логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Поклоните
 ... Бројот на поклоните да не се одредува, како ни времето. Молете се правејќи поклони сè додека срцето тоа го бара, не противејќи му се; зашто ќе доаѓа непријателот и ќе вели: ајде, доста веќе се молеше...
 Поклоните се – телесно дело. Со нив треба да се соедини мислата за Бога и чувството кон Него.
 ... Поклоните се помошно средство во молитвата, а не сама молитва. Молитвата, тоа е она што умот и срцето го имаат пред Бога.
Постот
... Нека постот кој почнува ви биде на спасение на душата. Ова време претставува големо богатство. Бог преку светата Црква го востановил за нас немоќните, кои не можеме и не умееме добро да постиме сето време во нашиот живот. Би требало да знаеме дека сиот наш живот, без момент на исклучок треба да припаѓа на Господа и да биде посветен во слава Негова, заради самото наше создавање и уште побрзо заради Искупувањето. Купени сме по непроценлива цена заради што и не треба да си припаѓаме на себеси, туку на Оној кој нè купил и така станал наш Господар, па со тоа законски бара да Му се посветиме Нему, а не да земаме други господари на кои ни број им нема.
Повеќе потрудете се околу доведувањето на мислите и чувствата во ред. За телото е доволно да се држи во воздржание. Постот за децата, ако здравјето тоа не го дозволува, не е задолжителен. Но штета е, зашто ако не постат од мали, подоцна нема да имаат навика на пост.
Неизоставно држете ги постите во среда и петок.
Таму каде што се говори за духовен пост, не е речено дека телесниот може да се занемари, туку се вели дека не треба да се ограничуваме само на телесниот пост. Великиот пост и Успенскиот пост се значајни, но од тоа не треба да се изведува заклучок дека другите пости може да се претвораат во помалку значајни. Црковниот устав треба да се држи во потполност, без изговор.
Пост е – да не се јаде до ситост, туку да се остане уште малку гладен, како ни мислите ни срцето не би биле преоптеретени.
Недостатокот на постот сега, надокнадете го со пост подоцна, а посебно внатрешните чувства на скрушеност и жедта за Господа/
Постот и испосничкиот живот се најдобро средство за чување на здравјето и неговиот процвет.
Никаде не пише дека без посебна потреба треба на себе да преземате претеран пост. Постот е – надворешно дело. За него треба да се прифатиме соодветно со барањта на внатрешниот живот.
Кој е против постот? Постот е едно од првите дела на монасите и христијаните. Но против неумерен пост и треба да се станува. Таквиот пост е погубен. Зашто однадвор предизвикува само напразни пофалби, а внатре суета.
Што се однесува на постот, постапувајте сосема слободно, насочувајќи сè кон главната цел. Понекогаш можете да го појачате, понекогаш да го олеснете, во зависност од потребите. Постот не е цел, туку средство. Подобро е да не се врзуваме во тој поглед со непроменливо правило, како со окови, туку некогаш вака, а некогаш онака, само без попуштање или самосожалување, но и без претерување кое доведува до изнемоштеност.
Еве, отпочнаја подготвителние недели за постот и на самиот почеток е Сретение, кое на сосема посебен начин укажува на тоа дека оние кои сакаат да го сретнат Господа не можат ова да го постигнат поинаку, туку преку подвизите кои го следат постот – цариниковата смиреномудреност, искреното покајание по примерот на блудниот син, сеќавањето на Страшниот Суд, плачот за падот на Адам и сите сопстввени падови и повиците: помилуј ме, Боже, помилуј ме!..
„Викај силно – му говори Господ на светиот пророк Илија – не се стеснувај, разобличувај ги беззаконијата на народот Мој“. Што направиле луѓето? „Тие Ме бараат Мене, сакаат да се приближат на бога“. Па зар тоа е грев? Тоа и треба да го прават. Да, но се работи во тоа што тие не го прават тоа како што треба. Очекуваат дека во своето барање ќе успеат само со постот, не трудејќи се околу делата на правдата и љубовта. И постот Ми е угоден, вели Господ, но таков кога смирувајќи го своето тело, простуваат навреди, долгови, хранат гладни, скитници воведуваат дома, облекуваат голи. Ако е постот следен со сè споменато, тогаш и барањето Мене и приближувањето кон Мене ќе биде успешно; „тогаш, како зора, ќе се покаже светлоста твоја... и славата Господова ќе те следи. Тогаш ќе повикаш и господ ќе те услиши, ќе повикаш и Тој ќе ти рече: Еве Ме!.. И ќе биде Господ водич твој занавек“ (Ис. 58, 1-11).
Еве и постот: „да постиме браќа со пост благопријатен“. Жалосно е кога постот не ни е пријатен ни нам, ни на Бога. Колку сме станале слаби!.. А сè оттаму што сме (демек) праведни... Грешникот нема да се жали себеси и кога ќе почувствува грешност – држи  се грешно тело!
