логоFacebookTwitterYouTubeeMail



sv.filaret.moskovski7.jpgЗа духовни дела пред се е потребен Божји благослов, а тој може да се задобие само ако побудите ни се чисти, а не ако во позадината на нашите намери стои угодување на нашата суета.

Несреќната случајност може да прерасне во несреќен обичај.

Неопходно е едноставноста да ни биде без мудрост.

Како уште не си сфатил дека едноставноста ослободува, а дека секоја комплицирана префинетост порано или подоцна создава мачнина. Срамота е што неправославните подобро ја почитуваат неделата отколку оние кои себеси се нарекуваат православни. Понекогаш овој хаос не може да се исправи со човечки средства, па би требало да се исплашиме дека од Небо ќе ни стигнат уште пострашни казни од оние кои веќе ги трпиме.

Служењето на Бога се состои и во тоа да не инсистираме премногу на тоа да го спроведуваме своето, па макар и со добра желба и со чисто срце да слушаме што другите, добронамерно и со љубов, ни предлагаат.

Не би требало да се колебаме да им чиниме добро на ближните, потпирајќи се на Бога, а не на себе. На оној кој вака постапува Господ нема да му ја одбие Својата заштита и милост.

Искрената отвореност не би требало да ја примаме како чин на слободниот разум, со истата онаа почит и страв Божји, со која се прима тајната на христијанската, Божја душа.

Треба да се чуваме да не напишеме или кажеме повеќе, или помалку од она што го кажува вистината. Оваа внимателност не е тешка, а само таа е потребна.

Само на вистина и на правда може да се гради мир, и за себе, и за другите.

Секако, полесно се поднесува доброволното унижување, отколку она кое ни го нанесуваат други. Така е со секој подвиг. Но, што е покорисно?

Кога гледаме дека страдаат оние кои се добри, тоа предизвикува посебна жалост. Таа не е остра, но е длабока.

На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата.

Се се раѓа и расте во молчењето. Делата кои се обзнаени пред време, често завршуваат само со ѕвечење на зборовите.

Добро е молчењето со кроткост и смирение, добар е и зборот кој изразува љубов кон доброто и стремеж кон правдата. Радувајте Му се на Господа и тогаш кога овој свет не ни влева радост, или кога, што е уште полошо, не соблазнува со веселењето што е налик на крцкањето на гранките кои горат под котелот.

На цврстата вистина слабите докази не само што не и користат, туку и нанесуваат и штета, бидејќи им ги откриваат ранливите места на непријателите. Какви и да се околностите, не треба да очајуваме. Безволноста нема да направи околностите да станат подобри, а нам може да ни биде само полошо.

Светите Отци не учат да не размислуваме многу за луѓето кои се во подобра ситуација од нас, иако тие на тоа немаат ни повеќе ни помалку права отколку ние. Подобро е да гледаме на оние кои имаат исто толку право колку и ние да се наоѓаат во некоја пријатна ситуација, а се наоѓаат во многу полоша, отколку ние. Оној прв начин на размислување не води во роптање или во завист, а овој другиов, ни помага да бидеме задоволни со она што го имаме.

Дали е добро да се повикуваат другите да одат и да ја даваат нивната душа за браќата, а својата душа да се носи таму каде што таа сака и каде што и е полесно? Бидете мудри како змии и незлобиви како гулаби. Овој совет ни е даден за сите животни прилики, па и за оние најтешките.

Голем подвиг е да Му се принесе на Бога на жртва се она по што копнееме, што во овоземниот живот не забавува и развеселува.

Многу е покорисно да се грижиме за тоа како да го дочекаме својот крај во мир и во добра надеж, отколку да мислиме за тоа каде ќе не поканат, или да правиме скапи гробници.

Ако и одеднаш почувствуваме дека животот ни станал терет, би требало да го кренеме погледот кон Господа и да не се жалиме како животот ни здодеал. Бог ни го дава и ни го продолжува заради нашето спасение, па треба да го сфатиме како дар. На Оној Кој не дарува треба да Му се заблагодариме, а не да се жалиме.

Не треба да се подвизуваме на секој начин за кој чуеме нешто. Не секому му е даден секој подвиг на корист.

Ако е кажано дека богатството треба да се стекнува само од себе, а не во него да го вложуваме своето срце, зар не е погибелно ако нашето срце копнее по него?

Искусната мудрост вели: во радоста на заборавај да се подготвиш за жалост, а во жалоста на заборавај да се надеваш на подобро.

Ако Господ ви дарувал радост, во вашата душа да биде рај, настојувајте тој рај таму и да остане. Не престанувајте да работите на него и да го чувате, трудејќи се, според своите способности, таму да чините добро и да со воздржувате од се што не бива по Божјата волја, туку по човечкото самоволие.

Мислата дека некого не љубиме не се слага со душевниот мир. Затоа не треба ни да мислиме за тоа. Треба да се молиме за ближниот и да не ги заборавиме своите обврски и волјата Божја.

Научете да бидете едноставни. Не ословувајте ги луѓето со посебни имиња кои се над нив. Не занесувајте се со непотребни идеи.

Кон оној од кого сакаме да ја чуеме вистината, а особено духовната вистина, треба да му пристапиме со проста вистина и да не го величаме залудно, оти ако тој е слаб и се полакоми на величањето, веќе нема да биде во вистина па веќе ни ние не ќе можеме од него да ја чуеме вистината. А ако биде строг, може да се случи и да не ни одговори.

Заповедта да не ги љубиме синот и ќерката повеќе отколку Господа може да ја изврши и оној кој живее заедно со синот и ќерката, а може да ја прекрши и оној кој не живее заедно со нив. Размислете, во каква ситуација ќе можете подобро да ја извршите оваа заповед, па така и живејте.

Подготви: Б.Ѓ.

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2665
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…