логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer184

Добро е ако умееш да ги разликуваш основните гревови од второстепените. Доколку не умееш, научи! Тоа е многу важно. Мораме да знаеме поради што треба највеќе да чувствуваме скрушеност и што да поправиме. Еве, на пример, ако сме расеани на молитва, доколку во црквата не напаѓа дремеж и ако сме невнимателни, ако не нè интересира дури ни читањето на Светото Писмо, тоа се случува или поради маловерие и недостаток на љубов кон Бога, или заради мрзливост и безгрижност.

Доколку во Црквата, за време на богослужбата шетаме, разговараме и се туркаме, ако на миропомазанието, крстот и плаштаницата им приоѓаме без свештен страв, задржувајќи ги оние кои стојат позади нас, и ако се туркаме пред оние кои стојат пред нас, доколку чекајќи да земеме богојавленска водичка и водичка од мало осветување и ако на молебените не стоиме во ред, туку се туркаме, такаречи, преку туѓите глави, тоа значи дека во нас нема страв Божји и љубов кон ближните.

Доколку многу се грижиме за својата надворешност и уредувањето на домот, тоа значи дека сме суетни.

Доколку премногу ги примаме при срце неуспесите во секојдневниот живот, ако тешко поднесуваме разделување, неутешно плачеме по починатите, тоа говори дека не веруваме во Божјата Промисла и така натаму. Во нас има самооправдување, нетрпење на прекори, суетност, тврдоглавост, но уште поважно е да се увиди нивната врска со себељубието, самољубието, вообразеноста и гордоста и токму кон овие основни гревови треба да го свртиме целото свое внимание.

Постои добро средство кое нè доведува до познавање на сопствените гревови – треба да се сетиме за што нè обвинуваат луѓето, особено оние кои живеат покрај нас, ближните. Нивните обвинувања, прекори и напади, речиси секогаш се основани.

При испрашувањето на себеси, треба да внимаваме да не паднеме во претерана сомнителност кон секое движење на срцето. Доколку тргнеме по тој пат, можеме да го изгубиме чувството за разлика помеѓу битното и небитното. Во тој случај, треба да го оставиме себеиспрашувањето и со молитва и добри дела да измолиме прошка и да ја просветлиме душата.

Подготовката за исповед не се состои само во тоа што е можно подетално да се присетиме, или дури и да ги запишеме своите гревови, туку, пред сè, во тоа искрено да станеме свесни за својата вина, па своето покајание да го доведеме до скрушеност на срцето, и доколку е можно, да пролиеме солзи на покајание.

Схиигумен Сава Псково-Печерски

 https://www.tiveriopol.mk/osnovni-i-vtorostepeni-grevovi/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3798
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…