логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Efrem.Sirin3a.jpg

Мајката Божја

 Мене, одамна ме праша една душичка: „Зошто Мајката Божја толку високо се почитува, не само повеќе од светите луѓе, туку и од ангелите и архангелите?“ И јас одговорив: „Затоа што ни Ангелите и Архангелите, ни Херувимите, ни Серафимите немале така блиско и важно учество во уредувањето на нашето спасение како Таа“. Уредувањето на нашето спасение се нарекува домострој на воплотувањето. Потребно било Синот Божји и Бог да ја прими во Својот ипостас човечката природа, зашто без тоа нашето спасение не можело да се уреди… Оваа природа е земена од Приснодевата, преку слегувањето на Светиот Дух и осенувањето на силата на Севишниот. Ангелите и Архангелите при воплотувањето служат на надворешен начин, не влегувајќи во суштината на делото на воплотувањето, додека Мајката Божја влегува. Заради тоа Таа се почитува повеќе од секое создание… Силата на ова суштинско учество во воплотувањето и Нејзиното застапништво за нас, е појако од секое друго.

Ангелите

 Ангелите пеат на небото и не можат да не пеат. Како што зраците излегуваат од сонцето, и миомирисот од кринот, така и песната излегува од устата на Ангелите. Силите на нивното битие се наоѓаат во соврсена хармонија, како жици кај добро наштиман псалтир. Живеејќи тие ги придвижуваат, живеејќи тие пеат.
 Плановите на Премудроста Божја во управуванјето со светот и искупувањето во Бога сокриени се од ангелите и им се откриваат само доколку тоа е неопходно за исполнување на заповедите кои им се даваат.

 Таа нивна сокрушеност во Бога, Таа Богоделатност и Богоблаженство и е вистински живот на чистиот дух. Таква е состојбата на бестелесните сили.
 Уште во купелот на крштението Тој (Бог) нам ни поставил Ангел – Чувар, кој ќе не следи преку целиот тек на нашиот живот, додека после гробот не нè изведе на Судот пред Господа.

 Непријателот е лукав, но Ангелот Божји е посилен од него: тој замавнува со мечот и сите ѓаволски сплетки се разлетуваат како пајажина и се развејуваат како прашина на ветрот.

 А сопствени добри мисли зар не се појавуваат?... Се појавуваат кај сите... Нив ги носи ангелот чувар и траба да се запишуваат...

 

Апостоли

 ...Апостолите се соцувале во Црквата. Неjзе ù ја предала целата вистина која има ја откривал Духот Божји; ù ги предале светите тајни заради осветување на верните; воспоставиле во Неа пастирско служење, како директно преемство на апостолското служење. Должност на пастирите е да го чуваат она што Апостолите го сочувале во Црквата и тоа да го прават дејствително над сите, во целата христијанска заедница.

 Апостолските ученици, по примерот и  заповедите на апостолите, управувајќи со Црквата, истовремено воспитувале покрај себе такви мажи, кои после би можеле да го заземат нивното место и да продолжат со чување на апостолското учење и поредок.

 На тој начин сè апостолско со животот и делото се пренесувало од колено на колено.. Тоа што го предале апостолите го вовеле во сите видови на животот – во духовниот, душевниот и семејниот живот. Тка животот се распламтувал од животот... и чувано е она што го вовеле Апостолите.

 ... Апостолските посланици не се појавиле заради изложување на христијанското учење, туку заради отстранување на недоумиците и нередите кои се појавиле во поедини христијански општини. Следствено на тоа, тие содржат само поедини предмети, а не општото христијанско учење. Апостолите веќе им пишале на правитехристијани, потполно христијански образовани... и кога с допирале до општи христијански начела, тие тоа го правеле само во онаа мера во која такво нешто барал предметот за кој се работело. Во апостолските посланици се гледа цело христијанство, но ништо не е изложено на целосен и системаски начин. На сè е укажано, сè е навестено, но нема потполно изложување, освен за оние предмети по чиј повод се појавиле недоумиците.

