логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Почина еден од најпочитуваните руски старци на нашето време.

Во април 2015 година на телеканалот „Русија-Култура’’ за него се направи документарен филм на студиото „Неофит’’.
 
Тој ја помина целата Велика Патриотска војна како пешадиски водник. Извршувајќи стражарска служба во разрушениот Сталинград, меѓу урнатините во куќата пронајде Евангелие и повеќе никогаш не се раздели со него.
Во 1953 година, завршувајќи Московски духовен семинар, Иван Павлов зеде монашки завет во Света Троица- Сергиева Лавра под име Кирил. На почетокот тој беше служител, а во 1970 година го назначија за благајник на манастирот и братски духовник. Оваа служба архимандрит Кирил ја носеше  повеќе од 30 години, станувајќи исто така духовник на последните три  патријарси.
Во крилото на резиденцијата на Патријархот во Переделкино стотици верници од сите краеви на земјата секојдневно чекаа кратка средба со старецот и секој таков прием траеше до полноќ. Секоја година архимандрит Кирил им испраќаше на своите духовни чеда и едноставно на познаници до 5000 писма со честитки и поуки.

 http://www.pravmir.ru/startsyi-arhimandrit-kirill-pavlov/

1.

ЗА НАШИТЕ ВРЕМИЊА. Архимандрит Кирил (Павлов) - руски Старец
Архимандрит Кирил се смета за еден од најпознатите руски Старци во крајот на XX - почетокот  на  XXI век. Современиците му ја даваат следната карактеристика:



Како во дамнешно време што е Преподобен Сергеј Радоњешки, така во наше време отец Кирил е чувар на чистотата на Православието и традицијата на руското монаштво. Кај него во Сергиевиот манастир, се собираат верници од цела Русија. Овде во малата соба пред ќелијата на отецот или во тесниот ходник на крилото на резиденцијата на Патријархот во Переделкино, со трепет и надеж со часови чекаат луѓето со радост за можноста да го видат доброто, светло, мило лице на Старецот и да добијат негов благослов.Сите да ги прими отецот не може: впрочем денот не го прошируваш, но додека силно не изнемошти, примал понекогаш и по 50 луѓе и приемот траел до полноќ, со само не голема пауза за краток ручек и дневна молитва. Луѓето доаѓаат кај отецот со своите таги, барања, проблеми и сите добиват утеха, помош, совет, насока и заминувајќи, притиснуваат кон срцето хартиено иконче, книшка или бонбонче-  скапоцен Отчев благослов.

 

 

Овие топли и мили очи се на великиот руски старец (Архимандрит) Кирил (Павлов) кој почина вчера, на 20 февруари 2017 година.

Тој е еден од најпочитуваните Старци во Русија во наше време. Со текот на изминативе многу години, архимандрит Кирил имаше висока и одговорна служба како духовник во манастирот  Света Троица-Сергиева  Лавра и дарежливо го делеше својот богат пастирски опит со студентите од Московското Теолошко училиште.Кон мудриот совет и срдечната утеха прибегнаа не само монасите на манастирот, но, исто така и многу верници брзаа да стигнат до вратата на ќелијата со надеж дека ќе можат да се приклучат на бесконечната љубов Христова.Архимандрит Кирил (Павлов) е роден 8 Септември 1919 година во селото Виселки, Михајловски регион, Рјазанска област, Русија, во христијанско  семејството.

✥✥✥


Неколку негови поуки:

„Здобиј вистинска чистина на срцето- не допуштај ни една блудна помисла.’’„Ако сакаш да Го возљубиш Бога и ближниот со сето срце- не љуби го светот; ако го љубиш светот, како би можел да го љубиш Бога и ближниот?’’„Невозможно е да го љубиш непријателот не оставајќи го овој суетен свет, љубејќи го него и борејќи се поради него со луѓето.’’


„Љубовта е во тоа што човекот може да се спротивстави на злото во себе и така да се уподоби со Христа, Кој му ја подава раката за помош во тоа искачување.


Ако злото нé победува нас, кога ние него навистина не го сакаме, тогаш со секој следен пат ние стануваме сé посилни.’’„За оној, кој го љуби животот, тој станува нереален; за оној, кој Го љуби Бог, животот станува Вечност.’’„Додека Го љубиш Бога, ти растеш и твојата душа се шири за да го прими Него заедно со ближните, кои исто така учествуваат во твојот раст.’’„Животот не ги љуби гордите така како што гордите го мрзат животот. Бог Самиот ги привлекува кон Себе оние, кои не само што сакаат, туку и можат Него да Го љубат.’’

Времето сега е тешко и опасно. Треба да бидеме внимателни и трезни. Непријателот префинето, итро настапува, се приближува... Се чувствува приближувањето и здивот на антихристот, ништо нема да биде сокриено, да. Тука во никој случај не треба да се паничи.

Сега всушност доаѓаат сигнали, кои нé наведуваат на тоа да бидеме поблиску до Бога.Поблиску до Бога и поблиску еден до друг. Обидете се својата негрижливост веќе да ја оставите, посериозно да се однесувате и кон своето прашање за спасението и за своето исправување и испитување. А за тоа, се разбира, да владее победата, облечете се во сето оружје Божјо, за да се надминат сите тие интриги, да се издржат, затоа сега како никогаш предходно, нам ни треба да се облечеме во оклопот на верата и христијанската љубов. Потребно е да се знае, како што вели Апостолот, дека Господ нас нé одреди не за гнев, туку за здобивање на спасение преку Исус Христос, Кој умре за нас,- како што Апостолот им пишува на Солунјаните. Тој вели дека за времето и рокот не ви е потребно да знаете, браќа, вие самите искрено знаете дека доаѓањето Христово ќе биде како крадец во ноќта. Затоа кога ќе говорат ‘‘мир и безопасност’’, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел.Но, вие браќа не сте темнина за да тој ден ве фати како крадец, вие сте синови на денот и светлината, а не синови на темнината. Затоа да не спиеме, како што спијат другите, но да се отрезнуваме и разбудуваме, затоа што заспаните спијат ноќе и пијаните се опиваат ноќе. Ние бидејќи сме синови на денот, да се трезниме, облекувајќи се во оклопот на верата и љубовта, чекајќи го надежното спасение. Затоа потребно е да се отрезнуваме.


✥✥✥

 

Заедно со Твоите светии, Христе, упокој ја душата на починатиот раб Твој Архимандрит Кирил и создај за него Вечен спомен.

 

Подготви: Снежана Корнет

Друго:

(Од книгата “ПОБЛИСКУ ДО БОГА’’)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1270
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1482
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1354
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…