логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Serafim.Arovski.medo.jpg


XVI

ПОУКИ И ЗАВЕТИ НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ СЕРАФИМ

"Од устата на праведникот тече мудрост" (Изрек. 10, 31).
"Зборовите од уста на мудрец се благодат" (Проп. 10,12).

На што го учел рускиот народ преподобниот? Што било предмет на беседите на светиот старец со оние што му доаѓале? Да ги ислушаме со побожност зборовите и беседите на прекрасниот саровски подвижник и да ги повториме, иако не во целата своја полнота, поуките кои им ги давал на своите многубројни посетители. Се работи за мудри совети, свештени завети на богоносниот старец, кои и ние сме должни да ги следиме и кои треба да ги исполнуваме ако и сакаме добро на својата душа. Нив треба да ги чуваме како што свето и точно ги исполнуваме заветите на нашите драги и блиски лица, кои заминале во вечноста. И зарем на рускиот народ не му е близок отец Серафим, кого го знаела и го знае целата руска земја од царските палати до бедните колиби на селаните, кај кого за време на неговиот живот доаѓале илјадници со најразлични потреби и молби, и кон чии многуценети мошти сега се собираат безброј луѓе?...
Отец Серафим им давал драгоцени поуки на своите посетители. Драгоцени совети тој и нам ни остави! Тие не се однесуваат на материјалните богатства, ниту на распадливите ризници, туку на она што посебно треба да му е драгоцено на секој човек - спасението на душата и на она богатство кон кое се должни да се стремат сите христијани.
" Човекот со телото е сличен на запалена свеќа", велел преподобниот отец Серафим. "Свеќата треба да изгори, а човекот да умре. Но, неговата душа е бесмртна, Затоа и нашата грижа треба пред се да се од-несува на душата, па дури потоа на телото" "Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости" (Мат. 16, 26), за која ништо на светот не може да послужи како откуп? Ако една душа, сама по себе е подрагоцена од целиот свет и од светското царство, "тогаш неспоредливо подрагоцено е Небесното царство".
"Нашиот живот е една минута во споредба со вечноста". Затоа " за нас е подобро да го презираме временското и минливото и да го сакаме нетрулежното и бесмртното". И токму за вечноста и за царството небесно, за бесмртност ги подготвуваше своите собеседници отец Серафим!... Неговите мудри совети и нам нека ни послужат како раководство на патот кон спасението!...
Во советите на светиот саровски старец нема ништо посебно тешко и што не може да се исполни за обичните смртници. Светиот подвижник добро ги знаел човечките немоќи и слабости и никому не сакал да му става неподносливо бреме. Тој на слабите луѓе, обременети од гревови и потопени во животни грижи, не сакал да им ја земе надежта на спасение.
"За да се стекнеме со спасение на душата - учел преподобниот Серафим - должни сме животот да го минуваме согласно божественото учење на нашиот Искупител Господ Исус Христос". Тоа се содржи во учењето на светата Православна Црква, во која единствено и можеме да се спасиме и кон која сме должни да гаиме цврста верност. "Да ја засакаме светата Православна Црква - велел светиот старец - да ја засакаме верата како цврста и благодатна ограда". Затоа преподобниот, и самиот вистински син на Православната Црква, гаел посебна љубов кон светите отци, кои биле бранители на Православието, како Василие Велики, Јован Златоуст, Григорие Богослов, Атанасие Велики, Кирил Ерусалимски, Амвросие Медиолански и други слични на нив, нарекувајќи ги столбови на Црквата. Според учењето на преподобниот Серафим, единствено Православието ја содржи во себе вистината на Христовата вера во целост и чистота, и затоа е потребно цврсто да се држиме за него и "да не другаруваме со непријателите на Христовата Црква, т.е. со еретици и со расколници". Еве зошто на прашањето на еден старообредник: "Кажи ми старче Божји, која вера е подобра: сегашната црковна или старата?", отец Серафим одговорил: "Остави ги своите погодувања. Нашиот живот е море, светата Православна Црква е брод, а кормилар Спасителот. Ако и со таков Кормилар луѓето, по своите гревовни слабости, со напор го поминуваат животното море и не се спасуваат сите од удавува-ње, каде тогаш си се упатил ти, со својот чун и како можеш да се наде-ваш да се спасиш без кормилар?"
Православната црква содржи вистинско учење во својата чистота и целина. Заради тоа, според учењето на отец Серафим, неопходно е христијанинот да исполни се што прифатила таа. "Исполнувај го она што го востановила Црквата на седумте вселенски собори" - му велел светиот на еден од своите собеседници. "Тешко на оној кој еден збор додаде или одземе на тоа". "На срцето на христијанинот треба да му е мило она што го прифатила и прегрнала светата Црква". И тоа не треба да се однесува единствено на догмите на верата, туку и на сите одлуки на Црквата, па дури и на разните црковни обичаи. Оттаму е разбирливо зошто преподобниот одлучно ги поддржувал постењето на постите востановени од светата Црква, додека "сегашните христијани разрешуваат месо и во светата четириесетница и во сите пости, а средата и петокот не ги почитуваат". Според советот на преподобниот, таквите треба да се избегнуваат како непослушни на светата Црква.
