логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 




Прашањето е дискутабилно, зашто постојат многу верници кои се повикуваат на овој контекст, свесно или несвесно.
Од типот:
„Јас сум подолго во верата од тебе, па повеќе знам!“
 или „Кога јас станав побожен ти се немаш ни родено!“
или:  
„Зошто ти мене ме учиш, кога јас сум повоцрковен од тебе!“ итн. 

Како секогаш да постои некоја блага или груба резервираност кон оние кои штотуку стапуваат на Литургиското тло, а оние кои веќе долго стојат во верата некако надмено се однесуваат кон оние кои доаѓаат.

Да не е тоа зависта на оној братот на блудниот син во Евангелието?
Со други зборови, како тоа изгледа од Божја перспектива?

Знаеме дека во Евангелието се спомнуваат два момента: работниците кои доаѓаат на работа во различно време (што ја претставува оваа наша историска сцена) и моментот на Страшниот (есхатолошкиот) Суд, кога Бог им говори:
„Не ве познавам!“ на оние кои Му говорат:
„Зарем во Твое име не го правевме тоа и тоа!“?

Духовниот стаж НЕ постои , зашто Литургијата СЕКОГАШ претставува нов настан...
Дали пред Господа е „подуховен“ оној којшто е во Црквата 10 години, од оној којшто е една година во Црквата...
Или важно е обајцата де се во Црквата...
И на кој тас „се мери“ духовноста... Имаме актуелни примери...

Постојат луѓе кои се од поодамна во Црквата, но тоа не ги спречува да проповедаат некакви квази-православни учења... а ги имаме и оние кои се од вчера во Црквата и се благодатно осветени и не подлегнуваат на разни девијантни (про)толкувања...

Верата и знаењето се нераздвојни категории, за што сведочи и евангелистот Јован:
„И ние поверувавме и познавме дека ти си Христос Син на живиот Бог“...

Верата се идентификува со познанието, со желбата со Познаниот да бидеме во дијалектички однос. Станува збор за познание „во Духот“, за продлабочување на содржината на животот, мислењето, движењето, поимите.

Животот „во Духот“ добива едно ново значење, можност присутноста Божја и вистината за Бог да стане сигурност која претставува „отворање“ на Вистинскиот  Бог кон нас и поместување на границите на нашата конечност кон Бога во ненаметливи извесности.

Она што мене ме буни е обидот благодатта Божја да се ограничи со време, односно сомнежот во Волјата Божја, со Духот, во синергија со нашата слободна волја, во миг да ја преобрази сецелата наша Личност... (Дела Апостолски 22).

Можеме да зборуваме за растење во Духот, но тесноградото наметнување на сопствениот „стаж“ не може да опстане внатре во безграничните граници на Црквата...

Не е мал бројот на примерите кои тоа го потврдуваат... Имаме и примери кадешто луѓето кои се 20 години „во“ Црквата и понатаму  не гледаат подалеку од сопствената гревоцентричност и самопофалба... додека оној којшто има помал „стаж“, сообразно со зборовите Господови,
„станува и оди“, уподобувајќи се на убавината на Христовото Преображение.

 Подготви: М. Даниловска

 http://upodobljavanje.wordpress.com/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5808
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6626
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6410
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5605
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная