логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ИСУСОВАТА МОЛИТВА


1. Исусовата молитва и нејзиното значење за монахот кој се моли
Топлината телесна и духовна. Нивните карактеристики
 Во телото и духот во текот на молитвата се случуваат некои особени движења, но тие не се кај сите еднакви, туку кај едни се вакви, а кај други онакви и соодветно на тоа на нив не треба да се задржуваме.
Кај некои не се случува ништо особено, туку молитвата се одвива тивко, иако силно. Тоа е – најдобар и сигурен дел! Што е молитвата? Стоење со умот во срцето пред Бога, со славословие, благодарење, молење и скрушено покајание. Тука е сè духовно. Коренот на сè е стравот Божји од кого потекнуваат: верата во Бога, преданоста на Бога, надежта, приљубувањето за Бога со чувствување на љубов и заборавање на сè материјално... Кога молитвата е силна, сите овие чувства и духовни движења се присутни во срцето со одговарачка сила. Прочитајте ги молитвите на светиите кои се сочувале до нашите дни, вдлабочете се и ќе видете дека сето тоа кај нив е – изливање на сопственото, апсолутно молитвено расположение. Пак повторувам: тука сè е духовно, сè доаѓа од Бога и восходи кон Бога...
Како тоа се случува? Светиот отец влегува во срцето, се вдлабочува во созерцавање на тајните на верата или светите тајни воопшто, или некое конкретно одушевување, ги придвижува гореспоменатите чувства и ги излива во молитвата... Ние ги читаме овие молитви и доаѓаме во слично расположение, делумно или во потполност. Преку честото повторување на ова во нас се негува постојаната духовна молитва и се утврдува постојаното молитвено расположение, што и е непрестајната молитва. Сè тука е духовно, умно и се спушта одозгора надолу.
Во каков однос, според тоа, е Исусовата молитва како словесна молитва, а во каков таа топлина која се развива во срцето и околи него под дејство на молитвата...
Навиката на молитва не се обрзува одеднаш... туку бара долготрајна работа и напори. Токму во тој напор околу образувањето на навика за молитва најмногу помага Исусовата молитва и топлината која ја следи.
Обрати внимание... дека тие се средства, а не самото дело. Можно е да постои и молитва Исусова и топлина, а да нема права молитва. Колку и да е тоа чудно, сепак е така!..
Кога се молиме со умот треба да застанеме крај Бога и да мислиме само на Него. Меѓутоа во главата непрестајно се ројат мисли и го одвлекуваат вниманието од Бога. Да би го научиле умот да стои на едно, светите отци употребувале кратки молитви и се навикнувале да ги произнесуваат непрестајно...
Тоа непрестајно повторување на кратките молитви го држело умот во размислување за Бога и ги растерувало сите други мисли. Овие кратки молитви биле различни. Свети Касијан говорел дека во Египет сите ја имаат оваа: „Боже, чуј ме и помогни ми, Господи побрзај на помош“. Свети Јоаникиј непрестано се молел: „Надеж ми е Отецот, прибежиште ми е Синот, покров мој е Духот Свети, Троице Света слава Ти“. Некој велел: „Јас како човек згрешив, а Ти како Бог дарежлив, помилуј ме“. Нема сомнеж дека и други молитви употребувале... кај нас посебно е востановена и влегла во обичај Исусовата молитва: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“.
Еве значи што е Исусовата молитва. Таа е една од кратките молитви по зборови, како и сите други кратки молитви. Наменета  е за тоа, умот да се држи само во мисли за Бога.
Оној кој се навикнува на оваа молитва и ја употребува како што треба, навистина живее во непрестајно сеќавање на Бога.
Бидејќи сеќавањето на Бога во искрено верувачкото срве природно следено со чувства на побожност, надеж. Благодарење, предаденост на волјата Божја, како и од други духовни чувства, тогаш ние Исусовата молитва, која го произведува и држи сеќавањето на Бога, ја нарекуваме духовна молитва. Ова е оправдано кога таа е опкружена со духовни чувства. Но кога не е следена со такви чувства, таа останува молитва на зборови, како и секоја друга слична молитва. Така треба да се рзмислува за Исусовата молитва.
А сега за тоа, што значи топлината која ја следи употребата на оваа молитва?
 За при употребата на кратката молитва умот да би се задржал на едно, потребно е со вниманието да се спуштиме во срцето, зашто, останувајќи во главата, каде што владее теснозаплетканостод помисли, тој не успева да се сосредоточи на едно... Кога вниманието ќе се спушти во срцето, тоа тука во една точка ги привлекува сите сили на душата и телото...
 Ова сосредоточување на на целокупниот човечки живот во едно место, истиот час се манифестира преку посебно чувство; тоа чувство и е зачеток на идната топлина...
 Споменатото чувство, отпрвин лесно, секогаш се појачува и утврдува, и од ладно какво што било на почетокот, преминува во топло чувство и го држи вниманието на себеси. На тој начин, се случува вниманието да се држи во срцето со напрегање на волјата и со својата сила вниманието да раѓа топлина во срцето. Оваа топлина потоа го задржува вниманието без посебно напрегање. Тие потоа се подражаваат едно со друго и затоа треба да останат нераздвојни, зашто расејаност на вниманието ја лади топлината, а ладењето го расејува вниманието.
 Оттаму е законот на духовниот живот: срцето држи го во чувство кон Бога, па секогаш ќе живееш во сеќавање на Бога. Тоа некаде го рекол свети Јован Лествичник.
Сега се поставува прашањето – дали тоа е духовна топлина? Не, не е духовна! Туку обична, од крвта. Но бидејќи го држи вниманието на умот во срцето и преку тоа го погодува развивањето на гореспоменатите духовни двигови во него, таа се нарекува духовна, освен во случај ако е пратена од похотна сласт, макар и лесно, наместо душата и телото да ги држи во трезвено расположение.
 Од овде следи: штом топлината која ја следи Исусовата молитва не е следена со духовни чувства, не треба да ја нарекуваме духовна, туку просто крвна топлина; и таа, како таква, не е лоша, ако не стои во врска со похотната сласт... а ако стои, тогаш е лоша и треба да биде протерана.
 Оваа неправилност се појавува кога топлината оди под срцето. Друга грешка е кога ќе ја засакаат оваа топлина и сè ќе ограничат само на неа, не грижејќи се за духовните чувства, па дури ни за сеќавањето за Бога, туку им е важно само таа да постои. Оваа грешка може повремено да се појави, иако не кај сите и секогап. Тоа треба да се забележи и исправи, зашто инаку ќе преостане сако крвна, животна топлина... Неа не треба да ја сметаме за духовна или благодатна... Духовна оваа топлина може да се нарече само тогаш кога е пратена од духовни, молитвени движења... Кој без нив ја нарекува духовна, тој допушта неправилност. Кој ја нарекува благодатна, тој уште помалку е во право...
 Особена благодатна топлина постои и навистина е духовна... Таа е одделена од телото и не произведува забележливи промени во него, туку се појавува како фино, сладко чувство.
 По овие чувства секој лесно може да ја одреди и разликува топлината... Ова секој треба да го направи, зашто туѓите чувства тука немаат што да бараат.
 Ако понекогаш во молитвата и топлината се случат некакви телесни движења или чувства, на нив не треба да се обрнува внимание; тие не се однесуваат на суштината на делото и се разликуваат кај разни лица.
 Сето внимание обратете го на духовните дејства и чувства, Тие ќе струјат низ душата и телото како пријатен, утрински ветер.