Светителите

 Тие (светителите) престојуваат на одредено место; но кога ќе им биде заповедано или допуштено, истиот час се преместуваат таму каде сто е потребно... и не само што не надоаѓаат на никакви препреки, туку и не ги ни гледаат. Кога е потребно се преместуваат, а кога таква потреба не постои, остануваат на своето место, гледаат во сите правци што е каде и што каде се случува. Когас пак своите очи ги завртуваат кон земјата, т. е., кон нас грешните, тие јасно не гледаат и нас... само, не го гледаат ова наше грубо тело, кое не ги интересира, туку нашата душа, каква е, и тоа не непосредно, туку со посредство на нејзината надворешна обвивка која е сродна со нивната, и сродна со онаа стихија во која тие живеат: зашто состојбата на душата тошно се одразува на нејзината обвивка.

 Самата душа - не е човек; и животот само со душата е непотполн човечки живот. Сите светии сега живеат со даша и дух, и поткрепувани со Божјата сила им помагаат на оние кои ги призиваат, но тоа делување и уживање во добрата се несовршени  сè до воскресението, и ретставуваат само зачеток и залог на она што ќе биде по воскресението.

 Во Црквата Божја,  на благочестивото внимание секој ден му се нуди по еден или по неколку  примери како служејќи Му на Господа, се подвизувале луѓе кои Нему Му биле верни до смртта и со какви дарови се удостојувале овде, а со каква слава биле овенчани на небото... Од тоа е нашата неизоставна должност... секој ден да го проучуваме животот на светителите, а особено на оние кои посебно ги празнуваме.

 Тој тогаш ќе ни покаже кои се свети и тие кои веруваат во Него, каква благодатна сила носта во себе на земјата и во каква духовна слава се облекуваат нивните души  под покровот на непостојано тело и скромната надворешна полозжба. Тоа што е сега сокриено, тогаш на сите ке им се покаже. Господ ќе ги облече во слава во каква Самиот е облечен, на што ќе Му се восхитат не самооние кои Му се туѓи, туку и берните и ангелите, кои ќе Го прослават  Самиот Него.

 Никој така не може да ја продрма заспаната душа како свети Ефрем (За „Псалтирот“ Ефрем Сирин).
 Симеон (Нов) Богослов е - непроценливо богатство. Тој посилно од сите други ја поттикнува ревноста за духовен благодатен живот. И пишува едноставно.

 Читајте го (делата) Симеон Нов Богослов. Јас сега ги исчитувам неховите беседи кои се наоѓаат во првиот том за да би ги исправил штампарските грешки. Колку добро тој тука ја изложува суштината на работите кога е во прашање христијанскиот живот, изведувајќи го во целина исклучиво од Господ Спасителот. Кај него сè е изложено така јасно, така што беспоговорно  го покорува умот и бара прифаќање... Кога Господ би ни помогнал макар малку да стигнеме на тој паткој го води оној кој сака да се спасе.

 Одамна сте го чителе свети Симеон Нов Богослов? Земете повторно. Неговите беседи се многу поттикнувачки.
 Добро сте направиле што сте зеле од почеток да го прочитате свети Симеон. Тој е многу отрезнувачки отец.
 Тој (Симеон Нов Богослов) добро учи на страв Божји.

 Ако вас, баќушката отец Серафим (Саровски) само умилно ве погледне, немате повеќе што да посакате. Тоа е доволно да ве исполни, кога станува збор за животот спасоносен за душата. Сепак, не е тука во прашање местото,  туку устројството на срцето.

 Свети Јован Богослов пред очите на вашиот ум открива две слики: една – острастениот свет, укажувајќи на тоа со што тој се занимава и колку се тоа сè испразнети предмети... а друга – Бога, богат со милости, Кого не Го гледаме, но со силата на љубовта може да го имаме во себе, и не гледајќи дека го гледаме, и не знаејќи дека го познаваме со срцето, дури и посовршено отколку со умот.

 Духовната помош не се дава секогаш на видлив начин. Таа често се случува внатре, со посредство на измена на мислите и чувствата. А кој ја произведува, и како една состојба на духот исчезнува а друга се појавува- на тоа себеси често и не можеме да си одговориме. Секогаш се наоѓаме под небесно влијание на – Ангелите, светите и особено на Пресвета Богородица...

 Тогаш пред сите ќе заблеска светлоста на славата на благодатта Божја и ќе биде јасно кој какви совршенства стекнал со труд на земјата – совршенства низ кои се појавува славата Божја. Зашто таа слава нема да ги облекува однадвор., туку ќе се пробива однатре, од оние свети особини кои го сочинуваат складот на нивните души.

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 Bogorodica.LESNOVO.jpg 

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)

 

 {moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5839
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6448
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5635
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная