логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Бог е вечна и бесконечна Светлина, неприкосновена, ниту за умот достижна, ниту со збор искажлива, неопфатна и недопирлива. Таа е просвештение за секое разумно создание. Таа е за духовниот она што е сонцето за видливиот свет. Таа го просветлува овој видлив свет и го прави забележлив за телесните очи. Доколку се осветлуваме, Таа Светлина е чувствувана од нас; доколку е почувствувана, Таа буди љубов кон Себе; и доколку е возљубена, дотолку е спознавана од нашиот разум. Тука запира секоја желба. Над Неа не може никој да се издигне, ниту, пак, некој може да Ја опфати, оти ништо не е, не било и не ќе биде повисоко и поголемо од Неа. Само Таа се познава Себеси, таква каква што е; само Таа се созерцува и опфаќа Себе, покажувајќи им малку од својата суштина и на оние што се надвор од Неа. Никој не видел ниту слушнал, ниту некој може да Го види Бога во Неговата суштина.

Само Он е единствен Творец на сѐ – видливото и невидливото. Ние говориме за таа светлина, која е во Отецот и Синот и Светиот Дух. Нивното Божество е во три Ипостаси, и во едното сјаење на светлоста. Ние имаме еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ, и еден Дух Свет, во Кого е сѐ.

***

Браќа, да бидеме трезвени и со чиста совест да пристапиме кон телото и крвта Божји (Причеста), без да имаме непријателство со никого; да не се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме  од срце да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно, во кое дојде да нѐ повика Христос, нашиот вистински Бог, Синот Божји, Кој е двоен по природа, еднакво славен во (Света) Троица.

***
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Браќа, да се отрезниме и да не се именуваме христијани само по име, туку да се потрудиме со добри дела и со кроткост и пост да стекнеме смирение и љубов кон сите, зашто тие ги очистуваат душата и телото и нѐ прават рамни на ангелите, и нѐ водат на небото. И милостина давајте непрестајно, зашто таа ги мие сите прегрешенија од нас, и ги отвора небесните врати.

***

Браќа, да се потрудиме да направиме богоугодни дела, зашто преку тие дела ќе се наречеме синови Божји и, откако овој живот ќе го проживееме добро, да се удостоиме и за идните блага, славејќи ја Троица во Единица, едно Господство, една светлина во три Лица; едната природа не ја делиме на три бога, трите Почетоци ги собираме во едно Божество – во Отецот и во Синот и во Светиот Дух.

***

Браќа, да не бидеме мрзливи, и ние, кога имаме таков милостив Господ, туку да отфрлиме од себе секаква злоба, завист, клевета, срамни дела и недолични постапки, и со чиста совест да дојдеме во Божјата Црква и, со страв стоејќи во неа, да бараме прошка на гревовите и вечен живот, за да бидеме достојни да пристапиме кон пречистите тајни на телото и крвта Христови. Зашто тоа дело Божјо (светата Причест) нѐ прави достојн заедничари на Царството небесно.

***
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Браќа, секогаш кога се собираме во црква, потребно е со љубов да Му оддаваме почит, поклонување и пофалби на Единствениот Бог, Кој со три својства, односно Ипостаси, што може да се разбере и како Лица, бидејќи во тие три Лица Божеството е неразделно, со една власт и сила устројува сѐ. Трите Лица имаат една и иста власт, едно царство, едно Господство, една сила и една чест, и едно поклонение оддавано непрестајно од сето создание.

 

Извор:

https://mpcaus.org/izbrani-pouki-od-sveti-kliment-ohridski/?fbclid=IwAR0ApEhQTt1o8em5VoQx1ARd08FOO5xDCYQtS5s780x1dduCRB1JOAjCW2I

 

 9ти август 2021 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1949
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…