2. Како треба да се извршува
 Ако вашето срце се загрева при читањето на обичните молитви, тогаш на тој начин и поттикнувајте ја топлината на срцето кон Бога. Молитвата Исусова, ако ја извршувате механички, ништо не дава, како и било која друга молитва која се изговара само со јазикот.
 Пробајте на Исусовата молитва поживо да помислувате дека Самиот Господ е блиску, дека стои пред вашата душа и внимава на тоа што се случува во неа. Во душата при тоа пробудете жед за спасение и увереност дека освен од Господа, немаме од каде да очекуваме спасение. Потоа повикајте кон Него, гледајќи го во мислите пред себеси: Г. И. Х. С. Б. п. м... Не е работата во зборовите, туку во чувствата кон Господа.
 Духовното пламтење на срцето кон Господа е љубовта кон Него. Таа пламнува кога Господ ќе го допре срцето. Бидејќи Он Самиот е Љубов, кога ќе го допре срцето, во срцето во истиот час се запалува љубовта кон Него. Точно тоа треба да биде предмет на молење. Извршувањето на Исусовата молитва е само орудие со кое се постигнуваили подобро речено напор кој ја покажува силната желба на душата да го пронајде Господ.
 Нека на јазикот биде молитвата Исусова, во умот – гледањето на Господа  пред себеси, во срцето – жедта за Бога или општењето со Господа. Кога сево ова постојано ќе биде присутно тогаш Господ, гледајќи како се принудувате ќе ви го даде тоа што го барате.
 Повелете сето ова примете го на знаење и земете го за раководење и почесто читајте за да би сте се потсетувале како треба да дејствувате.


3. Што е најважно во неа
 Добро е што сте наумиле да се занимавате со Исусовата молитва како што треба. Усрдноста и напорот ќе ги совладаат сите препреки.  Молете Го Господа Тој во тоа да ви помогне. Вие сами, со своите сили можете само да се навикнете непрестајно да ја повторувате оваа молитва. А Господ ќе ја всади во самото срце. Ова последното и е главното; а првото е само предворје.

