логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Писмо 10

,,Никако не можам да управувам со молитвата, мислите постојано ми бегаат. Некој ме посоветува да ги научам молитвите напамет, уверувајќи ме дека кога ќе почнам да ги кажувам напамет мислите помалку ќе скитаат. Јас ги научив и ги кажувам напамет, но расеаноста не се смалува; ни два збора да кажам, а мислите се оддалечуваат од молитвата, така што мора да се вратам назад. Многу сакам да се научам да бидам нерасеана во молитвата“ .

Нерасеаната молитва е дар Божји, кој се дава на упорните молители. Така барајте и ќе најдете. Вие, можеби го знаете правилото на свети Макариј Велики, дека ако сакаш да стекнеш некоја добродетел, тогаш треба да се принудиш себеси на неа, или да се вежбаш упорно во неа, и Господ, гледајќи го твојот труд и гледајќи со каква сесрдност ја бараш таа добродетел, ќе ти ја даде да ја привиеш кон твоето срце, така што таа кај тебе ќе биде како природно чувство и расположение. Истиот закон важи и за стекнувањето нерасеана молитва. Извршувајте го, без да ве мрзи, секој за вас можен молитвен труд, и Господ на крајот ќе ви подари нерасаеана молитва. Посетувајте ги црковните служби; тие подобро од се' го развиваат молитвениот дух; дома молете се според молитвеникот или напамет, читајте готови молитви или свои сопствени, изговарајте ги според состојбата на вашиот дух - и стоејќи, и седејќи, и одејќи, и работејќи, секогаш повторувајте која било молитва или кој било стих од псалмите, но сето тоа сесрдно, желни за молитва, со страв Божји и со скрушеност на срцето, без никакво попуштање на расејувањето на мислите, и притоа непрестајно така исполнувајте се за веќе и самите да тежнеете, не попуштајќи и не отстапувајќи, додека не дојде вистинската молитва, која произлегува од срцето.

Учењето молитви е еден од начините на молитвен труд. А, вие помисливте дека само ако подобро, побрзо ги научите и почнете да ги кажувате напамет, тогаш молитвата ќе се прелие од срцето. Сега гледате дека таквото очекување не се оправдува со дело. Но, за тоа не е виновно учењето молитви и нивното кажување напамет, туку начините кои притоа се употребуваат, начини кои зависат од оној кој ги научил и ги изговарал напамет.
Молитвите не треба да се учат толку напамет колку со умот и срцето. Потребно е да се влезе во духот на молитвата, да се црпат мислите кои таа ги дава, да се усвојат и да се почувствуваат: така што кога ќе почнете да ја кажувате молитвата научена напамет, мислата и чувството да одат напред, а по нив зборот на молитвата. Како што гледате, и овде е потребно напрегнато внимание, и некојси притисок на срцето, заради предизвикување на потребните чувства. И тогаш таквото молитвословие ќе биде силно средство за воспитување на молитвениот дух. Научената молитва веќе е на некој начин внатрешна и од неа е побрз преминот на молитвата во срцето и од срцето.Обидете се да кажувате молитви напамет, насочете го нивното мисловно читање внатре во срцето. Ако тоа ви успее, тогаш и навиката на нерасеаната молитва кај вас ќе тргне поуспешно.
Но, сето тоа е начин за стекнување вистинска молитва, а не самата молитва која е вознесување на умот и срцето кон Бога. Пристапувајќи кон молитвословие, секогаш е потребно претходно да се насочуваат умот и срцето кон молитва, покренувајќи ги на страв Божји и скрушеност на срцето. Свети Василиј Велики советува секоја молитва да се започне со сеќавање на големите доброчинства Божји и со благодарење за нив, а кон тоа да се присоединува сеќавањето на гревовите, кои го навредуваат Добротворот, и срдечното скрушување поради нив, и потоа дури да Му се вознесуваат на Бога своите молења за своите внатрешни или надворешни потреби, и тоа со мисла с# да се обраќа на слава Божја. Мислам дека ако така се подготвува некој за секое молитвословие, тоа ќе протекува со помалку бегање на мислите.
Но, и тоа е молитвен труд, а не самата молитва која доаѓа од срцето. А, таква молитва барајте, кон неа стремете се и ревнувајте да ја стекнете. Но, запомнете дека без долг труд, непрекинат и упорен, ништо нема да добиете. Во ,,Добротољубието” се пишува за еден старец кој две години се борел барајќи ваква молитва и таа насила се запалила. И запалувајќи се, продолжила непрестајно да гори. Тогаш дошол и крајот на бегањето на мислите. Одете и вие по овој пат и ќе дојдете до истото.


 

Извадок од книгата: Писма на вечното спасение - свети Теофан Затворник



Превод: сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/sveti-teofan-zatvornik-pisma-na-vecnoto-spasenie/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3176
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2504
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…