логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Рускиот патријарх апелираше до монасите да не користат Интернет


Патријархот на Руската православа црква апелираше до монасите да не ги користат мобилните телефони за пристап до Интерет, со цел да ги избегнат дополниелните искушенија.

- Интернетот стана големо искушение, изјави патријархот Кирил за време на посетата на манастирот Зограф во Грција.

- Според мое мислење монасите се однесуваат прилично неразумно. Од една страна тие се повлекуваат од светот за да создадат поволни услови за спасение, а од друга страна користат мобилни телефони за пристап до Интернет, каде како што знаеме постојат голем број грешни работи, кои ги доведуваат во искушение, додаде тој.

Патријархот Кирил истакна дека традицијата на монасите по дефиниција е стриктна и оти тие не треба да се прилагодуваат на модерните услови.

Тој и претходно предупредувал на „манипулациите“ на Интернетот, но неименуван претставник на црквата тврди дека и самиот патријарх користи Интернет за пребарување на информации.

 

Извор:http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F1B6C11B0DBE564C8586860AC724412F



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2674
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1832
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…