логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Bog.hram.sv.Prohor1.jpg

 

Душата под лупа

Континуираната духовна работа над нас самите е многу важна. Ако не го правиме тоа постојано, ако не работиме на нас самите, ако не ги приметуваме ситниците, многу лесно ќе ги пропуштиме и големите работи. Треба да го избистриме погледот на нашата душа. Слепиот човек не гледа ништо. Оној со едно око веќе гледа нешто, но најдобро гледа оној кој има две здрави очи. А ако пак има и телескоп и микроскоп, тој ќе гледа и на далечните и на блиските работи многу појасно. Една мала икона во дрво, на пример, можам да направам за три часа. Но. ако ја одложам работата на неколку дена, кога ќе погледнам, ќе видам по некој недостаток. Таа иста икона можам да ја изработувам една недела, или пак месец, па дури и година. А можам на неа да работам и пет години, ако сакам, со помош на лупа.
Сакам да кажам дека на духовната работа и нема крај. Колку повеќе некој духовно напредува, неговите духовни погледи стануваат се побистри и побистри и ги гледа своите гревови се подетално. Така се смирува и на него се симнува Божјата благодет. Светците кои велеле: “Грешен сум и за сожалување вреден”, навистина во тоа верувале, затоа што очите на нивната душа се претворале во микроскоп. Колку повеќе духовно растеле, толку поголем микроскоп стекнувале и согледувале дека се грешни.
Еве, сега со голо око ја гледам својата рака и ми изгледа убаво. Ако на нејзе погледам преку лупа, овие влакненца кои сега и не можам баш добро да ги видам, ќе ми изгледаат како шума. “Еј, што сум јас? Некој дивјак?”, би рекол. Ако така исто постапуваме и во духовноста, ако континуирано ја надѕираме душата, ќе ни се згади стариот човек во нас. Стариот човек е стар станар во нас и за тој да си оди, треба да ја срушиме куќата и да почнеме да ѕидаме нова градба, на нов човек.

За Преминпортал : Н.Д.Д.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…