Разбирливо е тоа зошто преподобниот отец Серафим сметал дека крсното осенување се прави правилно единствено кога се составуваат трите прста. Него, како такво го признава светата Православна Црква. На сите кои се двоумеле по тоа прашање на составување на прстите за крсно осенување, големиот саровски старец непоколебливо им заветувал употреба на три прста, припишувајќи му особена голема сила.
Еднаш кај отец Серафим дошле четири старообредници од селото Павлово, Горбатовска губернија, со прашање за два прста. Само што го поминале прагот на ќелијата, преподобниот им пришол, го зел едниот за рака, му ги составил трите прста на православен начин, и крстејќи го, рекол: "Еве христијански крст! Така молете се и кажете им и на другите. Тој начин го предале светите апостоли, а крстењето со два прста е спротивно на светите устави. Ве молам и ве преколнувам, одете во Грчко-руската црква, бидејќи таа е во полна слава и сила Божја. Како со брод кој има различна опрема, едра и големо кормило, со неа управува Светиот Дух. Нејзините добри кормилари се учители на Црквата, а архипастирите се приемници на апостолите. Вашиот молитвен дом е сличен на мал чамец, кој нема ниту кормило, ниту весла. Тој со конец е приврзан за нашата Црква, плови зад него, прскан од брановите и секако дека би потонал ако не е приврзан за него". Заради спасение на душата неопходно е да се биде член на светата Православна црква и во се точно и строго да се следи нејзиното учење, исполнувајќи се што таа пропишала. Секако, верноста на христијанинот кон светата црква не треба да има само надворешен карактер. Секој "треба да го оди својот пат со побожно, а не невнимателно прифаќање на се свештено", зборувал преподобниот Серафим. Секој е должен во себе да ја развива и засилува трајната побожна настроеност. Секој треба да ја има во предвид "вистинската цел на нашиот христијански живот" кој се состои во стекнување на Светиот Дух Божји". На кој начин тој може и треба да се стекне?
Пред се и повеќе од се, секој и секогаш треба да се сеќава на Бога, да се стреми кон Него со душата и со умот, со цврста решеност дека "од љубов кон Него ќе прави се добро". Затоа непрестајно треба во срцето да се повикува името Божјо.
"Молитвата е пат кон Господа! Да го повикаме името Господово и ќе се спасиме. Ако името Божјо биде во нашите усти, ќе се спасиме".
"Големо средство за спасение е верата, а посебно непрестаната срдечна молитва", му велел преподобниот Серафим на генералот Купријанов. "Пример за тоа ни е светиот пророк Мојсеј. Одејќи покрај народот, тој безмолвно со срцето се молел и Господ му рекол: 'Мојсеј, Мојсеј, зошто ме повикуваш?' Мојсеј ги подигал своите раце на молитва, и тогаш народот го победувал Амалик... Еве што е молитва! Тоа е неодолива победа! Светиот пророк Данило велел: Подобро да умрам, отколку да ја оставам молитвата, макар и за миг'".
"Молитвата повеќе од се донесува благодат на Светиот Дух, бидејќи таа секогаш е при рака како орудие за стекнување на благодатите на Духот. За неа секој и секогаш има прилика и можност: и богат и сиромав, и познат и прост, и моќен и слаб, и здрав и болен, и праведник и грешник". Особено е важно секогаш да се држи во устата и во срцето Исусовата молитва: "Во тоа нека се состои целото твое внимание и обука", велел отец Серафим. "Одејќи и седејќи, работејќи и во црквата стоејќи до богослужбата, влегувајќи и излегувајќи, постојано држи ја на устата и во своето срце. Повикувајќи го на таков начин името Божјо, ти ќе најдеш покој, ќе постигнеш духовна и телесна чистота и во тебе ќе се всели Светиот Дух, изворот на сите богатства. Он ќе те упати кон светињата, кон секакво благочестие и чистота".
При упорен "труд и молитва, при чување од расеаност и при негување на мир на совеста - според учењето на отец Серафим - можно е приближување кон Бога и соединување со Него".
Секако, заради молитвата е многу важно и корисно посетувањето на Божјиот храм. Во него треба да се оди и од него треба да се "излегува со страв и трепет и со молитва која никогаш не престанува".
"Што е поубаво, поголемо и послатко од црквата? И каде ќе се израдуваме со духот, срцето и со сите свои мисли, ако не во неа, каде што самиот Владика наш Господ секогаш соприсуствува?"
Сепак, "потребни се подвиг и голема будност за време на читањето на Псалмите за нашиот ум да се усогласува со срцето и со устата, и во нашата молитва заедно со темјанот да не се измеша и смрдеа". Затоа "должни сме да се грижиме да бидеме слободни од нечисти помисли кога Му принесуваме молитва на Бог" и "да не дозволуваме расејување на помислите, бидејќи заради тоа душата се одделува од сеќавањето на Бога и од Неговата љубов". Ако на молитвата ни се случи умот да ни се заплени со расеаност на мислите, неопходно е да се смириме пред Господа Бога и да бараме прошка велејќи: Тосподи, со збор, со дело, со помисла и со сите сетила згрешив'".
За да избегнеме расеаност на молитвата, посебно во црква, отец Серафим советувал или да стоиме со затворени очи, или да го насочуваме погледот кон иконата или кон запалена свеќа. Користејќи ја таа мисла, тој изнел прекрасна споредба на човечкиот живот со восочна свеќа. "На својот живот - велел прекрасниот старец - треба да гледаме како на запалена свеќа. Таа вообичаено се прави од восок и фитил: восокот е нашата вера, фитилот надежта, а пламенот - љубовта која ги соединува во едно верата и надежта, како што восокот и фитилот горат заедно при дејството на пламенот. Свеќата со лош состав испушта смрдеа при горењето и при гаснењето. Да се сеќаваме на почетокот, текот и на крајот на нашиот живот. Како што свеќата кога е запалена пред иконата Божја се топи, така и нашиот живот секоја минута се смалува, приближувајќи не кон крајот. Таа мисла ќе ни помогне помалку да се расејуваме во храмот, поусрдно да се молиме и да се погрижиме нашиот живот пред Бога да биде сличен на свеќата од чист восок, која не испушта смрДеа".
Кај отец Серафим доаѓале многумина прости луѓе, поголем дел неписмени луѓе, а исто така и лица кои немале доволно слободно време за молитва (за што со тага му зборувале на преподобниот). Снисходувајќи со немоќите и слабостите човечки и не сакајќи никого да обремени со неподносливо молитвено правило, тој на таквите луѓе им го давал следново, многу просто молитвено правило: "Станувајќи од спиење, секој христијанин, застанувајќи пред светата икона, треба да ја изговара молитвата Оче наш' три пати, во чест на Пресвета Троица, потоа песната на Богородица: 'Богородице Дево, радувај се...', исто така три пати, и најпосле, Символот на верата еднаш. Откако ќе го заврши тоа правило, секој христијанин нека се фати за работата за која е поставен и за која е повикан. За време на работата дома или на пат, тивко нека говори: Тосподи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот (или грешната)', а ако го опкружуваат други луѓе, тогаш, работејќи, само со умот нека говори: Тосподи помилуј', продолжувајќи така до ручек.
Пред ручекот нека го повтори утреното правило.
По ручекот, извршувајќи го своето дело, секој христијанин може тивко да изговара: Пресвета Богородице, спаси ме грешниот', или пак: Тосподи Исусе Христе, со Богородица помилувај ме мене грешниот (или грешната)', продолжувајќи така до спиење.
Заминувајќи на спиење, секој христијанин може повторно да го прочита наведеното утрено правило. Потоа може да заспие осенувајќи се со крсниот знак.
Кој го почитува ова правило - велел отец Серафим - може да достигне христијанско совршенство, бидејќи трите наведени молитви го сочинуваат темелот на христијанството: првата, како молитва која ја дал самиот Господ, е образец на сите молитви; втората ја донел од небо Архангелот како поздрав на Дева Марија, Мајката Господова, а Символот во себе кусо ги содржи сите спасоносни догми на христијанската вера".
Меѓутоа, оние кои заради разни околности не се во состојба да го исполнат ниту тоа мало правило, преподобниот Серафим ги советувал да го читаат во било каква положба: и за време на работење, и во одење, дури и во постела, сметајќи дека во тоа ги поддржуваат зборовите од Светото Писмо: "Секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси" (Рим. 10, 13). Оној, пак, кој има повеќе време, а покрај тоа е и писмен човек, според зборовите на преподобниот Серафим, може да додаде и други душекорисни молитвословија и читање на канони, акатисти, Псалми, Евангелие и Апостол.
Читањето на Светото Писмо, преподобниот Серафим го сметал не само за корисно, туку и неопходно занимање за христијанинот. "Душата треба да се прашува, т.е. да се храни со словото Божјо Тз велел тој - бидејќи словото Божјо е ангелски леб со кој се хранат душите гладни за Бога".
" Човекот има потреба од Божествените Писма за сеќавањето за доброто да му се вреже во неговиот ум и од постојаното читање во него да се обновува стремењето кон него, чувајќи го од тенките патишта на гревот". "Снабдувајќи ја својата душа со словото Божјо, човекот се исполнува со разбирање на она што е добро, а што е зло".
Читањето на словата Божји е толку важно и корисно за нас, што "за едно такво практикување, освен другите добри дела, Господ нема да го остави човекот без Својата милост".
