логоFacebookTwitterYouTubeeMail

vinjeta.5.jpg

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

 Свети Григориј Синаит

 ЗА ВООБРАЗУВАЊЕТО, ФАНТАЗИРАЊЕТО И ЗА ПРЕЛЕСТА

(духовната самоизмама)  

Најмногу од сè чувај го својот ум од сите претстави кои ти се појавуваат за време на молитвата. Треба да се отфрли секоја вообразба, оти Светите Оци  ни заповедаат за време на молитвата да го чуваме својот ум од сè што не е молитвата за да не паднеме во прелест (измама). Молејќи се, умот мора да се наоѓа во потполно вистинита состојба. Фантазирањето, колку прекрасно и примамливо да изгледа, бидејќи е произволна  творба на самиот ум, го изведува умот од состојбата на божествената вистина, и го воведува во состојба на самоизмама и измама (прелест). Еден човек богомолец се нашол во големи духовни невољи затоашто практикувал погрешен начин на молење. Еве во што тој се состоел: кога тој богомолец му го довеле на еден искусен старец, монах да се исповеда, старецот го прашал веднаш: Како се молиш?       - Кога му се молам на Иисуса Христа, јас Го замисливам Него распнат на крстот, или како Он стои на облак и ја слуша мојата молитва. Освен тоа, си создавам и други слики: кога и се молам на Богородица, или на некој друг светец јас го замисливам нивниот лик во воображението па им се обраќам со зборовите на молитвата како да се пред мене.  Ете тоа овој неискусен богомолител му го исповедал на својот старец.

За време на молитвата треба да се постапува токму спротивно: умот треба што е можно по грижеливо да го чуваме слободен од виденија. Треба да се отфрлаат сите слики и претстави  кои би се отцртале во нашата фантазија, бидејќи умот во молитвата стои пред невидливиот Бог, Кого никаква створена слика ниту материјален облик не може да Го претстави.  Виденијата создадени со фантазирање, ако умот си ги допушти во молитвата, ќе постанат непроѕирна завеса и преграден ѕид помеѓу умот и Бога. Оние кои во текот на своите молитви никого и ништо не гледаат - Го гледаат Бога (Св. Мелетиј Исповедник). Исто така и чувствата создадени со вообразување може да бидат причина за пад и измама. Кој сам си создава слики на Рајот, на светиите и ангелите, и се возбудува и и` се восхитува на таквата творба на фантазирањето одеднаш ќе почувствува некаков вид на наслада во душата и по телото. Тоа е последица на забрзаната циркулација на крвта која ги возбудува сетилата, делува на телото, и соодветно создава одредено душевно расположение. Таквата наслада е од телесна, сетилна природа, и оној кој мисли дека тоа е духовно делување на молитвата, веќе се наоѓа во самоизмама и прелест. За време на тие чувствувања многу често се јавува смеа (т.е. напад на смеа), високоумие и истенчена суета. Наспроти тоа вистински плод на вистинската молитва е плачот, скрушеноста и согледувањето на своето ништожество. Светиите имале вистинити виденија, и чувства на радост и восхит, но тие биле од духовна природа, а не од сетилна и фантазерска. Сите свети оци кои го опишувале подвигот на молитвата забрануваат не само создавање на фантазии по сопствената волја туку и согласување на волјата и чувствата со фантазиите и привиденијата кои може да ни се појават неочекувано и независно од нашата волја, што знае да се случи во молитвениот подвиг, а посебно во безмолвието.  

Сè ова што е кажано претставува суштина на Григориевото учење за прелеста (измамата) кое се наоѓа во Добротољубието.  - Никако не прифаќај – говори преподобен Григориј Синаит – ако нешто видиш, било со сетилните очи, било со умот, било надвор од себе, било внатре во себе, макар тоа и да бил Христовиот лик, или ангелски, или светителски, или некаква светлост. Биди внимателен и претпазлив – никако не ја прифаќај таа појава како вистинита, на обрнуваај на неа никакво внимание нити стапувај во разговор со неа. Не си дозволувај да повервуваш на било што, немој со сешто да сочувствуваш и да се согласуваш, немој брзо да му се поверуваш на видението дури и кога би било вистинито и добро.  Подобро остани ладен и туѓ према видението и постојано чувај го умот од слики од тој вид. Не давај му да од внатре, од себе самиот, да создава никакви слики, нити во него да остави свој впечаток некаква слика од надвор. Кој види нешто мислено или сетилно, макар тоа било и од Бога, и брзо го прифати видението, тој лесно паѓа во прелест (измама) или, во крајна линија ја обелоденува својата склоност и приемчивост за прелест (измама) оти брзо и лекомислено усвојува виденија и јавувања. Почетникот е должен сето свое внимание да го обрне само на срдечното делување (а тоа значи цврсто да се врзе умот за зборовите на молитвата пропратувајќи го тоа со скрушеност на срцето) и единствено тоа да го смета за неизмамливо. Нешто друго пак (како виденија или духовни восхитувања) не треба да прифаќа додека не достигне бесстрастие.

Бог не се гневи на оној кој, чувајќи се од измама со крајна внимателност внимава на себе, и не прими нешто што е од Бога пратено, не проучувајќи го испратеното со сета грижеливост; напротив, Бог таквиот ќе го пофали за неговата благоразумност. За оној кој се занимава со Иисусовата молитва и воопшто со молитвата потполна и најдобра заштита од измама е оној вид на смирение што го нарекуваат плач. Потоа вежбање во самоукорувањето, самокарањето и со паметење на своите грешни падови и сплеткувања, и најпосле - молитва кон Господа за избавување од прелест (измама).                                                                                                                                                                                                              

Превел и Подготвил : A. А.                                                                                                                                      
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 

 Изборот: Од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2684
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…