логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT832

Како сефалната Ефимија му се јавила на старец Пајсиj


              Еднаш, еден од монасите – духовно чедо на старец Пајсиј – дошол во каливата на Чесниот Крст. Старецот се наоѓал во дворот на каливата и непрестајно, од сесрце повторувал: „Слава Тебе, Боже“. Тој ги повторувал тие зборови повторно и повторно, и обраќајќи се кон монахот гостин му рекол: „Вака на човек му станува непријатно – во добра смисла на зборот“. „Каков човек, старче?“ – „Јас мирно си седев во келијата, а таа дојде и ме извади од секојдневието. Добро си живеат таму, горе“. – „Старче, што зборувате?“
– „Ќе ти раскажам, само никому да не зборуваш за тоа“.
И старецот го раскажа следното:
               ,,Неодамна, јас излегов во светот за едно прашање, кое се однесуваше на Црквата, и повторно се вратив на Света Гора. Во вторникот, околу десет часот изутрината, јас бев во келијата и ги читав часовите. Одненадеж слушнав тропање на вратата и женски глас: „По молитвите на светите отци наши…“ „Од каде на Света гора жена?“ – се зачудив јас, но истовремено, почувствував во срцето некаква Божествена сладост. Прашувам: „Кој е таму?“ Слушам одговор: „Ефимија“. – „Каква Ефимија? – си помислив. – Белким не е некоја луда, која се пресоблекла во машка облека и дошла на Света Гора? И што да правам?“
                 А таа пак тропа. Јас повторно прашувам: „Кој е таму?“ И таа повторно одговори: „Ефимија“. Јас не знаев што да правам, и не ја отварав вратата. А кога таа тропна по трет пат, вратата се отвори сама, иако однатре беше затворена со резе. Слушнав чекори во ходникот, излегов од келијата и видов пред мене жена со марама, слична на шал. Покрај неа стоеше некој, сличен на евангелистот Лука – но наеднаш некаде исчезна. Жената излачуваше светлина, и затоа, јас бев уверен дека тоа видение не е од лукавиот. Сепак, без оглед на тоа, ја прашав: „Која си ти?“ „Маченичка Ефимија“ – ми одговори таа. „Ако, – ѝ реков, – ти си маченичката Ефимија, да одиме, да ѝ се поклониме на Света Троица. Што ќе правам јас, ти повторувај по мене“.
               Јас влегов во храмот и направив земен поклон со зборовите: „Во името на Отецот“. Таа ги повтори тие зборови и направи земен поклон. „И Синот“, – реков јас. „И Синот“ – повтори таа со тенок глас. „Зборувај погласно, – реков јас, – да те слушам“, и таа ги повтори зборовите погласно.
                 Јас стоев во црквата, а таа – во ходникот. И поклони правеше не кон храмот, туку кон мојата келија. Отпрвин се зачудив, но потоа се сетив, дека над влезот од келијата, кај мене стоеше една малечка, залепена на штичка, икона од Света Троица. Кога се поклонивме и по третпат со зборовите: „И Светиот Дух“, јас реков: „Сега, јас тебе ќе ти се поклонам“. Јас ѝ се поклонив, ѝ ги бакнав нозете и челото, сметајќи дека ќе биде неприлично да ја бакнам на лицето. После тоа, светителката седна на клупата. А јас – на сандакот, и таа ми го разреши едно црковно прашање, кое ме мачеше. Потоа ми раскажа за својот живот.
                  Јас знаев, дека во Црквата има светителка по име Ефимија, но не се сеќавав на нејзиното житие. Кога таа ми раскажуваше за нејзините измачувања за Христос, јас не само што слушав, но и како да ги гледав, доживував тие измачувања. Ме опфати трепет, ужас! Ах, какви сè маки преживеала!.. „Како ги издржа тие маки?“ – ја прашав јас. „Кога би знаела за тоа, во каква слава се наоѓаат светителите, би направила сè што е можно, да бидам подложена на уште поголеми маки“, – одговори таа.
              После тој настан, јас три дена не можев ништо да правам: едноставно, скокав од радост и непрестајно го славословев Бога. Не можев ни да јадам, ништо, ништо… само славословие – непрестајно“. Во едно од писмата, старецот вели: „Во сиот мој живот јас нема да можам да го отплатам мојот голем долг пред светата Ефимија, која – иако беше непозната за мене, и немајќи никакви обврски кон мене – ми направи толку голема чест…“
                Раскажувајќи за тој настан, старецот со смирение додаваше: „Света Ефимија ми се јави, не затоа што бев достоен за тоа, но затоа што ме вознемируваше едно прашање, поврзано со состојбата на Црквата. А освен тоа, имаше уште две причини“. Старецот бил поразен од тоа, што „светата – толку кревка, слабечка – како издржала толку страшни маки? Разбирливо е, ако беше крупна, силна жена… А таа – во што ли се држела нејзината душа“.
                Наоѓајќи се во состојба на таква рајска радост, старецот составил во чест на света Ефимија стихира (подобна на „Со какви пофални венци…“) : „Со какви пофални венци да те прославиме Ефимијо, која одозгора слезе и го посети окајаниот монах, што на Капсала живееше. Трипати во вратата негова тропна, и четвртиот самата чудесно се отвори, и влегувајќи со небесна слава, Христова маченичке, се поклонивте заедно на Троицата Света“. И екзапостилар (Подобен: „Учениците се собраа“): „Великомаченичке славна Христова Ефимија, те љубам многу-многу, после Светата Панагија…) Секако, старецот не ги составил овие стихири за литургиско користење. Тој дури не ги пеел ни во присуство на подалечни луѓе.
               Без оглед на немањето желба да патува во светот, старецот, нарушувајќи ги своите правила, повторно заминал во Суроти, и раскажувајќи им за она што се случило на сестрите, ги направил сопричасници на својата небесна радост. Со помош и под раководство на старецот, сестрите нацртале икона на света Ефимија во оној вид, во кој му се јавила.
              На парче челик, старецот своерачно изгравирал икона на света Ефимија и со помош на таа матрица правел дрвени иконки, кои потоа ги раздавал на поклониците во нејзина чест. При гравирањето на матрицата, старецот никако не успевал да ги направи прстите на левата рака на светителката. „Многу ми се смачи, да ѝ ја пресекувам раката, – раскажувал старецот, – но потоа вклучив добра помисла: „Можеби, тоа е затоа што и јас бедниот ја измачив со моите „проверки“.
Во Минејот, под 27-ми февруари, старецот потпишал:
„†Света Ефимија!!!!!!“
Јеромонах Исак,


Житие на старец Пајсиј Светогорец, Света Гора, 2006. Стр. 220-224. извор : ППЕ

 

Православно секојдневие - Daily Orthodox

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2013
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2034
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 483
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная