логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Христовиот Крст и Исусовото име далеку ги прогонуваат демоните и затоа е важно, толку неопходно, да се кажува Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“. Кај светите луѓе таа е непрестајна.
          На одредено растојание од манастирот на преп. Паисиј Величковски имало келија во која монасите се подвизувале во осамеништво (тихивајќи). Еднаш на Паисиј му се јавиле демони и му рекле: „Отстарни ги тие своеволни монаси, зошто да живеат одвоено, нека живеат заедно со вас во манастирот“. Тој ги прашал: „А зошто ви сметаат тие?“ - „Тие нѐ горат (печат)“ – одговориле демоните. Ги гореле, не сетилно, туку со непрестајната Исусова молитва, која е огнен пламен за непријателите. Неопходно е секогаш да се победува непријателот со тоа оружје како што песот, кога го удираат со стап по главата, на крајот, отстапува од човекот. Така и демонот, горен со камшикот на Исусовата молитва, ќе побегне од нас, ако ние ја кажуваме оваа молитва.
Со кажување на Исусовта молитва, ние може да не чувствуваме свесна возбуда во овој живот, но затоа, целосно ќе ја почувстуваме во идниот живот.
          Исусовата молитва се дели на три или четири степени. Првиот степен – усна молитва, кога умот често бега и човекот мора да вложува голем напор за да ги собере расеаните мисли. За оваа молитва е потребен труд, но истата на човекот му дава покајничко расположение. Вториот степен е умносрдечната молитва, кога умот и срцето, разумот и чувствата се едно; тогаш молитвата се извршува непрестајно, без разлика што и прави човекот – јаде, пие, одмора – молитвата си тече. Третиот степен - тоа е веќе дејствителна молитва, која е способна со еден збор да вознесува горе. Таква молитва имал, на пример, преподобниот пустиножител Марко Трачески. Еднаш, кај него дошол монахот Сава Серапион. Во разговорот, Марко го прашал: „Дали кај вас сега има такви молитвеници кои можат и планини да поместуваат?“ (Мат. 17, 20). Кога го кажал тоа, планината на која биле, се затресла. Преп. Марко, обраќајќи ѝ се како на жива, ѝ рекол: „Биди мирна, јас не зборувам за тебе!“


Преподобен Варсануфиј Оптински+

 

Избор од фб на  Оливера Соколова Македонска

 

Друго:

 

Преподобен Марко Трачески

Се нарекува уште и Атински, според неговото родно место Атина. Кога таму ги заврши високите школи, родителите му умреа. Тој во себе помисли дека благовремено треба да се подготви за чесно заминување од овој свет. Откако им го раздаде имотот на сиромашните, седна на една штица и тргна по морето со тврда вера во Божјата помош и молејќи Го Бога да го одведе на место коешто ќе ѝ биде угодно на Неговата Света волја.

Промислителот Бог го одведе во Ливија (или Етиопија), на планината наречена Траческа. На оваа планина Марко се подвизуваше полни деведесет и пет години и не виде таму ниту човек ниту ѕвер. Цели триесет години водеше страшна борба со демоните и се мачеше со глад и жед и жега и мраз. Јадеше земја и пиеше морска вода. После триесет години најжестоко страдање демоните победени побегнаа од него, а ангел Божји почна секој ден да му носи храна во вид на леб, риба и овошје.

Пред смртта дојде да го посети Св. Серапион, којшто потоа и го објави житието на овој чудесен светител. Го запраша Марко Серапион: „Има ли денес христијани во светот кои кога би ѝ рекле на оваа гора: „Дигни се одовде и фрли се в море “, тоа и би се случило?“ Во тој миг накај морето се крена планината на којашто седеа самите. А Марко замавна со раката и ја запре. Таква чудотворна сила имаше овој Божји човек. Пред смртта се помоли за спасението на луѓето и Му ја предаде својата душа на Бога.

Св. Серапион ги виде ангелите што ја зедоа душата на Св. Марко и раката што се пружи од небото за да ја прифати. Свети Марко поживеа сто и триесет години и се упокои во Господ околу 400 година.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…