логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Grujo.zaBigorski2.jpg

Среќата

Идната среќа, со која се трудите да се утешите себеси , каква е? Овдешна или задгробна? Ако е овдешна, тогаш тука, во крајна линија, немате што да очекувате. А ако е идна, не сфаќам како може да не биде утешна? Оние кои што страдаат и со покорност пред Бога ги поднесуваат своите страдања, исто се што и мачениците, за кои се подготвени такви богатства, во чија споредба, сегашниве страдања се потполно ништожни. Напротив, подобро ќе направите ако во мислите и срцето почесто се пренесувате онаму, очекувајќи дека на крајот таму ќе бидете утешени. Зашто тоа вас несомнено ве очекува, ако не се препуштате на роптање и ако секогаш ја чувате смирената покорност на волјата Божја, која вам ви досудува тоа и тоа...
До денес уште никој не востановил што е всушност среќата, или кој навистина е среќен. Мислам дека е среќен оној кој така се чувствува. Кога ви посакувам среќа, ви го посакувам точно тоа! Сакам секогаш да се чувствувате среќни. Зошто и како? За тоа луѓето имаат толку разни мислења, нивните вкусови толку се разликуваат, што е тешко да се снајдеш. Ќе ви речам едноставно среќата не очекувајте ја додека не живеете во духот. Душевниот и телесниот живот, кога поволно се одвиваат, пружуваат нешто налик на среќата; но тоа е само моментален привид на среќата, кој брзо исчезнува. Освен тоа, бурната средина која настанува помеѓу душата и телото и која ја потресуваат страсни помисли, желби и чувства, секогаш е прилично силна; среде отровите на страстите, тука е можно само да се опие и така да се заборави на страдањата, како што станува со опиумите, но тоа не е одсуство на страдањата и болката во срцето. Зашто, болот на срцето станува неотуѓиво својство на таквиот живот. Духот, меѓутоа, живее надвор од границите на секој немир однесувајќи го таму и оној кој пребива во него и давајќи му ги своите богатства, кои се секогаш тука да ги вкуси, правејќи го вистински и крајно среќен.

Срцето

Здравјето и болеста на телото, неговата живост или тромост, исцрпеност или сила, бодрост или умор, потоа сè она што сме виделе, чуле, што сме допреле, помирисале, вкусиле, сè што сме спомнале или замислиле, сè за што сме размислували или размислуваме, сè што е направено, што се прави или треба да се направи, сè што е добиено и што се добива... што ни се допаѓа или не – сето та се одразува на срцето и го надразува, пријатно или непријатно.
... Кога срцето го чува доброто расположение, тоа станува исполнето со свеќи кои јаросно горат и се гледаат од небото, привлекувајќи ја Божјата благонаклоност.
Дух на вера, надеж и преданост на волјата Божја -  ете што треба да се чува во срцето.
Да би се умот држел само за кратките молитви, потребно е со внимание да се спушти во срцето; зашто ако остане во главата, каде што се одвива преплетување на помисли, тој нема да успее да се сосредоточи на едно... Кога вниманието ќе слезе во срцето, таа таму во една точка ќе ги привлече сите сили на душата и телото... Тоа сосредоточување на целокупниот човечки живот на едно место истиот час се онадворешнува проку особено чвство; тоа чувство и е зачеток на идната топлина...
Како да се сфати изразот да се сосредоточи умот во срцето? Умот е таму каде што е вниманието. Да се сосредоточи во срцето – тоа значи да се воспостави вниманието во срцето и со умот да се набљудува пред себе присутниот невидли Бог, обраќајќи Му се со славословие, благодарење и молење и пазајќи при тоа ништо од страна да не влегува во срцето. Тоа е сета тајна на духовниот живот.
А бидејќи таквото срце е разумно, тоа го созерцува Бога кој светли во него, и бидејќи е Бог блаженство, тоа блаженствува во него.
Главно е срцето да се направи чисто. Тоа е нечистоод самољубието, во кое живеат и делуваат сите страсти...
Каков гнев спалува срцето! Како го растргнува омразата! Како го изедува злобната завист! Колку невољи и маки му причинува незадоволената и посрамена суета!
Срцето држете го да биде недопирливо за страстите од овој век, кои заведуваат и опиваат.
Гледајте колку брзо и лесно се одвива делото кое ни се допаѓа, кое ни е на срцето! А пред она кое што не ни е на срце, рацете се тргаат и нозете не тргнуваат.
... Предметот што ќе ни се допре до срцето, брзо и сестрано да го разгледаме. Мислите при тоа се ројат сами од себе, а напорот колку и долго да трае, не ни паѓа тешко.
Во срцето треба да се породи и да се утврди чувството кон Бога... или да се раѓа секој пат – некогаш страв, некогаш надеж, некогаш љубов, некогаш брагодарност... Сето внимание треба да се запре на тоа, па другите помисли ќе отпаднат сами од себе. А чувството кон Бога произведува благодат Божја.
Никој не е овластен да управува со срцето. Тоа живее со посебен живот. Самото од себе се радува, самото од себе тагува. Тука ти ништо не може. Само владиката на сè, Кој сè држи во Својата десница, моќен е да влегува во него и да му ги усладува чувствата, не прилагодувајќи се на природниот тек од неговите промени.
Слушај, сине мој, и биди мудар, и насочувај го срцето на прав пат (Приказ. 23, 19). Од срцето непрестајно ислегуваат помисли, понекогаш добри, но воглавно зли. Злите никако не треба да се следат; но ни добрите не треба секогаш да се исполнуваат, зашто се случува и помислите кои инаку сами по себе се добри, на дело да се неумшни поради околностите. Ете заради што се бара внимание кон себеси и надгледување на сè што излегува од срцето – злото да се отфрла, а доброто да се просудува и исполнува само она што ќе се покаже како вистинско добро. Но, најдобро би било сосема да се заклучи срцето, како без допуштање на умот ништо да неби излегувало од него, ниту влегувало во него, и како умот би претходел на сè, одредуваќи ги движењата на срцето. Умот станува таков само тогаш кога е – ум Христов. Според тоа, умно – срдечно соединувај се со Христос, па внатре во тебе сè ќе биде исправно.
Во пустината учете се пустина да создавате во срцето... за да би постоеле само чист воздух и светло сонце, то ест, срце чисто и сеќавање на Бога. А под нозете тврда земја... цврста одлучност да се спасува и благоугодува на Бога.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)

     

  •  



    Видео содржини

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Јуни 10, 2023
    TVIT602

    Проскомидија

    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
    Септември 13, 2021

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

    Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

    Сеп 03, 2021 Беседи 5842
    Default Image
    Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 6649
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Живот во служба на Бога и на луѓето

    Јан 29, 2020 Беседи 6449
    3.angeli.so.truba
    Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

    Почитување на Пресветата Мајка Божја

    Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5635
    7.Vselenski.sobor
    Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

    Православен календар

     

    25/04/2024 - четврток

    Велигденски пости; (строг пост)

    Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

    Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

    Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

    Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

    Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

    Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

    Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

    Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

    Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная