логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba


Бесцелна е секоја споредба, меѓутоа пак ќе споредам. Ситуацијата со короната во Македонија и Јапонија.
Интернетот е преплавен со апокалиптични сценарија - кој од вируси, кој од заговори - битно сите го гледаат крајот на светот. А всушност, и пред короната, ние сме живееле на „крајот на светот“, па сега сме нашле повод тоа торжествено да го објавиме.
Во Јапонија, дали бидејќи се навикнати на елементарни непогоди, или се едноставно - Јапонци, кога се појавува проблем, се бара решение кое ќе биде прифатливо и полезно за сите. Јапонија беше во првите земји каде се рашири короната, но ниту еден ден немавме тотален карантин, казни за неносење маски итн.
И никој ниту се запрашал дали маските штитат или не - туку уште пред короната, тоа е втемелено во културата како социјална одговорност. Ако си болен - носиш маска за ти да не ги заразиш другите, колку што е тоа можно.
Владата воведе кампања со која се оштети буџетот на многу индустрии (воглавно угостителските индустрии), но истовремено исплати помош на секое семејство, и воведе Go To кампања, која ги запазува мерките за претпазливост, но овозможува развој на различни видови на туризам.
Мене лично секојдневието ми се промени можеби само 15 % од претходно. Новото “нормално“, и не е ново, туку едноставно повик на осет - ништо друго не е потребно. Да се има осет за туѓа приватност, да се има осет за туѓото здравје, и да се наоѓаат конструктивни решенија за надминување на проблемите. Колку само енергија се заштеди со тоа што големи компании почнаа да работат дистанционо. Колку непотребни “журки до бесвест“ (таа традиција ја има и во Јапонија), се извадија од старото „нормално“. А да не зборувам за тоа како интровертите го гледаат светот 🙂

3.angeli.so.truba

Значи, короната, како и секоја друга болест, ќе помине. И наместо да го негираме проблемот, или уште полошо - да сакаме да направиме пари од него, треба да го искористиме да го подобриме општеството во коешто живееме. Тоа би било многу полесно, кога нашиот фонд за иновации би инвестирал во конкурси и идеи Beyond Corona, а не во дресирање на магариња, но... Тоа е друга приказна.
Жал ми е што многу интелегентни, драги, здрави луѓе, не успеаја да се сочуваат од паранојата. Но, проблемот не е во Короната, во науката, во Бил Гејтс, во 5Г....  пак и пак, проблемот е во нашата корумпираност, неодговорност, себичност.

Секако, покрај митовите, постојат и реални проблеми со маските, на пример: како тоа психолошки ќе се одрази на дечињата (доенчињата) кои повеќе од половина ден го поминуваат во градинка, каде возрасните носат маски (како ќе се учат на емоционална интелегенција итн). А за тоа каде треба да се носат, а каде не, никој не прави ни муабет, затоа што сите ЗНААТ.


Останете ми ведри, со ладна глава, трпеливи кон комшиите, креативни кон нивните глупости, и да најдеме начин како можеме да го подобриме општеството. Зашто не случајно сме дошле до оваа ситуација.
На тие што се најпогодени со вирусот, им посакувам Господ да им даде сили, трпение, и поскоро опоравување!

 

Zlatko Divjakovski

 

 Ноември 2020 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1948
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…