Еве зошто отец Серафим на многумина од своите посетители грижливо им советувал да се занимаваат со читање на Светото Писмо. На прашањето на еден од нив (Богданович) што треба да чита, светиот старец одговорил: по четири глави од Евангелијата на ден, од секое Евангелие по една, и животот на Јов". Еден друг свој посетител преподобниот Серафим го прашал дали го чита Евангелието. Откако добил потврден одговор, тој рекол: "Читај ги почесто следниве зборови од таа божествена книга: дојдете кај мене сите кои сте уморни и натоварени, и друго". Со истото прашање отец Серафим му се обратил и на Ј. Невјеров. Откако од посетителот добил одречен одговор, преподобниот ја отворил 7 глава од Матеј и почнал да чита: не судите за да не ви се суди, и друго, давајќи пример како треба да се извршува читањето на светото Евангелие.
"Тоа читање - раскажува Невјеров - врз мене остави толку потресен впечаток, што зборовите од Евангелието се врежаа во мојот ум. Јас подоцна повеќе пати ја читав таа глава од Матеј, го примив тоа кон срце и почнав да го исполнувам советот на отец Серафим, т.е. почесто да го читам Евангелието.
Светиот саровски старец поучувал дека, покрај читањето на Светото Писмо, "душата треба да се снабдува и со сознанија за Црквата, за уверување и утеха на својот дух".
На тој начин - по пат на непрестајна молитва и празнење во читањето на словото Божјо, христијанинот малку по малку ќе се воздигнува кон врвот на христијанските доблести и "ќе стекне душевен мир".
Освен тоа, оној кој сака да се спаси, треба секогаш да има "смирено срце и расположено за покајание".
"Ние целиот живот со гревови ја навредуваме големината Божја, па затоа и сме должни секогаш со смирение од Господа да бараме прошка на своите долгови". "Како што за секоја болест постои лек, така и за секој грев постои покајание", кое "меѓу другото се состои и во тоа да не го повторуваме повеќе гревот".
"Нашиот Господ Исус Христос се радува кога ние искрено се каеме за своите гревови и Му се обраќаме со цело срце. Он тогаш воспоставува празник и ги повикува врз себе мислените сили, покажувајќи им ја драхмата која ја пронашол". "И така - советува отец Серафим - да не заборавиме со задоволство да Му се обраќаме на милосрдниот Владика свој. Да не се предаваме на небрежност и очај заради тешките и безбројни наши гревови. Очајот е најголема радост за ѓаволот. Тој е грев на смрт, како што вели Светото Писмо (1. Јов. 5,16)". "И така, без сомнение пристапувај кон покајанието и тоа ќе посредува за тебе пред Бога".
Врз основа на поуките на преподобниот Серафим, на секој христијанин за спасение на душата му е многу важно и крајно неопходно да се причестува со Светите Тајни и тоа "колку почесто, толку подобро".
"Кој се причестува, ќе се спаси - учел отец Серафим - а кој не се причестува, мислам не".
"Ќе се спаси оној кој побожно се причестува со Светите Тајни и тоа не само еднаш годишно. Тој ќе биде успешен и долговечен и на земјата. Верувам дека, по големата благост Божја, ќе се појави благодат и на роднините на причесникот. Пред Господа еден кој работи според Неговата волја е поголем од илјада безбожници".
Според мислењето на отец Серафим, христијанинот не треба да се отстранува од спасоносното таинство - причестувањето со Светото Тело и Крв Христови. Таквата постапка е од непријателот на спасението. Веќе познатиот послушаник Иван Тихоновиќ велел дека еднаш, во очи на голем празник, на кој требало да се причести со Светите Тајни, вкусил малку храна по вечерната. Размислувајќи за таа своја постапка, тој почнал да паѓа со духот. Колку повеќе размислувал, толку повеќе очајувал, сметајќи се себеси потполно недостоен за Причест. "Многу ужасни помисли се роеја во мојата глава" - ракажува послушаникот. "Наместо надеж на жртвата на Христа Спасителот, која ги покрива сите прегрешенија, мене ми се чинеше дека според Божјиот суд за својата недостојност или ќе бидам изгорен од оган или жив ќе бидам проголтан од земјата доколку пристапам кон светата чаша". Дури ни исповедта, ниту поуката од духовникот не му ја олесниле совеста на Иван Тихонович. Меѓутоа, кога го видел пред причеста во олтарот и забележувајќи ја неговата неутешна душевна состојба, преподобниот Серафим го повикал кај себе и му ги кажал следниве значајни зборови: "Кога ние и цел океан би наполниле со солзи, ни тогаш не би можеле да Му се оддолжиме на Господа за она што го излева на нас како дар. Неговите Пречисти Тело и Крв не хранат, измиваат, очистуваат, оживотворуваат и воскреснуваат. И така, пристапи без сомнеж и не вознемирувај се. Само верувај дека тоа се вистинските Тело и Крв на нашиот Господ Исус Христос, кои се даваат за исцеление на сите наши гревови". Колку ли се само утешителни зборовите на преподобниот отец Серафим и колку ние грешните би требало да се сеќаваме на нив, пристапувајќи кон Светите Тајни!