Stefan.V.CHetvtok.jpg
4. Вредноста на оваа молитва
 Молитвата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“ е молитва која се изговара со зборови, како и секоја друга. Сама по себе таа не поседува ништо особено, туку сета сила ја црпи од тоа со какво расположение се извршува.
 Опитното извршување на оваа молитва – сите методи за кои се пише: да се седне, да се наведне... – не се прикладни за секого и опасно е без присуство на наставник. Подобро е да не се прифатиме за сето тоа. Еден метод е општозадолжителен: со внимание да се стои во срцето. Сè друго е додаток од страна и не е клучно на тоа дело.
 За плодовите на оваа молитва велат дека не постои ништо повозвишено на светот. Погрешно. Како талисман да пронашле! На зборовите од молитвата и нејзиното изговарање не припаѓа ништо од нејзините плодови. Сите полодови можат да бидат добиени и без таа молитва, па дури и без никаква молитва со зборови – преку самото настремување на срцето и умот кон Бога.
 Суштината на работата е дасе утврди сеќавањето на Бога или да се оди во присуство Божјо. Секому може да му се речи: „како сакаш, само тоа да го постигнеш... Било да твориш Исусова молитва... или да правиш поклони, или да одиш во црква, што и да правиш, само да постигнеш секогаш да пребиваш во сеќавање на Бога“. Се сеќавам, во Киев сретнав човек кој говореше: „не употребував никакви методи, не ни знаев за моитвата Исусова, а сè што за неа се пишува доживував и доживувам. Како? – тоа ни сам не знам. Дал Бог!..“
 Ова – што Бог дал или ќе даде – треба да се има како цел, за сопственото постигнување да не би се помешало со делото на благодатта.
 Опитното извршување на Исусовата молитва... нејзиното обично извршување, со внимание во срцето или со сеќавањето на Бога, се наше дело и самите по себе имаат природен, а не благодатен плод. Тој плод е: собраност на мислите, побожност и страв Божји, сеќавање на смртта, смирување на помислите и некаква срцева топлина. Сиве овие се природни плодови на внатрешната молитва. Тоа треба добро да се научи, за да не би се фалиле пред себеси и превознесувале пред другите.
 Сè додека кај нас постојат само природни плодови, сè дотогаш ние ни грош не вредиме, како по природата на работите, така и по судот Божји. Вредност добиваме тогаш кога ќе дојде благодатта. Зашто кога таа ќе се појави, тоа значи дека Бог нè погледнал со милостив поглед. А сè додека не се појави, што и да правиме, какви и да биле подвизи, значи дека сме безвредни личности кои Бог не сака ни да ги погледне.
 Во што точно се огледува ттоа дејство на благодатта не можам да ви речам; но, несомнено е дека таа не може да се појави пред да се покажат сите гореспоенати плодови на внатрешната молитва.
 Зборот внатрешна молитва не го употребив случајно... Зашто тој збор многу добро ја изразува работата. Тој би требало да се стави таму каде што почнале да говорат Исусова молитва. Велат: „Задобиј Исусова молитва“, то ест, внатрешна молитва. Исусовата молитва е добро средство за внатрешна молитва, но сама по себе не е внатрешна, туку надворешна молитва. Многу добро постапуваат оние кои се навикнуваат на нееа. Но ако останат само на неа и не одат понатака, тогаш се застануваат на половина пат.
 
 Во правилата на свети Антониј и многу други читам: научи ги напамет псалмите... и каде и да одиш или седиш работејќи, читај ги. Значи дека тогаш читале псалми, размислувале и така во себе развивале внатрешна молитва. Денес велат: „Што и да правиш, кажувај Исусова молитва и ќе го постигнеш Истото“. И со молитвата Исусова потребно е богомислие: инаку тоа е сува храна. Добро е кога некому за јазик ќе му се прилепи името Исусово. Но, при тоа е можно воопшто да не се сеќаваме на Господа, па дури и да чуваме мисли противни на Него. Сè значи зависи од свесното и слободно обраќање кон Бога, како и напорите да се остане во тоа, со расудување.


5. Засиленото извршување води во прелест
 Да се стави мокра крпа на гради... Тоа прави некој од домашните подвижници. И ми напиша. Ова не се однесува на делата на молитвата, туку на оние случаи кога ќе дојде до распалување на крвта во срцето при засиленото извршување на молитвата, да би се намалила жарта на крвта. Тој жар не е духовна појава, туку крвна и потекнува од неумерена употреба на вештачки методи при извршувањето на Исусовата молитва. Овде се крие и тоа, што тие засиленото извршување на Исусовата молитва го сметаат за суштинска работа, а крвната топлина на срцето која се јавува при тоа за вистински духовна Исусова молитва. Кој така мисли, тој е во прелест.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 

 Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5813
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная