логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Peshtera.Hozevit.jpg


II

Ви кажав неколку зборови за еден од трите вида на крстови, поточно за надворешните крстови: жалоста, несреќата и немаштијата. Сега ќе ви кажам нешто за вториот вид на внатрешните крстови.
Тие крстови се јавуваат за време на борбата со нашите страсти и похоти. Свети ап. Павле вели: "Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите и похотите" (Гал 5:24). - Го распнаа? Значи имало крст на кој што ги распнале тие страсти и похоти. Каков е тој крст? Тој крст е крстот на борбата со страстите и похотите. Да се распнат страстите, значи да се обезсилат, да се задушат, да се искоренат. Ако човек започне да се бори со некоја страст, тој ќе ја обезсили; доколку продолжи постојано со борбата, ќе ја задуши и со Божја помош сосема ќе ја искорени. Поради тоа што таа борба е навистина тешка, тешка и мачна, затоа се јавува како крст, длабоко вроден во нас. Кај оној, кој што се бори со страстите, честопати рацете како да се заковани, во главата му се впива трнлив венец, срцето му го прободува болката. Толку е тешка и болна таа борба.
Борбата не може да биде лесна и без болки, поради тоа што страстите се неприродни за нашата природа и придојдени од надвор. Но, и покрај тоа, тие се длабоко вкоренети во нас и нивното откорнување и отстранување не може да биде безболно. Ако пробаш да ги отстраниш - боли. Но таа болка е спасителна, и тоа спасение доаѓа само преку болка. На пример, при заболување од полипи (израсток во грлото): се појавува некое страно тело расте и пушта корени. Ако не ги пресечеш - нема да се излекуваш. А ако ги пресечеш - боли. Нека боли, но таа болка го враќа здравјето. Ако ги оставиш и не ги пресечеш, исто така боли, но таа болка не е за оздравување, туку ја засилува болеста и може до смрт да доведе. На пример, како се лекува Сибирскиот чир? Се пресекува израстокот и се гори местото. Кога го мачкаат - боли пеколно, но затоа пак дејствува оздравувачки. Ако не се лекува, болката си останува и може да доведе до смрт.
Истото е и во борбата со страстите. Нивното искоренување е болно, но затоа пак е спасително! - Ако ги оставиш и не ги искоренуваш, ќе причинат болки, тежина и страдања, но не за спасение туку за погубување и духовна смрт. Зашто:" платата што ја дава гревот е смрт" (Рим. 6:23).
Која страст не е болна? Гневот гори, зависта суши, похотта расслабува, навредената гордост смирено го разјадува срцето, скржавоста јаде и не дава мир. Така е и со секоја друга страст: завист, презирање, сомнителност, кавга, цревоугодие, самоугодие, пристрасност кон лица и предмети. Секоја од нив ја причинува својата мака и загриженост, така што да се живее според страстите е исто што и да се оди врз ножеви и жар со боси нозе, или да се биде во положба на човек на кого срцето му го кинат змии. Освен тоа, во кого ли нема страсти? - Во секого има! Штом има самољубие има и страсти. Самољубието е мајка на страстите. Само што страстите не се кај сите еднакво пројавени. При едни - преовладува една а при други - друга, и ги управува останатите. А додека има страсти има и измачувања од нив. Страстите го мачат секого и го распалуваат, но не за спасение; туку за смрт и погубување.
Затоа, кога ги носиш страстите, тие измачуваат и ти умираш.
Нели е подобро да се зафатиш со себеси и да си создадеш стрдања, но повеќе не за погинување, туку за спасение. Потребно е само да го свртиш ножот, и наместо да ги задоволуваш страстите да започнеш борба со нив и во се да им пречиш. Ке има болки и страдања во срцето, но тие болки ќе бидат лековити, по што наскоро ќе дојде успокојување и леснотија, исто како лековитата облога врз рана. На пример, ако некој лесно избувнува и му е тешко да го совлада својот гнев, и доколку сепак успее да го совлада доаѓа спокојство, а ако продолжи да се гневи уште долго ќе се измачува.
Ако  си  навреден  -  тешко  е да се совладаш и да простиш, но кога простиш ќе добиеш мир; а кога се одмаздиш - мир нема да имаш. Ако се   распалат   страстите  тешко  е  да  се  угаснат,  но кога  ќе  се  изгаснат ќе  се  види Божјата светлина, а ако не ги изгасниш ќе одиш како претепан. Така е со   секоја страст. Страста измачува а борбата со неа причинува жалост. Но првата состојба го погубува човекот а втората го спасува и го лекува. На секој пристрасен човек треба да му се каже: ти загинуваш врз крстот на страстите. Уништи го овој крст и создај друг - крст на борба со страстите. Ќе бидеш распнуван на него, но ќе се спасиш! Сето ова е јасно како ден, а изборот не би требало да ни прави потешкотии. Но, не секогаш во стварноста е така. Треба да се чудиме на нашата сопствена слепост. И покрај тоа што страдаме од страстите, ние продолжуваме да им робуваме. Ова можеме да го објасниме како непријателски однос кон себеси! Некои се обидуваат да се спротистават, но штом страста се пробуди во нив, веднаш се предаваат. Потоа пак се обидуваат и пак отстапуваат. Така прават многупати и се со истиот разултат. Просто е неразбирливо тоа ослабување на моралните сили. Во што се состои соблазнувањето и самосожалувањето? Во тоа што страста ти ветува планини    од наслади, а борбата ништо. Но, колкупати сме се убедиле во тоа дека задоволувањето на страстите носи повеќе страдања одколку одмор. Страста многу ветува, но ништо не дава, а борбата ништо не ветува - но дава се.