Најважно нешто кон што треба да се стреми секој христијанин кој се грижи за своето спасение е "душевниот мир", со кој ние треба да Му принесуваме молитва на Бога, да пристапуваме кон Светите Тајни, и кој треба да се гледа во нашите односи со ближните. "Овој мир е едно бесценето богатство" и "ние треба сите свои мисли, желби и дејности да ги сконцентрираме на негово стекнување". Исто така треба "со сите сили да се грижиме да го зачуваме". "Радост моја! - му велел преподобниот Серафим на еден собеседник - те молам, здобиј мирен дух, па илјадници околу тебе ќе се спасат".
"Здобиј душевен мир - му зборувал на друг посетител - така што никого да не огорчуваш и на никого да не се огорчуваш. Тогаш Бог ќе ти даде солзи на покајание. Оној кој неотстапно оди во мирно расположение, како со црпалка да црпе духовни дарови".
Како треба човек да се однесува за да се стекне и да го одржува душевниот мир?
" За да го зачуваме душевниот мир - вели преподобниот Серафим - треба од себе да го отфрлиме унинието и да се погрижиме да поседуваме радосен дух".
"Неопходно е да се воздржуваме од многусловие, со тоа што ништо толку не помага во стекнувањето на внатрешен мир, како молчењето и, колку што е можно, непрестан разговор со самиот себе, а ретко со другите".
И воопшто, за зачувување на душевниот мир неопходно е почесто да се влегува во себе. "Вниманието е мајка на внатрешното спокојство". При тоа е потребно да се внимава телесните сетила (особено видот) да му служат на внатрешниот човек и да не ја расејуваат душата со сетилни предмети. Благодатни дарови добиваат само оние што бдеат над својата душа.
"Исто така, невозможно е да се стекне душевен мир, се додека страстите не се стивнат во човекот, бидејќи непријателот на спасението, на кого сите сили му се насочени на тоа да го сматат духот на човекот, само врз страсните може да има силно влијание". "Особено е неопходно - велел преподобниот Серафим - да се спречат трите страсти: стомакоугодувањето, среброљубието и суетата", со кои ѓаволот се обидел да го искуша и нашиот Господ Исус Христос.
За да ги победи страстите кои го нарушуваат душевниот мир, христијанинот треба да биде буден кон себе, да влегува во себе, да го чува својот ум и срце од непристојни помисли и впечатоци, грижејќи се да го одбива дури и нивниот прв напад. "Истражувај - велел отец Серафим со зборовите на преподобниот Исак Сирин - влегувај сам во себе и утврди кои страсти, според тебе, замреле во тебе, кои се истребени, кои совршено те оставиле, а кои почнале да стивнуваат со оздравувањето на твојата душа... Внимавај дали добро гледаш, дали навистина во твојата гнојна рана почнало да подмладува здравото месо, т.е. душевниот мир. Утврди какви страсти следуваат една по друга и упорно, дали се душевни или телесни, како на нив гледа умот, дали стапува во борба со нив, или можеби гледајќи ги не ги гледа и воопшто не се занимава со нив, оние кои од старите страсти останале, а кои одново се образувале. Со такво внимание "можно е да се утврди мерката на душевното здравје".
За да се стекне бестрастие "неопходен е голем подвиг во духовното размислување и молитвата, во поучувањето во законот Божји. Потребно е да се вознесуваме со сета душа кон Бога за со пламената молитва да се згасне искрата на порочните страсти во самиот почеток", бидејќи таквата состојба на бестрастие ја дава самиот Бог и ја зацврстува во богољубивите души".
"Да стоиме постојано, ден и ноќ, со солзи пред лицето на Божјата благост - советува отец Серафим - за Он да ги исчисти нашите срца од секаква зла помисла, за да можеме достојно да го изодиме патот на нашето звање и со чисти раце да Му принесуваме дарови од своето служење".
Самиот голем девственик, светиот саровски старец посебно срдечно ги советувал христијаните да ја чуваат целомудреноста, " да ги одбиваат од себе мачителните помисли на сладострастието". "Заради идното блаженство - им велел светиот старец на своите посетители - стекнете целомудреност, чувајте ја девственоста. Девица, која го чува девството заради љубовта Христова, има чест слична на ангелска и е Христова невеста: Христос е нејзиниот Женик, Кој ја воведува во својата небесна ложница"...
"Духот Божји го прима оној кој ја чува девственоста" - му велел отец Серафим на еден од посетителите.
Впрочем, тоа не значи дека светиот старец го осудувал брачниот живот. Напротив, тој на многумина, како што веќе е познато, дури и на поединци кои барале монаштво, им советувал да стапат во брак.
"И девственоста е славна - му велел светиот старец на Богданович - и бракот е од Бога благословен. Зашто, ги благослови Бог мажот и жената велејќи: раѓајте и множете се. Единствено непријателот на се пречи".
"Брачниот живот Бог го благословил, сестро" - и велел преподобниот на една девица која сакала да стане монахиња. "Во него единствено е неопходно и двете страни да ја чуваат верноста на сопружништвото, мирот и љубовта..."