Утре почнува постот. Ќе помогне ли Бог да се пости како што треба? Да сте во манастир тоа би било друго... Гледате, и манастири се потребни, а понекогаш имонаси.
... Како што грижливите домаќини на патникот –ненадеен му спремаат конак да одмори, окрепувачка трпеза и купатило да се измие, така и многугрижната добрина Божја во мајчинските прегратки на Црквата ги востановила постите...
Кутриот пост! Колку прекори, клевети и гонења трпи! Но, по милоста Божја, сепак останува. А како и би било поинаку? Зашто потпората му е цврста! Господ постел, Апостолите постеле и при тоа не малку, туку, како што за себе вели апостолот Павле, во многу постови; и сите светии Божји држеле строг пост, така да, кога нам би ни било дадено да ги видиме рајските обители, ние таму не би нашле никој кому постот би му бил туѓ. Тоа е и природно. Со нарушување на постот игубен е рајот – строгото држење на постот треба да биде едно од средствата за враќање на изгубениот рај. Мајката наша, Светата Црква полна со сочувства, зар ни е маќеа? Зар таа би ни ставала такво бреме без потреба? А еве, го става! Подруго сигурно не може да биде. Значи да се покориме... Да, и сите кои сакаат да се спасат, се покоруваат... Погледнете наоколу. Штом некој се приифати за грижа за душата, веднаш почнува да пости; и колку е грижата послина, толку постот е построг. Зошто тоа? Затоа што со постот тоа дело поуспешно се одвива и со душата полесно се излегува на крај. Кој пак се одрекува од постот, нему спасението сигурно не му е значајно. Зашто каде што законите ги пишува стомакот, таму стомакот е – бог. Кому бог е – стомакот, тој е непријател на Крстот Христов. Кој е непријател на Крстот, тој е непријател на Христа, нашиот Спасител и Бог.
Темелот на страстите е во телото; кога телото е изнемоштено, тогаш страстите се буквално како поткопани и нивната тврдина се руши. Да се совладаат страстите без пост би било чудо, налик на тоа да се биде во оган и да не се изгори. Како оној кој своето трло обилно го задоволува со храна, сон и спокојство, да пази на било што духовно или како во неговите намери да има нешто такво? Нему одвојувањето од земјата и влегувањето во созерцување на невидливите работи му е еднакво лесно, како на искубена птица да полете.
Измери колку едноставна и здрава храна му е потребна на телото, одреди ја нејзината количина, квалитет и време на земање, и задоволи се со тоа. Исто прави и со сонот.
Законот на постот е следниот: да се пребива со умот и срцето во Бога, со одреченост од сè, со отсекување на секоја удобност, не само во телесен, туку и во духовен поглед, сè правејќи во слава Божја и на добро на ближните, поднесувајќи ги радо и со љубов напорите и лишувањата на постот – во храна, сон, одмор и утехи со општење со другите.
А овој род се изгонува само со пост и молитва (Мт. 17, 21). Ако тој род се изгонува со молитва и пост на друго лице, тогаш уште побрзо не може да влезе во оној кој има сопствен пост и молитва. Ете утеха! Иако демони има страшно многу и целиот воздух е набиен со нив, тие ништо не можат да му направат на оној кој е ограден со молитва и пост. Постот е – најсестрано воздржување, а молитвата – најсестрано Богоопштење; тој штити однадвор, додека таа однатре го насочува огненото сеоружие на непријателите. Испосникот и молитвеникот демоните го слушаат оддалеку и бегаат што подалеку од него, за да не би задобијале болни удари. Може ли да се смета, дека таму каде што нема пост и молитва, демонот е веќе присутен? Може. Вселувајќи се во човекот, демоните не го покажуваат секогаш своето вселување, туку се притајуваат и подмолно тихо го учат својот домаќин на секое зло, оддалечувајќи го од секое добро; тој така е уверен дека сè прави слободно, додека всушност само ја исполнува волјата на својот непријател. Доволно е да се прифатиш за молитва и пост – и непријателот веднаш ќе отиде, па од страна ќе чека прилика пак да се врати и навистина се враќа, штом молитвата и постот ќе бидат оставени.
... Милостивиот Господ ни го дал постот кој од една страна е набљудување или истражување каде има каква слабост, а од друга страна бања за умивање на сè старо, неугледно, валкано, за да би се, откако ги поминеме и едното и другото, покажале како нови и чисти, пријатни и на Бога и на луѓето, како дрвце во пролет, кога одново ќе се покрие со лисја и со цветови. Сето тоа од срце ви го посакувам

 

 

 

 

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6453
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная