логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 Bogordica.nakamen.jpg
 
65 писмо до една учителка: За јавувањето на Мајката Божја
 
Ми пишувате со воодушевување како вам ви се јавила Мајката Божја и како Вие сега сте се упатиле по сигурниот пат на верата.
Вашата ќеркичка лежела со тешка температура. Повикавте конзилиум од доктори. Тие го прегледале девојчето, се повлекле во другата одаја за да се консултираат.

Вие со трепет го ослушнувавте нивниот разговор. Еден од нив рече дека би било спасоносно ако кај болната се предизвика препотување.
Другите, пак, тоа го сметале за задоцнето.
Во очај, Вие сте ги кршеле рацете и сте плачеле.

Над детската постела висела иконата на Света Богородица.
До тогаш, Вие таа икона сте ја гледале повеќе како украс, отколку како потреба на куќата.
Но, во тој очаен час, Вие одеднаш сте клекнале пред иконата и гушејќи се во солзи сте залелекале пред Богородица:
О, Света Богомајко, та ти ја гледаш мојата болка.
Ти, Мајко над мајките, знаеш како е да се има единче и да се изгуби.
И Ти го гледаше својот единец во маки на крстот.
Те молам, смилувај ми се и мене грешната и помогни.
Во Тебе сега единствено се надевам. Завршено е со мојата надеж во луѓето.Целиот свет не може да ми помогне..
Единствено ти, ти, златна Богородице, единствено можеш ако сакаш.
Зарем само една горчлива мајка Ти си утешила? Утеши ме и мене, о, Света Пречиста!


После долго молење и липање Вие сте ја погледнале иконата и видовте солзи во очите на Богородица. Малку потоа и пријдовте на својата ќерка - и гледај, таа била сета во вода од пот!
Утредента се поподигнала и јадела, а наскоро потоа и потполно оздравела.

Фала и на Светата Богородица.
Фала Ви и Вам на ова соопштение.
Нашата вера засновена е на искуство, а не на своеволни расудувања и теории. И мене, вашето доживување ми е многу драгоцено.
Кај нас минатата зима се случи ваква случка.

Девојчето на една сиромашна вдовица тешко се разболе. Месец дена не знаеше за себе си, ниту збор проговори. Секоја надеж беше изгубена. И ожалосната мајка почнала да собира пари за набавување на погребни работи.

Една вечер седела мајката околу одарот на својата керка и тивко плачела.Одеднаш, девојчето не отворајќи ги очите проговоре и рече:
не плачи мамо, туку води ме утре во Калиште, па ќе оздравам.
Тоа ми го рече мојата Небесна Мајка која што е тука, покрај мене!

Изненадената мајка целата затрепери. Утредента го однесе девојчето во манастирот на Света Богородица во Калиште и ја врати дома, здрава.

Но, зарем се тоа само два случаи, и три, и десет?
Никаде нема број, ниту крај на јавувањата и добротворствата на Света Богородица.
Свети Серафим Саровски, упокоен равно пред сто години, исповеда дека Богородица му се јавила лично, шест пати за време на неговиот живот.

А кога целиот овој молчалив народ кој што сите тие небесни јавувања ги смета за драгоцени и слатки тајни свои, кога би отворил уста и би раскажал се што сознал, земјата би се исполнила со восхит.

Верувајте ми, кога човекот ќе навлезе во сознанијата на дејството и пројавите на небесниот свет во нашиот земен живот, ќе почувствува дека влегол во едно непрегледно и непроучено царство на најчудната вистина.

Во тој мрак за нашите телесни очи , душата наша може да влезе само со запалени факели на вера и љубов, според чудната реч на апостол Павле:
И преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина
(Ефес.3.17, 18).
А вие зблагодарете Му на Бога и на Богородица, што ви се отворил видот за духовното Царство и незаслепувајте го повеке со грев и немарност.

Бог да ви е везден на помош.


Превод: Мирјана Даниловска

 

 Епископ Николај: Мисионерски писма, 65 писмо до една учителка: За јавувањето на Мајката Божја, стр. 118-122. Издавач: Православна црковна општина, ЛИНЦ. Линц, Австрија, 2000.

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3025
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2344
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…