логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Со ескалирањето на протестите во Оромија, Етиопија, сѐ повеќе се зголемува и бројот на христијански жртви. Последната бројка зборува за околу 90 мртви, повеќе од 300 повредени, многу христијански домови запалени, а бројот на Христијаните што се принудени да го напуштат својот дом одамна ја помина бројката од неколку десетици илјади. Во тоа страшно безредие кое започна со протести против Владата, Христијаните се на најголем удар од локалното население, кое не бира средства за чистка на религиозна основа, а полицијата и државните органи не прават ништо за да го спречат тоа.

Во Оромија денес не престануваат нападите и заплашувањата против христијанското население. Според секретаријатот на западните епархии, жртвите не можат да добијат ни соодветна медицинска помош, и покрај тоа што од Претстојателот на овие епархии беше побарана интервенција од Црвен крст за помош на жртвите. Најголем број на пострадани се жители на главниот град Адис.

Во длабока тага за своите чеда кои што страдаат во овој регион, Претстојателот на Етиопската црква Абун Матијас, во својата потресна беседа изјави:

„Мои деца! Јас сум ви духовен татко. Јас сум вашиот пастир. Но, не можев да ве заштитат од колежот, не можев да ве спасам од смртта. И немам способност да ги приведам убијците пред правда. Во рацете немам оружје туку крст. Простете ми, јас ве учев да велите ‘мир’, а оние што не знаат за мир ве мачеа. Бог нека гледа и нека биде Судија“.

Во апелот за помош што го упати Етиопската Црква е наведено: „Етиопската црква испраќа апел до сите христијански цркви, до сите верни и поддржувачи и добронамерници, да помогнат со својата хуманитарна помош на оние кои што се гонети и секојдневно претрпуваат напади поради својата вера; за оние кои се принудени да ги напуштат своите домови и да се засолнат во црквите, особено бремените мајки и деца. Ве молиме да ни направите добрина и да ни ја понудите својата финансиска помош и поддршка. Помагајќи и споделувајќи ја оваа порака, вие ја подавате својата рака на страдалната црква која што трпи прогонство. Нека Господ на нашите татковци ни помогне, нека ги прими нашите молитви и добри дела и нека нѐ заштити од беззаконието, од духовната смрт и беда на душата“.

Сите што имаат желба да помогнат можат да донираат на следнава страница:

https://www.gofundme.com/f/support-faithful-and-churches-in-rural-eotc

 

Друго:

 https://bigorski.org.mk/vesti/svet/hristijanite-vo-etiopija-na-udar/

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1261
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1129
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…