логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


crkva.drvja.jpgБлажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце и кој не се насладува од злоречие против другите, а се спротивставува на таа страст! Кој не зборува лошо за другите, тој се запазил себеси беспрекорен; таков човек не сретнува пречки и совеста му е чиста. Кој го одбегнува духот на злоречието, тој се запазил од зближување со зли луѓе и победил многу бесови. Кој не го придобил јазикот на злоречието – тој спечалил огромно богатство. Кој не е склон кон лошо зборување за другите – тој го избегнува братоубиството и таков човек не може да биде озборуван од другите. Кој одбегнува општење со злоречивите – тој ќе се вброи меѓу Ангелите. Кој не осквернил уши и јазик со лоши зборови – тој е исполнет со лекарството на љубовта. Кој не ја осквернува устата своја со злоречие – тој се насладува со плодовите на светиот Дух. Затоа навистина блажен, пак ќе кажам, преблажен е оној кој се запазил себеси од злоречие.

     Кој што се насладува од злоречие кон другите, тој јасно покажува дека самиот е заробен од тоа за што ги озборува другите. Зашто, кој го озборува другиот, таквиот се озборува самиот себеси; тој е плотски човек, сплеткан во мрежата на светот. Во злоречивиот човек има се: и клевета, и злоба, и потслушнување – затоа тој се третира како братоубиец, без жал и немилосрден. Меѓутоа, кој секогаш има во себеси страв Божји и кај кого срцето е чисто, тој не сака да ги озборува другите, не се насладува на туѓи тајни и не наоѓа успокојување во падот на другите. Кој се научил на злоречие, треба да се искупи преку солзи и плач, зашто нема нешто позлобно од озборувањето. Не затоа ли и Светиот Апостол Павле, откако ги осудува порочните дела, ги предизвикува оние кои ги вршат и вели: „...ниту крадците, ни користољубците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат Царството Божјо“(1.Кор. 6,10).

 


 Извор: http://www.mpc-svpetka.com/

Посети:{moshits}

 


 
 

 


 
 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2667
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…