логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Еден ден магарето на еден фармер паднало во бунар. Животинчето рикало со часови додека фармерот размислувал што да направи. На крај, тој одлучил дека животнто е старо и дека бунарот секако треба да биде затрупан; едноставно не вредело да се обиде да го спаси магарето.
Ги викнал комшиите да дојдат и да му помогнат. Тие ги зеле лопатите и почнале да фрлаат земја во бунарот. Отпрвин, магарето сфатило што се случува и почнало ужасно да рика. Потоа, сите се зачудиле кога магарето се смирило.

После неколку фрлени лопати земја, фармерот конечно погледнал во бунарот. Бил зачуден од тоа што го видел. Со секоја лопата земја која паѓала врз него, магарето правело нешто чудесно. А магарето само ќе ја истресело земјата од него и ќе се качело врз купчето земја.

Како што продолжувале со полнењето на бунарот, магаренцето продолжувало да ја тресе земјата и да се искачува нагоре. Наскоро, сите биле зачудени  кога магарето излегло од бунарот и среќно си потскокнало!


Поука

Животот фрла земја врз вас, секаков вид на земја. За да излезете од бунарот, треба само да ја истресете  земјата и да се искачите нагоре. Секој проблем е само нов чекор на скалилото. Од најдлабоките бунари можеме да излеземе само ако никогаш не се откажуваме!
Истресете ја земјата и искачете се нагоре.

Запомнете ги следните пет чекори кои носат среќа:
1.    Ослободете го срцето од омраза  - Простувајте.
2.    Ослободете го умот од грижи – Повеќето од нив секако не се остваруваат.
3.    Живејте едноставно и ценете го она што го имате.
4.    Давајте повеќе.
5.    Очекувајте помалку од луѓето, но очекувајте повеќе од самите вас.

 

За ПреминПортал: И.Г.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1124
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1065
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…