логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Презвитер Игор Калпаковски

o.igor.fakultet5.jpg

(продолжение од Ангелот во плот)


Некаде во почетокот на 90-тите години од минатиот век, еден свештеник, кој кратко време беше парох во скопското село Ракотинци, кое се наоѓа на падините на Водно, на 10-тина километри југоисточно од Скопје, се заинтересира за историјата на архимандритот на ракотинскиот манастир Св. Илија. Ова интересирање произлезе оттаму што мештаните во тоа време го имаа архимандритот во живо сеќавање (а го имаат и денеска). И не само што го имаа во живо сеќавање,туку во тоа време со прст можеа да го покажат местото каде што се наоѓаше неговото тело, цело, нераспаднато, што во Црквата се вели – нетлено. Тоа се наоѓаше во една баракичка во селото, во која селаните се плашеа да влезат, зашто не знаеја за што се работи. Овој свештеник потоа се поврза со еден професор од Богословскиот факултет во Скопје, па заедно отидоа во Ракотинци и влегоа во бараката каде што се наоѓаше телото. Телото беше цело и нетлено. Имајќи ја свеста дека појавата на нетлени мошти претставува голема благодат за народот во кој тие се појавиле, свештеникот поревнува да собере податоци за животот и делото на архимандритот. Името му е Јоаникиј и добро е познат во македонските црковни кругови. Истражувањето го доведе до еден човек, кој му помагал и му служел на архимандритот Јоаникиј за време на неговиот живот во манастирот Св. Илија, така што преку ревноста на свештеникот и сведочењето на братот, Македонската православна црква го запази споменот на блаженоупокоениот архимандрит.

За раните години на архимандритот Јоаникиј не е познато речиси ништо, освен тоа дека се роди во Охрид во 1839 година и дека на крштавањето го доби името Јован (Георгиев). Неговата желба целосно да се предаде во служба на Бога ќе го донесе Јована на негови триесетина години во манастирот Св. Пантелејмон во скопското село Нерези. Оваа негова одлука веројатно е плод на неговите среќавања со монасите од обителта на Св. Пантелејмон, кои често оделе во Охрид. Во овој манастир, каде во тоа време имало големо монашко братство, тој поминува две години како искушеник, по што е замонашен и на монашењето го добива името Јоаникиј. Во манастирот на св. Пантелејмон монахуваше уште две години. Средбата со светиот бесребреник засекогаш ќе дефинира еден дел од неговиот благодатен живот. Имено, во својот понатамошен живот тој своето служење на народот Божји, па и на иноверните, ќе го прошири и со бесребреништво, лекувајќи со
лекарства подготвени од тревки, но и со молитва, раководејќи се од Христовата заповед:
„Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Мат. 10, 8). Наредните три години отецот Јоаникиј ги поминува во манастирот Св. Димитриј (Марков манастир). Во 1875 година Јоаникиј, кој веројатно веќе е јеромонах, заедно со селаните од блиското село Ракотинци се зафаќа со обновување на ракотинскиот манастир Св. Илија, во турско време повеќепати разурнуван. Веста за обновувањето на манастирот ги огорчува турските власти и Јоаникиј, за да одбегне лутината на Турците да предизвика неволји и зла во селото, заминува накусо за Света Гора. Од истата причина тој четирипати се враќа на делото на обновување на манастирот, повремено заминувајќи на Света Гора, додека да се смират страстите. Сепак, со упорност и ревност на човек цврст во верата, тој успева да го заврши обновувањето. Покрај црквата, посветена на светиот пророк Илија, нешто подоцна се изградени конаци. Во овој манастир Јоаникиј, подоцна произведен во архимандрит, живее наредните 63 години, сè до неговото блажено упокојување во Господа во 1940 година, на негови 101 година. Останато е сведоштво дека во текот на целиве овие 63 години, „архимандритот Јоаникиј бил многу скромен и не барал никаква помош за себе, освен ако затребало нешто за манастирот“ . Како што е вообичаено, за неговите монашки подвизи не се знае многу, а на неговиот духовен раст укажува фактот дека му бил исповедник на тогашниот скопски митрополит Варнава, подоцнежен Патријарх српски.

Архимандритот Јоаникиј бил образован човек – меѓу другото, познавач на неколку јазици – така што кај него доаѓале луѓе од целата околија, дури и од подалечните места. Употребувајќи го тој дар за добро и изградба на себе и на другите, тој во 1896 година отворил училиште во манастирот, во кое отпрвин учеле само машки деца, а подоцна и девојчиња. Природно, архимандритот не ги учел децата само на светската наука, туку поставувал здрав темел во битието на децата. Распламтени со љубов кон Бога, некои од нив станале монаси и монахињи. Еден од нив, Спасо, во монаштвото Софрониј, бил од Ракотинци и служел во манастирот заедно со архимандритот. Друг, Макариј, подоцна станал старешина на Марковиот манастир, а позната е и монахиња Антонија.

Раководејќи се според Христовиот лик како „лекар на душите и телата“, архимандритот Јоаникиј не водел грижа само за душата, ниту само за образованието. Добро втемелен во православната наука за човекот, тој водел грижа и за телесните потреби и немоќи.

Селаните сè уште се сеќаваат дека тој ја изградил првата воденица во селото, „која работела со силата на еден коњ“.

Како што споменавме погоре, Јоаникиј своето служење како свештеномонах го проширил и со бесребреништво. Подготвувал лекови од тревите што сам ги собирал, а начинот на кој ги подготвувал лековите е опишан во неговата книшка „Лекаруша“, напишана во 1844 година, на 23 страници. Книшкава денеска се чува во архивата на Богословскиот факултет во Скопје. Кога, пак, „медицината затајувала, започнувала духовната медицина“. Меѓу мештаните и денеска има живи сведоци на силата на неговата молитва, преку што луѓе биле излекувани од глисти, маларија, итн.

Не е редок случајот светиот Бог на светите луѓе, како на Свои пријатели, да им го открие времето и околностите на нивното упокојување, како и тоа што ќе се случува по нивното упокојување. Забележано е сведоштвото дека архимандритот знаел за тоа што ќе се случи
по неговото упокојување – за свлекувањето на земјиштето што ќе го уништи манастирот и ќе ги открие неговите мошти. Неговите нетлени мошти, како што рековме на почетокот, потоа се оставени во баракичката без некоја особена грижа, па сепак останале цели во текот на наредните 30-тина години. Денеска се положени во гробот изграден до манастирската црква Св. Илија, а постојат сведоштва дека од нив се шири мирис на духовно благоухание. Велиме „постојат сведоштва“, зашто колку што му е познато на авторот, во случајот со некои мошти овој мирис не го чувствуваат сите, туку оние на кои Бог им го дал тој благослов.

АНГЕЛОТ ВО ПЛОТ

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…