Меѓутоа, според поуките на отец Серафим, и луѓето кои живеат во брак треба да се грижат да ги победуваат телесните страсти, да ги отфрлаат "помислите на сладострастието".
Страстите се победуваат со воздржување и со пост.
"Постот е нужен заради победа над телесните и душевните непријатели".
"Нашиот Спасител - расудувал светиот старец за важноста на постот - пред стапувањето на подвигот на човечкото спасение, се зацврстил со долготраен пост. И сите подвижници, започнувајќи да Му служат на Господа, себе си се оградувале со пост".
За користа која вистинскиот пост може да и ја донесе на човечката душа, преподобниот Серафим, и самиот голем испосник, го поучувал следново: "Постот не се состои само во тоа ретко да се јаде, туку и во тоа малку да се јаде, и сепак не само во тоа да се јаде еднаш, туку во тоа да не се јаде многу. Неразумен е оној испосник кој чека до одредено време, за во време на трпезата целиот да се предаде на ненаситно јадење со телото и со умот".
За да се смират немирните делови на телото и за да се даде слобода на дејството на духот", не смеат јадењата да се делат на вкусни и невкусни. Тоа дело, својствено на животните, кај разумниот човек не е достојно за пофалба".
Меѓутоа, "вистинскиот пост не се состои само во истоштување на телото, туку и во тоа, она парче леб што си сакал самиот да го изедеш, да го дадеш на гладниот".
Секако, значењето на постот се состои во тоа, со него човекот да ги ослабува страстите, да се бори со сетилните привлечности, и да го исчистува срцето. Со помош на постот "неговиот духовен живот достигнува до совршенство, телото станува тенко и лесно, духот ги извршува своите дејности како во бестелна плот, а умот се одделува од земјата, се вознесува кон небото и во потполност се потопува во согледување на духовниот свет".
Секако, не може секој "на себе да си наложи строго правило на воздржување во се, или да се лиши од се што може да служи како олеснување во немоќта". Дури и неразумно е да се измачува телото преку мерка, па макар тоа да се врши и "заради стекнување на доблести". "Кон строг пост не треба да се пристапува одненадеж, туку постепено", по малку заучувајќи се на сиромашна храна.
Некои погрешно сметаат дека посната храна е штетна за здравјето, па затоа, и против одредбите на Црквата, не ги почитуваат постите. Тие погрешно сметаат дека постот ја исцрпува човековата сила. "Светите испосници, на изненадување на другите - велел преподобниот Серафим - не знаеле за раслабеност, туку секогаш биле бодри, силни и подготвени за дејствување. Болестите кај нив биле ретки и нивниот живот бил исклучително долг". "Како луѓето живееле по 100 години - преподобниот Серафим запрашал еден собеседник, иако биле големи испосници и се хранеле со леб и со вода? Еве прашање на кое би требало да обратат внимание лицата кои се збркуваат со црковните одредби за постите. Значи, "лебот и водата за никого не се штетни" - велел отец Серафим, особено што човекот не живее само од лебот...
Врз слабеењето на страстите, кои се голема пречка на душевниот мир, влијаат и болестите. "Телото се истоштува од нив и човекот си доаѓа при себе". Впрочем, "и самата телесна болест понекогаш доаѓа од страстите".
"Отфрли го гревот - велел преподобниот отец Серафим - и нема да има ниту болести, бидејќи тие настануваат од гревот". Од друга страна пак, "болеста исчистува од гревот", ги слабее страстите и разумно го возвишува човекот. Затоа е неопходно болестите да се поднесуваат "со трпеливост и со благодарност". На оној што така ги поднесува "тие му се сметаат наместо подвиг, или дури и повеќе од него". Потребно е и да се надева и да се има доверба дека "Господ ќе даде сила и трпение, доколку Му биде угодно човекот на себе да проба болест".
Покрај грижата за својата душа, нејзиното спасение, ослободувањето од страстите, стекнување на душевен мир, ние сме должни да се грижиме и за телото, "да го поткрепуваме", барем во онаа мерка колку што е потребно за да може да биде "пријател и помошник на душата во извршувањето на доблестите. Инаку, може да се случи, откако телото ќе се истошти, и душата да ослабее". Потребно е секој ден да се употребува онолку храна, колку што е потребно за да се закрепи телото. А доколку самоволно го истоштуваме телото до таа мерка да се истошти и духот, тогаш таквото притеснување ќе биде неразумно, макар да се извршува и заради стекнување на доблести".
Посебно е потребна грижа за телото кога тоа е болно или кога е преоптоварено со физички работи. Тогаш е потребно да се поддржи со умерено спиење, храна и пиење, дури ни не гледајќи на времето.
Воопшто, "не треба да презимаме подвизи над својата мерка, туку да се грижиме нашето тело, нашиот пријател, да биде верно и способно за извршување на доблести"" Треба да се оди по средниот пат, не скршнувајќи ниту десно, ниту лево (спореди Изрек. 4, 27): на духот треба да му се дава духовното, а на телото телесното, она што им е потребно за потпора во временскиот живот". "Оди по средниот пат - советувал отец Серафим еден од своите собеседници - и не оди подалеку од своите сили. Инаку можеш да паднеш и непријателот да ти се насмее".
Исто така, "треба да и се снисходи и на душата своја во немоќта и несовршеностите и да се трпат своите недостатоци, како што ги трпиме недостатоците на ближните. Меѓутоа, не треба ниту да се биде мрзлив, туку постојано да се поттикнува на подобро". " Ако си зел премногу храна - велел преподобниот - или си направил нешто друго, својствено на човечката слабост, не сматувај се и не прави штета на штета, туку храбо натерај се на подобрување и грижи се да го зачуваш душевниот мир".
Како што човекот треба да ги поднесува болестите, така е должен да ја трпи и секоја незгода, несреќа и неволја во животот. "Неопходно е - велел преподобниот Серафим - секогаш, заради Бога, со благодарност да се трпи се што ќе се случи. наоѓајќи се во неволји, ние како послушни деца, сме должни да Му благодариме на Бога, Кој со нас постапува како чедољубив татко, дозволувајќи според Своето човекољубие се на наша корист, како утехи, така и неволји". Треба добро да се сеќаваме дека "оние кои сакаат да Му угодат на Бога патот ги води низ многу тешкотии", кои се јавуваат како еден од неопходните услови за стекнување на спасение. "Како што восокот кој не е загреан и омекнат не може да го прими печатот кој се втиснува во него, така и душата која не е искушана со маки и немоќи не може на себе да прими печат на доблестите Божји". Воопшто, душевниот мир се стекнува преку неволјите.
Особено е потребно да се погрижиме да го зачуваме душевниот мир во однос на другите луѓе, да не се сматуваме со навредите од другите, на секој начин да се воздржуваме од гнев, никого да не огорчуваме и на никого да не се огорчуваме, за ништо да не гаиме зло. Токму во односите кон ближните нашиот душевен мир доаѓа во најголема опасност. Меѓутоа, ние со сите сили треба да се трудиме да постигнеме бестрастие, да дојдеме до состојба во која, според објаснувањето на преподобниот Серафим, "ќе бидеме слични на мртовец или на слеп при сите неволји, клевети, гонења и навреди. Така се спасувале сите праведници и така го наследиле вечното блаженство"... Со исклучително висок и вистински евангелски карактер се одликуваат поуките на преподобниот Серафим, кои се однесуваат на односот на луѓето меѓу себе. Во основата на таквите поуки треба да лежи сепобедителната и сепростувачката љубов. "Љуби го ближниот свој" - поучувал преподобниот. "Твојот ближен е твое тело. Треба сите да се сакаат, и тоа не помалку од себе си, иако не толку, љубовта кон ближниот да не одвлече од исполнувањето на првата и главна заповед, т.е. - љубовта Божја".
Во што треба да се пројавува и изразува љубовта кон ближните? Пред се, "во односот кон нив, ние треба да бидеме како со зборови, така и со мисли чисти. Треба да сме еднакви кон сите, инаку својот живот ќе го направиме бескорисен. Понатаму, со ближните треба да се постапува срдечно, не правејќи дури ниту навестување за навреда. А одвраќајќи се од човек, или навредувајќи го, ние како на своето срце да си ставаме камен" Колку трогателни вистински зборови!...
Кон ближните треба да се однесуваме со целосна снисходливост, дури и ако забележуваме дека грешат, и се да покриваме со љубов. "Не треба никого да осудуваме, па макар и со сопствени очи да видиме дека греши или продолжува во прекршувањето на Божјите заповеди. Затоа што словото Божјо вели: "не судете, за да не бидете судени" (Мат. 7, 1) и "кој си ти што му судиш на туѓ слуга?" (Рим. 14,4).
"За да го зачуваме душевниот мир, потребно е на секој начин да го избегнуваме осудувањето на другите. Со снисходливост на братот и со молчење се чува душевниот мир".
"Не осудувајте ги ближните" - ги советувал отец Серафим своите посетители. "Сите ние сме со слабости. На оној кој не осудува, Бог се побргу ќе му прости".
"Духот на сматен или на малодушен човек треба да се бодри со зборови на љубов. Кога греши братот, покриј го, како што советува свети Исаак Сирин". Што треба да правиме за да не паднеме во осудување на ближните? "Треба да внимаваме на себе, да не примаме од другите никакви подли мисли и да бидеме мртви за сите".
"Зошто ние ги осудуваме своите браќа? - прашува преподобниот Серафим и одговара - затоа што не се грижиме да се спознаеме самите себе. Оној кој е зафатен со спознание на самиот себе, нема кога да ги забележува другите".
"Осудувај се себе си, па ќе престанеш да ги осудуваш другите"...
"Осудувај го лошото дело, а извршителот не го осудувај. Ако го осудуваш ближниот, тогаш во исто време и себеси се осудуваш во тоа, заради што го осудуваш него, т.е. заради прекршување на Божјите заповеди, бидејќи и самиот ја прекршуваш заповедта која забранува осудување".
