логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скулптура ерос и агапе

3.angeli.so.truba

Ерос е платонска концепција за љубовта, чии корени се наоѓаат во антиката, а христијанската верзија е агапе. Постои сличност и поврзаност меѓу двете идеи за љубовта кои се споиле во средниот век.

Во својот текст, Платонска и христијанска љубов, Аница Савиќ Ребац поаѓа од орфејско-платонско-неоплатонски доктрини за љубовта и нивното влијание врз средниот век, а потоа нуди подетални прегледи на агапе, христијанското сфаќање на љубовта и еросот, платонската концепција за љубовта.

Што е агапе?

Во текстот, пред се', се истакнува поврзаноста на христијанството и хеленизмот преку замислата за љубовта како врска меѓу душата и апсолутното. Токму тој платонистички момент постои кај апостолот Павле и неговата Химна за љубовта, попозната како Прво послание до Коринтјаните.

Христијанската љубов, агапе, е над знаењето, т.е. таа е најголемо знаење, она што овозможува да бидете „лице в лице“ со Бог, слично со платоновото видување на идејата.

Меѓутоа, агапе е и љубов што подразбира приземност и избор, и во тоа е разликата во однос на хеленскиот ерос, што подразбира копнеж, страст, чезнеење. Агапе е љубов што поаѓа од Бог. Таа е excessus, прелевање, излевање. Платоновиот ерос, пак, е ascensus, качување, издигнување. Платонизмот подразбира еротско сознавање.

Разлики и сличности меѓу ерос и агапе

Авторката во својот текст ја испитува можноста доктрината за љубовта на апостолот Павле да потекнува од Платон, и трага по патиштата преку кои се случило влијанието. Врската со хеленизмот, во смисла - хеленизирање на агапе, прв ја востановил апостол Павле.

Агапе од ерос се разликува по недостатокот на интелектуалното и, во потесна смисла на зборот, еротскиот карактер, и по тоа што е феминизирана. Агапе е непосредно религиозно доживување, љубов која е општочовечка и космичка и претставува пат кон трансценденцијата, и која според името и по својата природа е феминизирана. Агапе често се преведува како caritas или милостина што подразбира жртвување и давање.

Како главна разлика меѓу Платоновиот и Плотиновиот ерос, односно меѓу еросот и христијанската агапе, Аница Савиќ Ребац наведува дека Платоновиот ерос е посредник меѓу душата и апсолутното, а агапе покрај што посредува, таа има свое средиште и во самото трансцендентно божество.

Агапе е circolo amoroso меѓу човек и Бог, круг што поаѓа од Бог и се враќа во него. Кај Платон патот не е кружен, но затоа е скалест. Неговиот ерос патува високо нагоре.

Синтеза на ерос и агапе

Писателите Гвиничели и Данте се смета дека се првите кај кои докрај е изведена синтезата на платонскиот ерос и персоналната љубов. Кај Данте тоа се забележува во поврзувањето на копнежот за мртвата сакана со чезнеењето за Бог и за апсолутното. Еросот поаѓа од поединечната љубов, љубовта кон Беатриче, и преминува кон општото, и на тој начин Данте се поврзува со Платон.

Во текстот се заклучува дека христијанството посредно или непосредно го унапредило поимот за љубовта и тоа збогатувајќи го еросот, со што се случила преродбата на платонизмот. Авторката на крајот истакнува дека љубовта се наоѓа во средината на сите доктрини и дека идеите имаат способност вечно да се обновуваат.    

 Подготвил:  ББ

 

https://www.fakulteti.mk/news/16-11-27/eros_i_agape_-_dve_sfakjanja_za_ljubovta

 

 Друго:

 3.angeli.so.truba

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2748
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1928
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…