логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.efrem.sirin1a.jpg

ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

 

Сакам да ви изложам, љубени мои, за голе-миот страв и трепет на мојата душа во кои јас се најдов јадосан и расеан еден ден. Седев во само-тија на едно тивко, проладно и воздигнато место, размислував за себе и ги пребројував деновите на својот живот, грижите, метежот, животната бу-чава и, откако заплакав, почнав самиот да си збо-рувам: „Зошто овој живот поминува како сенка и венее како утрински цвет?" Така ожалостен, во-здивнувајќи реков: „Како поминува овој век ние не знаеме. Но зошто според својата слабост сме следени со недолични дела и помисли?" Разми-слувајќи за тоа насамо, го подигнав погледот кон небото и како да ме обзеде некаква лудост. Врз мене надојде голем страв и со очите на своето ср-це го здогледав Господа како седи во голема сла-ва. И Он и рече на мојата душа: "Зошто душо, си се згнасила од своите небесни одаи што се испол-нети со светлина на славата? Зошто, душо, неве-сто моја, пречистиот и бесмртниот Младоженец не го љубиш? Зошто, душо, се гнасиш од добри-ните што ти ги приготвив во светлината на живо-тот? Зошто душо, си ми постанала туѓа заради своите недолични дела и помисли? Заради што, душо, не се трудиш да Ми излезеш во пресрет при Моето доаѓање? Заради што, душо, не ги чу-ваш запалени своите светилки, очекувајќи да го чуеш радосниот повик: „Еве, Младоженецот доа-ѓа, излезете да го пречекате?" (Мт. 25:6). Зошто, душо, не си се потрудила навреме да го
подготвиш достојното руво? Зошто, душо, не влегу-ваш со радост во светата и небесна одаја? Зошто, душо, не ме љубиш Мене, добриот, Кој твојот живот го избавив од смртта? Заради тебе, душо, постанав соучесник на смртта за да те украсам како Своја невеста? Без завист, во наследство ти го оставив царството, душо? Сите Мои добрини ти ги дарував тебе, душо, како на Цар. Заради те-бе, душо, постанав човек, сакајќи твојот живот да го искупам од гниење. Твојот живот, душо, го почестував и го возвишив пред сите Мои дела. На тебе, душо, ти приготвив одаја на небесата и направив ангелите да ти служат во таа одаја што ти ја приготвив заради тоа, таму да влезеш со ра-дост. А ти, душо, се гнасиш од небесниот Младо-женец и на наеискажаните добрини што сум ти ги приготвил. А по кого можеш повеќе да чезне-еш отколку по Мене, Кој секоја твар со милост ја спасувам? Кој татко животот ќе го даде онака како што го давам Јас? И зар мене си ме напу-штила, душо, засакувајќи туѓинец и мразител?

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

     

     


  •  

     

     



    Makpetrol

    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Ноември 30, 2025
    Patot.na.podviznikot53

    ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

    Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

    ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

    Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
    Patot.na.podviznikot45
    Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

    ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

    Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
    Patot.na.podviznikot44
    Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

    МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

    Patot.na.podviznikot40
    Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

    Гладни во изобилието

    Ное 22, 2025 Ставови 486
    Gladni.vo.izobilie
    Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

    Најново од духовност

    Православен календар

     

    06/05/2026 - среда

    Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

    Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

    глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

    Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

    Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

    Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

    Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

    Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

    Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная