логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Псалм 10. Христе, не можам да се справам со себеси – дарувај ми дух на покајание

sv.Efrem.Sirin4.jpgПред Твојата слава, Христе Спасителу мој, ќе ги искажам сите свои гревови и ќе ја исповедам
сета неискажливост на Твоите штедрости, кои Ти ги излеваш над мене по Твојата благост!

Од утробата на мајка ми јас започнав да Те огорчувам и за ништо да не ја сметам Твојата
благодат.  Така станав мрзелив за душата своја! Но, Владико мој, по Своите бесчислени штедрости, милостиво и трпеливо гледаше на целата моја дволичност. Твојата благодат ја воздигаше главата моја, и сепак јас секој ден ја понижував со своите гревови.

Лошите навики плетат мрежа околу мене; и јас, извалканиот, се радувам, оти сум врзан. Тонам во самата длабочина на злото, и – тоа ме весели! Ѓаволот секојдневно ги подновува моите окови, гледа колку се радувам јас на разнообразието нивно!

Тоа е достојно за ридање и плач, тоа е мојот позор и срам, оти јас сум врзан од сопствените сујазли. И уште поужасно е, оти јас се врзувам со оковите, што ми ги налага мојот нај-зол непријател, оти се умртвувам себеси со такви страсти, кои многу го радуваат!

И макар што знам колку се страшни тие вериги, јас грижливо ги скривам од сите наблјудувачи под привидната надворешност. Навидум сум облечен во прекрасна облека на благоговението, а душата моја е завиена во срамни помисли! Пред наблјудувачите сум благоговен, а внатре сум исполнет со секаква напразност.

Совеста ме изобличува во тоа, и јас сакам да се ослободам од оковите; но, макар што секој ден тагувам и воздивнувам – пак се покажувам врзан со истите вериги!

Јаден сум јас! Јадно е моето секојдневно покајание, бидејќи нема цврста основа! Секој ден поставувам основа на градбата, и пак со сопствените свои раце ја уривам!

Моето покајание сеуште нема добро начело. А крајот на лошата моја волја не се гледа. Јас сум заробен од страстите и од злата волја на ѓаволот, кој ме погубува.

Кој ќе даде вода за мојата глава и водени извори за моите очи, за да плачам постојано пред Тебе, милосрден Боже, та, од кога ќе ја испратиш Својата благодат, да го извлечеш грешникот од морето, разјарено од брановите на гревовите што бурно ја напаѓа душата моја?

Бидејќи моите желби се полоши од  лути рани, кои не поднесуваат никакви исцелителни преврски!

Исчекувам со надешта на покајанието, и се лажам себеси со тоа суетно ветување, додека можеби нема да умрам! Секогаш кажувам: ќе се покајам! – и никогаш не се покајувам како што треба. На зборови како божем се кајам, а на дело сум многу далеку од покајанието.

И така, што ќе биде со мене во деновите на испитанието, кога Бог ќе открие се` пред Својот суд? – Се разбира, јас ќе бидам осуден на маки, ако овде не Те умилостивам, о Судијо мој!

И пак, надевајќи се, и покрај се`, само на Твоето бескрајно милосрдие, Господи, одново паѓам пред Тебе и Те молам: подари ми дух на вистинско покајание! Изведи ме од темнината на беззаконијата на мојата бедна душа! Да заблеска во мојот разум зрак од светлината на Твојата благодат, додека сеуште не сум заминал на Страшниот суд, кој ме очекува и каде што нема да има место на покајание!

 

Подготви: Стојанка Тежак

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3410
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…