. Јован Романидис зборуваше за својот доверлив разговор со католичкиот бискуп, кој му говорел за планот на Ватикан, во согласност со кој обединувањето на Црквите нема да дојде од врвот (т.е. не преку епископите, теолозите и нивниот дијалог) туку од долу – со посредство на таканаречениот народен екуменизам.
За остварување на римоцентричниот план веќе се преземени следниве чекори:

1.  Симнување на анетемите од 1054 г., но не и отфрлање на спорните догматски позиции.

2. Размена на посети на црковната ерархија и дарови во вид на свети мошти и икони коишто ги донесувал Ватикан. На тој начин, се создава впечаток, дека Ватикан е пријателски расположен кон Православието.

3. Започнување на богословски дијалог. Неговата цел е взаемно признавање на Тајните, свештенството и апостолското преемство, и како конечно, признавање на Црквите како “сестри”. 

4. Без оглед на прекинот на меѓуцрковниот дијалог во врска со унијатството (Балтимор, 2000 г.) тој беше обновен без решавање на проблемот со Унијата. (Дури, унијатите учествуваа во дијалогот со православните како полноправни членови на преговарачкиот процес). Очигледно е дека иако унијата како метод на обединување, на зборови се осудува, во реалноста таа се користи од католиците како единствен пат кон единството (во согласност со одлуките на Вториот ватикански концил).


Сегашниот папа, Бенедикт XVI во посланицата до унијатскиот архиепископ на Украина Љубомир Хузар, ја поздравува борбата на унијатите да го сочуваат својот идентитет и независност: „Во грко-католичката црква, којашто се наоѓа во полна заедница со апостолскиот наследник Петар постои двојна задача, којашто се состои во зачувувањето на источната традиција во рамките на католичката црква и во помагањето на зближувањето на двете традиции, сведочејќи дека тие не само што се блиски, туку претставуваат и длабоко единство во својата различност”.[7] Во Ефес, истиот папа повторно истапи во поддршка на Унијата, „којашто според неговото мислење е најдобар пат кон единството на Црквите”.[8]
Фактот дека папизмот ги основа унијатските “цркви” на канонските територии на сите древни Источни Цркви, сведочи за сочуваниот курс кон Унијата, како средство и стандард за “обединување” и враќање на Православните и другите вери на Истокот во составот на Рим.

5. Изработка, демонстрација и поддршка на нови теории во согласност со кои догматите за Filioque, првенството на папата и неговата непогрешливост од страна на римокатолиците се толкуваат на таков начин, да станат “прифатливи” за православните“[9]. Пред околу 40 години учествував на собир на православните теолози на Атина. На тој собир беше повикан и познатиот клирик на римокатоличката црква, Пјер Дибре. Тогаш тој ни рече: „Ние го формулираме догматот за првенството на папата, на тој начин, за вие да го прифатите”. Забележав дека важност има не формулацијата туку суштината. Ние никогаш нема да ја прифатиме догмата за првенството во онаа смисла во којашто ја подразбира римскиот папа.

6. Одржување на православно-католички конференции, кои демек, ја промовираат православната духовност и кои всадуваат идеи за стремеж кон единството, без оглед на сите догматски разлики.

Досега, најголем дел од православните теолози тргнуваат од фактот дека помеѓу Православната и римокатоличката црква постојат одредени догматски противречности без чие решавање не може да дојде до никакво обединување. Сега и некои православни почнаа да зборуваат за тоа дека имаме една вера, едно предание и дека постојат одредени предуслови под коишто би можеле да го признаеме папското првенство. Тука би сакале, пред сè, да нагласиме дека: Православната Црква никогаш не признавала дека после расколот, кај православните и римокатолиците останала една вера и едно предание. За тоа сведочат големите ерарси и богоносни Отци како свети Григориј Палама, свети Марко Ефески, свети Мелетиј Пигас, преподобен Никодим  Светогорец, свети Нектариј Егински, Доситеј Ерусалимски и многумина други. За тоа сведочат и одлуки на православните патријарси од 1848, 1868 и 1895 г. Но, и простиот православен народ, без оглед на неволјите од турското ропство и систематската латинска пропаганда, како и повремениот притисок од страна на Унијата, остана верен на догматите на својата Црква.

Очекуваното обединување, кое веќе неколку децении внимателно се подготвува од страна на Ватикан, нема да биде прифатено од мнозинството на православните, туку само ќе доведе до раскол, затоа што во основата на тоа обединување не се претпоставува решавањето на догматските разидувања, не католичкото отфрлање на еретичките догмати (Filioque, првенството на папата, создадената благодат итн.) туку нивното ново толкување.

Секако, нашата заедница, оптоварена со идеите за глобализација и “новиот светски поредок” ја нема, за жал, духовната осетливост на православните кои своевремено не ја прифаќаа Флорентинската Унија.
Но, и денес има доволно свесни православни христијани, коишто ќе му се спротивстават на секој обид за обединување, кое би се случило без основа на Вистината, чувана во Православието. Загриженоста, којашто кај мнозина православни се појавува поради случувањата во последните години, докажува дека православната свест е жива како и порано.
Така што, оние коишто денес се стремат кон обединување треба да се замислат: нема ли, наместо совладувањето на разликите, да добијат раскол на една православна паства.
 

1. Καρμίρη Ι. Ορθοδοξία και Ρωμαιοκαθολικισμός. Αθήναι, 1964. Τ. Ι. Σ. 25.
2. Καρμίρη Ι. Указ. соч. Τ. ΙΙ. Σ. 170.
3. Ενθ’ ανωτ. Σ. 171.
4. Παναγόπουλου Ι. Το Βατικανό και η Ένωση των Χριστιανικών Εκκλησιών. Εφημ. Καθημερινη. 30/7/1995.
5. Καρμίρη Ι. Указ. соч. Τ. ΙΙ. Σ. 170.
6. Χρυσοστόμου-Γεράσιμου (Ζαφείρη), μητροπολιτου Περιστερίου. Ορθοδοξία και Ρωμαιοκαθολικισμός. Ο αρξάμενος Θεολογικός Διάλογος. Γεγονότα και σκέψεις // Θεολογία. Τ. 53 (1982). Σ. 77.
7. Καθολική. Φ. 3046/ 18-4-2006.
8. Ορθόδοξος Τύπος. 8/12/2006.
9. См.: Γεωργίου (Καψάνη), αρχιμ. Καινοφανείς θεολογικές απόψεις εν όψει των διαλόγων // Παρακαταθίκη. Τ. 43/2005; Δημητρίου (Γρηγοριάτου), ιερομ. Η Ρωμαιοκαθολική Clarification (Διασάφησις) επαναβεβαιώνει το Filioque // Παρακαταθίκη. Τ. 52/2007.
Извор: www.orthodoxnet.gr
 

 Извор: ПРЕМИН бр. 51-51

 

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6411
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная