логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 241935.b.jpg

10 јули 2016 лето Господово

На празникот Рождество на Чесниот и славен Претеча и Крстител Господов Јован,241935.b.jpg Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил отслужи Божествена Литургија во Смоленскиот соборен храм во Новодевичкиот манастир. По богослужбата Претстојателот на Руската Црква им се обрати на верните со слово:

„Грижата за телото, односно грижата за одржување на животоспособноста, не треба да се претвора во похот“, истакна Светејшиот Патријарх Кирил.

„Похотата – тоа е нарушување на сите внатрешни рационални баланси“, ја продолжи својата мисла Претстојателот, „кога човекот го губи разумот, кога гласот на телото, односно нагонските потреби, станува главна одлучувачка сила. Кога не функционира ни разумот, ни моралното чувство, кога човекот постапува само според тоа што му диригира нагонот. Таа победа на нагонот над разумот, над духот, се нарекува плотска похот. Одржувањето на физичката состојба на организмот, неговото хранење и затоплување, устројувањето на својот живот така што да не се наруши здравјето, се работи на кои човекот никогаш не треба да им придава важност, односно да им го менува местото во системот на вредностите и на прво место да го стави угодувањето на телото, бидејќи тогаш тоа ќе стане похот“.

Светејшиот Патријарх нагласи дека Спасителот нѐ учи како треба да живееме за човекот да не се претвори во животно, и за неговиот нагон да не ја разори силата на разумот и моралното чувство.

„Господ ни ги зацртал контурите на една особена духовна цивилизација, која ние на јазикот на Црквата ја нарекуваме Божјо Царство и којашто може да се оствари и овде на земјата, во услови на човечкото постоење, доколку само, според зборовите на Апостол Павле, грижата за телото не ја претвораме во похот. Господ не бара од нас повеќе од она што можеме да го направиме. Он не бара од нас посебни подвизи, туку ни дава правци во животот, како грижлив Отец. Ние можеме да одиме по патот на кој Он ни укажува, или да се откажеме од Него. Ние сме слободни, но секој треба да запомни: од тоа по каков пат ќе тргнеме ќе зависи и нашата среќа во овој живот, и стекнувањето на Божјото Царство во вечноста“, заклучи Патријархот.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1531
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1932
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1728
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…