логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

29 септември / 12 октомври 2016 лето Господово

Научникот Хју Рос, кој има докторски степен од областа на Астрофизиката при Универзитетот во Торонто, раскажа како станал Христијанин. Имено, тој уште од млада возраст се занимавал со космологија, го проучувал настанокот и создавањето на Вселената. Кога ја проучил оваа тема тој забележал дека многу од астрономите ја преферираат хипотезата за создавањето на светот како резултат на една голема експлозија.

Рос бил убеден дека бидејќи светот има почеток, тоа секако треба да е Оној Кој му го дал тој почеток. До ваков заклучок дошол на својата 16 годишна возраст и оттогаш веќе не се сомневал во постоењето на Бога. На 17 години решил да ги изучува различните религии во светот, хиндуизам, будизам, ислам и ниту една од нив, а ни од другите религии не го убедиле во заснованоста од научна гледна точка.  

Но кога ја зел во раце Библијата сфатил дека таа книга совршено се разликува од сите други религиозни книги. За разлика од нив, Рос во Светото Писмо не видел „повторување и воопштување“. Тој забележал дека во неа се спомнуваат места, моменти во историјата, науката, географијата, предмети кои лесно можат да се проверат. Особено голем впечаток му оставил првиот дел од книгата Битие, во којшто се опишува создавањето на светот. Тука научникот видел елементи на научни методи. Тој сфатил дека всушност, научните методи биле земени од Светото Писмо.

„Проучувачите на Библијата, читајќи ја ги откриле методите и почнале да ги применуваат во своите научни истражувања. Тоа било во почетокот на научната револуција“, објаснува Рос.  

Рос нагласува дека настаните поврзани со создавањето на светот во Светото Писмо се претставени со сосема правилен поредок. Според неговите зборови, самото библиско опишување на создавањето на светот, потполно соодветствува на тоа што во пракса се покажува во природата. „Веројатноста Мојсеј сам од себе да ги опише и тоа во правилен поредок, е многу мала. Како би можел тој да го опише сето ова толку детално, без да му било соопштено од Создателот на Вселената“, прашува тој.

Освен тоа, според него, Светото Писмо наговестило повеќе од 200 видни научни откритија. „Јас сфатив дека книгата, којашто ние ја нарекуваме Библија е поверодостојна отколку вториот закон на термодинамиката“, изјави научникот. Сето тоа го донело до одлуката да се довери на Светото Писмо, а пред сѐ на Исус Христос како свој Пастир. „Кога ја прочитав Библијата, ми стана јасно дека секој што се посветил себеси на Исуса Христа, се посветил исто така и на тоа ова откритие да го сподели со другите“, изјави Рос.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1531
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1932
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1728
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…