"Осудувај се себеси, па Бог нема да те осуди".
"Треба самите себеси да се сметаме за погрешни од сите, секое лошо дело да му го простуваме на ближниот, а да го мразиме само ѓаволот, кој го излагал. Се случува нам само да ни се присторува дека друг прави зло, а всушност тоа е добро заради намерата што ја има. Освен тоа, вратата на покајанието е отворена за сите и не се знае кој попрво ќе помине низ неа - ти, кој осудуваш или оној што го осудуваш".
"И така, љубен мој - советува отец Серафим - да не гледаме на туѓите гревови и да не ги осудуваме другите".
Доколку не е дозволено осудување на ближните, тогаш секое пројавување на непријателство, омраза и злоба кон ближните, впрочем како и осветата, треба безусловно да им се туѓи на христијаните.
"Бог не ни заповеда омраза против ближниот, туку само против змијата, против човекоубиецот ѓавол и против нечистите духови на блудот и бесрамноста, кои сеат во срцето нечисти и осквернати помисли". Дури и на навредите и потценувањето од страна на другите, како и на изливите на непријателство, не треба да одговараме на ист начин, туку сме должни "се да трпиме со благодарност заради Бога" и се да покриваме со љубов.
"Ако прекоруваат, ти немој да прекоруваш - учи преподобниот Серафим - ако те гонат - трпи, ако те навредуваат - пофалувај и осудувај се само себе си".
"Треба со сите сили да се грижиме да го зачуваме душевниот мир и да не се збркуваме со навреди од другите. Напротив, нив треба да ги поднесуваме рамнодушно, така како и да не се однесуваат на нас. Таквото однесување може да му донесе на нашето срце тишина и да го направи семејство на самиот Бог".
"Со молчење поднесувај ги навредите на непријателот и единствено на Господа откривај му го своето срце".
"Грижи се на секој начин да му простиш на оној кој те навредува или ја нарушува твојата чест".
"Кога луѓето не навредуваат, треба да сметаме дека не сме достојни за пофалба. Воопшто, треба секогаш и пред сите да се понижуваме себеси".
Според поуките на преподобниот старец, не треба да се осветуваме за навреда, па каква и да е. На оној кој не навредил треба да му простиме од срце, па макар тоа и да се спротивставува на тоа. Не треба во срцето да носиме злоба или омраза кон ближниот кој непријателски е расположен кон нас, туку сме должни да го сакаме и, колку што е можно, да му правиме добро. "Тие подвизи - велел отец Серафим - значат повеќе отколку да се отиде во Киев или и понатаму"... Самиот тој, како што веќе е познато, во својот живот покажал поразувачки пример на незлобивост и на пррстување на навредите, кога не само што лично им простил на селаните кои го претепале на смрт, туку и кога пред спахиите и пред властите се зазел престапниците да останат без казна.
"Да се угледаме на Божјите миленици" - советува преподобниот Серафим. "Да се угледаме на кроткоста на Давид, незлобен и добар кон своите непријатели. Да не му правиме ништо на братот од освета... да се потсетиме дека човекот е жив, имајќи дух на правда, а не на злоба. Во вашето трпение спасувајте ги своите души и бидете слични на Бога, бидејќи поинаку не знам како ќе се спасите".
Својата љубов кон ближните треба да ја пројавуваме и во делата на милосрдие и на добродетелство. "Дејствувај секаде и секогаш" - еве кратко искажано правило на отец Серафим, кое се однесува на добродетелството.
Треба да се биде милостив кон бедните и кон странците. Околу ова многу се грижеле големите светилници и отци на Црквата. Во однос на оваа доблест ние сме должни со сите мерки да се грижиме да ја исполниме следнава Божја заповед: "бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец" (Лука 6, 36). Ние сме должни да правиме милостина со благодушно расположение, и тогаш милостината на нас ќе ни донесе многу богатства, па макар да е и базначајна.
"Примерот на пекарот Петар, кој за парче леб кој му го дал на сиромавиот, добил прошка на сите свои гревови, нека не поттикне - велел преподобниот отец Серафим - и ние да бидеме милостиви кон ближните, бидејќи и мала милостина помага многу во стекнувањето на Царството небесно".
"И така, ако според своите можности се трудиме сето ова да го исполниме во однос кон ближните - советувал големиот Саровски старец и подвижник - тогаш може да се надеваме дека во нашите срца ќе засветли божествената светлина, која ќе ни го осветлува патот кон горниот Ерусалим".

(Продолжува)

Извор: ЃаконијА

Друго:

sv.S.Sarovski3.jpg

Св. Серафим Саровски - За Бога

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

 СИЛАТА НА МОЛИТВИТЕ НА ОТЕЦ СЕРАФИМ

sv.Serafim.Sarovski1c.jpgСв. Серафим Саровски - За покајанието

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6403
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная