логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1

Уште од 8 септември 2020 година па до ден-денес, во црквата Свети Димитриј во Неа Елветија во Виронас, иконата на Дева Марија продолжува да плаче. Автентичноста на овој настан е потврдена од локалната митрополија. Бројот на чуда се зголемува секојдневно.

Издадено е следното соопштение во врска со претстојниот распоред:

    Драги браќа и сестри, да одговориме на Нејзиниот благодатен повик, да дозволиме Нејзините солзи да ја смират нашата болка, да ги оладат нашите страдални души, да ги изгаснат нашите страсти, да ги избришат нашите болки, раните на нашите души и конечно да се препуштиме на Нејзината благодат и да ги вкусиме Нејзините подароци за наше спасение”.

Имено, на 11 септември 2020 година, митрополијата на Кисаријани, Виронас и Хемет излегоа со официјално соопштение на својата веб-страница со известување за  ,,расплаканата‘‘ икона на Пресвета Богородица која се наоѓа во Црквата на Свети Димитрија во Неа Елветија, Виронас – предградието на Атина.

Соопштение

,,Со почит кон Нашиот човекољубив Бог и Отец и со должност да ги поддржиме нашите браќа во време кога љубовта кон Бога полека оладува, ги информираме верниците за настанот – мироточење на иконата на Богородица Паригоритрија (,,Утешителка‘‘) која се чува во парохијата Свети Димитриј во Неа Елветија, Виронас.

Додека свештениког го  читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.

Мироточењето продолжи да се случува во текот на следните денови.

Нашата Црква во врска со овие прашања вели дека:

,,Знаците‘‘ според словото на нашиот Господ се упатени кон верниците, а не кон неверниците. Верниците треба да бидат цврсти во верата и во нивните духовни борби. Тоа е ,,знак од Бога‘‘ за верните (Марко 16:16)

Исто така, се забележува дека:

Настанот се случи за време на Божествената Литургија, каде Светиот Дух го опфаќа просторот и со Неговото присуство го благословува собирот.

,,Знакот‘‘ се појавува конкретно на иконата на Богородица наречена ,,Утешителка‘‘ . Значи, Богородица ги поддржува и теши верните,  како што ги поддржувала и тешела Апостолите и останатите верници на првиот Христијански собор, кога прогонувани и во опасност се сокрија и се чуваа  ,,од страв од Евреите‘‘ (Јован 20:19).

На првиот Христијански собор, Учениците на Господ Исус Христос се собраа околу Мајката на нашиот Господ. Да се молиме нашиот Господ да не’ заштити и нас од секакви потреби.

Светата Митрополија

Прислужничката на црквата прва ги забележала „солзите“ како течат од очите на иконата додека ја чистела, како што вели во своето сведоштво:

    Појдов да ја исчистам, од претпазливост поради коронавирусот, бидејќи луѓето  почнаа да влегуваат.  За време на Евангелието, видов дека нејзиното лево око се замаглува и од него паѓа солза. Го избришав, и повторно го избришав. Мислев дека е надворешно. Го оставив некое време. Евангелието веќе беше прочитано и отидов повторно кај иконата. Го видов и десното око полно со солза која почна да тече … Затреперив целата и почнав да плачам “.

Кога отишла да го извести свештеникот за настанот, тој и рекол да не зборува ништо додека внимателно не се испита иконата.

Со денови, толпи од верници се собираат во црквата за да и се поклонат на иконата на Богородица Паригоритрија, која продолжува да ,,плаче‘‘.

 

Извор:

Преземено од:

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/po-povekje-od-shest-meseci-ikonata-na-presveta-bogorodica-prodolzhuva-da-plache-vo-hramot-na-sveti-dimitrij-vo-predgradieto-na-atina/

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2765
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1943
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…