Ако уште не си го испробал ова, пробај и ќе се увериш. Нашата несреќа е во тоа што не можеме да се принудиме да го испробаме. Причината за тоа е самосожалувањето. Тоа е нашиот најлукав непријател и измамник - првиот изрод на самољубието. Ние се сожалуваме себеси и самите се погубуваме. Мислиме дека си правиме добро, но всушност си правиме зло, и колку повеќе напредуваме во самосожалувањето - толку повеќе расте нашата желба за   поголемо зло. Така злото постојано се зголемува и нашата крајна пропаст се приближува.
Всушност, да ја разгориме нашата ревност и машки да примиме распнување врз крстот за искоренување на нашите страсти и похоти. Да го отфрлиме самосожалувањето и да ја распалиме желбата за самоизмачување. Да се вооружиме со срце на лекар, кој при потреба не се плаши да прави тешки операции, изгорување дури на најблиски и почитувани лица. Нема да прекинеме со начинот и текот на борбата. Започнете го делото и тоа само ќе ве научи. Претпоставете си го спокојството, радоста и светлината, кои што ќе го преполнат срцето од победата над страстите и со тоа распалете jа желбата за борба со нив. Светлината, радоста и спокојството се раѓаат од самиот почеток на борбата, растат и се зголемуваат додека не стигнат до потполно спокојство на срцето, во кое што почива Бог. Божјиот мир, навистина, ги исполнува оние, кои што ќе го достигнат овој степен. Тогаш, навистина, многу јасно се гледа дека точно Крстот е дрвото на животот. Рајското дрво на животот останало во рајот, а наместо него на земјата е издигнато дрвото на Крстот. Целта е една - човекот да се потруди да биде жив. Дојди, залепи ја до него својата уста и пиј од него живот. Ке се прилепиш кон крстот, откако ќе го прифатиш самопожртвувањето, кога ќе  се разгориш со самораспнувањето, а ќе започнеш да добиваш живот од Него тогаш, кога ќе влезеш во борба со страстите. Секое надминување (секоја, победа) над страстите ќе биде примање на животворни сокови од живоносниот Крст. Прави го почесто тоа и побрзо ќе се напиеш и исполниш со живот. Чудесно е својството на самораспнувањето! Тоа како да одзема, но кога одзема - дава, како да отсекува, но кога отсекува - пресадува, како да убива но кога убива - оживува. Токму Христовиот Крст е Тој, преку Кого што смртта беше победена и животот подарен. Колку големо богатство! А голем ли е нашиот труд за да го достигнеме? Првиот чекор е мачен, а потоа станува се полесно и полесно.
Ревноста ќе се распали посилно и ќе се зголеми умеењето да победуваш, а непријателот ќе ослаби. Како што во обична војна војниците се плашат додека започнат, а после веќе го губат стравот и се им станува обично и лесно, така е и во духовната борба - само започни и понатаму борбата сама ќе се разгори и ќе биде се полесно. Затоа, колку што се поревносни и побрзи двобоите и дуелите - толку е поблизок крајот на борбата и посигурна почивката. Ако не ти достигнуваат силите да започнеш - моли се! Господ ќе те охрабри. Размисли колку е опасно да се остане во мрачната власт на   страстите.   Претстави си го чувството на трагичното мачење од страстите и ќе него-дуваш против нив и ќе посакаш да се избавиш од истите. Но, најмногу исповедај ја својата немоќ пред Господа, стој и чукај на вратата на Неговото милосрдие и викај за помош. Помошта ќе дојде! Господ ќе погледне на тебе и светлината на Неговите очи ќе го изгори во тебе самосожалувањето и ќе ја возбуди ревноста бодро да се вооружиш против страстите. Ако Господ е со тебе, кој ќе се осмели да е против тебе?
Господи, основателу на подвизите, Кој што не побудуваш со ревност за да го започнеме подвигот на борбата со страстите, Ти Сам дај ни сила да издржиме во неа, та под знамето на Твојот Крст да војуваме добро. И дај ни да гледаме на Тебе како   на   Началник   и   Создател, Кој што преку крстот го изврши нашето   спасение   и   ни   дарува живот.

Korica.Trislova.jpg

Издавач: Издавачка установа  Канео при

Дебарско - кичевската епархија

(Продолжува)

Друго:

Св. Теофан Затворник - Три слова за носење на крстот(1)  

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная