логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Дури и со години да имате само 12 пријатели на Фејсбук, и да не се занимавате секојдневно со Твитер, од време-на време ве совладува горчливо чувство - зошто голем број од нас се однесуваат како дигиталниот простор да е нивен феудален посед, правдајќи се со бранење некаква кауза?

Голем број промотори на феминистички, ЛГБТ, работнички, и секакви други малцински права ќе ви кажат дека социјалните медиуми го имаат демократизирано пазарот на идеи, и во голем мерка имаат успеано да го дестабилизираат монополот на мејнстрим медиумите. И во тоа има одредена вистина. Но веројатно без намера да биде така, твитерџиите и фејсбукашите кои себеси се профилираат како културно-политички воини имаат создадено нешто што би можело да се опише како вид колективно генерирана идеолошка автократија.

И парадоксално, јавните личности кои се најчесто и најсистематски виктимизирани од страна на таа автократија се токму луѓе од либералната левица. Нивната легитимност како политичари, активисти, уметници, писатели, сè повеќе зависи од моралните судови на феудалните господари на Твитер ленд.

Според Џонатан Кеј, колумнист на Нешнл Пост, да се разбере како сето ова успева да се одржи значи да се анализира динамиката на онлајн светот. Затоа што патологиите кои имаат пуштено корен на Твитер всушност се засновани на промените во веќе ретро-то, бавното и пасивно издаваштво, и истиот таков, изолиран и самодоволен академски свет. Во добрите стари денови кога млад колумнист или професор се обидувал да дојде до работно место со обезбедена пензија и мирен живот на припадник на средната класа, имало смисла да не се закачаш и да бидеш фин со колегите. Но во свет во кој толпа гладни интелектуалци доаѓаат онлајн („гладни“ и физички, но најчесто во смисла на гладни за внимание и признание), да се биде во право - или барем да се изгледа како да си во право - често е единственото што е важно.

Атмосферата авторот ја опишува со западна метафора - средношколска кафетерија полна хормонално напнати средношколци - иако во нашиот локален контекст можеби попогодна би била „средсело“ (додуша колкумина од гласните твитерџии навистина учествувале во бучна кавга пред кооперација?). Поентата е дека е доволен еден попален поборник за одредена идеја со стотина следбеници за да изведат понижувачко шоу на културна субмисија на кого и да е, за што и да е. Не затоа што тој некој и неговите следбеници се глупи, туку затоа што е таква културата на реметење и цензура која тие ја имаат креирано преку групно и некритичко мислење. Вистинската моќ на Твитер лежи токму тука - не во тоа да информира, корегира или да забавува, туку во моќта да повреди.

 

Жртви на онлајн мобинг кампања така може да станат инаку етаблирани офф-лајн ликови, на кои единствената греша во животот им е што дошле на Твитер мислејќи дека така му прават услуга на човештвото. Всушност онлајн работите се обратни - колку пореална моќ има некој во општеството, толку помалку морален капитал има онлајн. Со оглед на тоа што општеството е базирано на хетеронормативност, сексизам, медиокритетство, коруптивност, високото котирање во него сигнализира само едно - дека по дефолт си дел од таа игра, и дека оттаму си легитимна цел.

Во таквите навредувачки „ехо комори“ најчесто најгласни се млади луѓе кои се сметаат за автентични претставници на одредена суб-група, класа или (во други контексти) раса. Иако знаат да се случат и меѓусебни препукувања (пример - кој е пошарен од „шарените“), сепак најлошо проаѓаат оние кои добронамерно но крајно наивно застануваат на патот на престрелката, обидувајќи се да изнајдат „компромисно решение“. Во светот цели кариери паѓаат и заради една погрешна реакција испратена во момент на лутина или фрустрираност, и ова создава атмосфера во која многумина бираат да ќутат за да не нагазат на мина.

И не е само тоа повлекување последица на целиов овој процес. Целиот јазик на комуникација се менува, станува душевно мртов, „новоговор“ исполнет со изрази (кратки и отсечни какви што мораат да бидат на Твитер) кои стануваат мејнстрим дискурс и за разговор со другите во живо. Кога толпата ќе зачука на врата, сета поетичност и игривост, двосмисленост и иронија мора да ѝ отстапат место на недвосмисленоста, на препознатливите слогани на идеолошката племенска припадност.

Страда и публиката, колку и да е малубројна - онаа читателската, гледачката, слушачката - која очекува квалитетна содржина од најталентираните од различни области, кои во меѓувреме си ја трошат снагата на одбегнување цензура од толпата. Она што се случува на Твитер НЕ останува на Твитер: начинот на кои ги користиме социјалните медиуми го моделираат поширокиот интелектуален пејсаж. И не се вадете на она со јајцето и кокошката - безобразниот, арогантен и неупатен твит кој ќе го напишете денес може да биде обете нешта истовремено.

 Извор:

off.net.mk

Друго:

 Твитерџијата што поправи решетка со поезија

 Твитер знае да биде фино место за она што модерно се вика „социјален ангажман“: хуманитарни календари, оброци за бездомници, собирање пари. Ама не мора па сè да биде масовно и по цело (Твитер) село. Има и осамени јавачи, кои на ветерниците јуришаат со точак, и со поезија. Нивниот успех може да биде инспирација за идни поетски твитања. 

Како Твитер се подели на племиња

Како Твитер се подели на племиња

По зборовите на основачот на Твитер, Биз Стоун, идејата, отсликана и во логото на Твитер, е дека сервисот ќе помага луѓето да се зближат. Како во недоволно добро прецизирана желба, ова им се оствари на основачите, луѓето почнаа да се собираат, ама на две спротивставени страни.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1124
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1065
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…