логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Vecerna.Ksenija.jpg

15 и 16. ПАИСИЈ И ИСАИЈА

Беа двајца браќа, Паисиј и Исаија, синови на еден шпан-ски трговец. Кога почина нивниот татко тие го разделија под-вижниот имот, кој се состоеше од пет илјади златници во пари, во покуќнина и во робови. Тие размислуваа и се совету-ваа меѓусебно, велејќи: "Каков начин за живеење да избереме, брате? Ако ја одбереме трговијата, со која се занимаваше нашиот татко, тогаш нашиот труд по нас ќе остане на други. А при тоа можат да не снајдат маки од разбојници, или од невремиња на морето. Ајде тогаш, брате, да го избереме монашкиот живот, за да го употребиме корисно татковиот имот, и да не ги погубиме нашите души". Така и на двајцата им се допаднал идеалот на монашкиот живот, но излегло дека тие двајцата се разликуваат во начинот како да го остварат тој идеал. Тие ги разделиле парите и останатиот имот, секој со намера да Му угоди на Бога, но на различни начини. Бидејќи едниот се разделил по манастирите, црквите и затворите, изу-чил занает со чија помош ќе го заработува лебот, и се посве-тил на подвижништво и на молитва. А другиот, пак, својот дел не го потрошил на такви нешта, туку изѕидал еден манастир, повикал неколку браќа и започнал да го прима секој патник што поминувал, да ги лечи болните, да ги згрижува старците, на секој сиромашен му давал милостина, а во сабота и недела давал по три или четири трпези и ги нагостувал сиромасите. На таков начин тој го употребил својот имот.
Кога се упокоцле, браќата монаси на различни начини ги величале и едниот и другиот, бидејќи и двајцата биле совр-шени во добродетелта. На едните повеќе им се допаѓал Паи-сиј, кој уште на почетокот се откажал од се, а на другите Исаија, кој добро им правел на бедните. И кога меѓу браќата се појавила расправија, околу различниот начин на живеење на овие блажени, особено за тоа кој од нив е повеќе достоен за пофалба, тие тргнале кај блажениот и свет Памво, и му ја изложиле расправијата за да пресуди, молејќи го да каже кој начин на живеење е подобар. Памво им рекол: "И едниот и другиот се совршени пред Бога; бидејќи едниот, примајќи и згрижувајќи ги сите, извршил авраамово дело; а вториот, за да Му угоди на Бога, ја прегрна непопустливата ревност на пророкот Илија". Тогаш онаа група која повеќе го ценела по-движникот, повикала: "Еве паѓаме пред твоите нозе, кажи ни, како можат тие да бидат еднакви? Едниот, продал се и го разделил на сиромасите, ја исполнил евангелската заповед и постојано се подвизувал во молитва, секој ден и час, и ноќ, носејќи го крстот и одејќи по Спасителот". А втората група, пак, напротив, говорела во корист на другиот: "Внимавајте, овој, пак, покажа многу големо милосрдие кон несреќните, затоа што одеше по патиштата, ги собираше и им помагаше; та така, лечејќи ги болните и помагајќи им, ја успокојуваше не само својата душа туку и душите на многуте други". Тогаш блажениот Памво им рекол: "Повторно ви велам: двајцата се еднакви пред Бога; и сите вие морате да се сложите со мене во тоа. Паисиј, да не беше толку голем подвижник, не ќе беше достоен според добрината да се спореди со нашиот Спасител; Исаија, пак, давајќи им одморалиште на патниците и служејќи им на несреќните, исто така, по можност, се уподоби на Гос-пода, Кој вели: Не дојдов да ми служат, туку да послужам. Исаија така служеше, иако изгледаше дека трудот му е те-жок, сепак воедно му даваше и спокојство. Причекајте малку, дури добијам откровение од Бога за нив, и по тоа дојдете и ќе дознаете".
По неколку дена тие повторно дошле при големиот Отец. Блажениот Памво, кој им одговорил: "Јас ги видов двајцата како заедно стојат пред Бога во рајот".

 

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

Паладиј, Епископ Еленополски- Лавсаик (6)

 http://www.google.com/search?q=Lavsaik&sitesearch=preminportal.com.mk

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1478
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1837
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…