логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 лого

20ти ноември   2020 лето Господово

 

Гледам, одиш во црква. Не ме интересира што ќе правиш таму, иако мислам дека ќе се молиш. Не се грижам ниту малку за тоа дали ќе стоиш пред олтарот или таму покрај вратата, дали ќе се молиш седејќи или клечејќи, со наведната глава или со затворени очи или, пак, ќе гледаш во иконата на олтарот, ќе се удираш во градите, ќе ги движиш усните шепотејќи ги зборовите од молитвата, или ќе ја вртиш бројаницата меѓу прстите. Сето тоа се надворешни и едноставни дејствувања со коишто не е тешко да го измамиш човекот.
Те чекам надвор! Кога ќе излезеш од црквата и ќе се вратиш помеѓу луѓето, подготви се за средба со мене. Тогаш немилосрдно ќе те следам, ќе те надгледувам, ќе судам, а можеби и ќе те осудам. Имам право тоа да го направам. Имено, сакам да знам: Дали во црквата навистина си разговарал со Бога или само си се подигрувал со Него... Сакам да се уверам – дали молитвата навистина го прави човекот поинаков и подобар? Доколку се уверам дека си дрзок, лаком, себичен, раздразлив, навредлив, завидлив, брблив, површен, ќе знам дека твојата молитва не чини. Доколку се уверам дека во семејството, на работа, во училиште, на пазар, во автобус, на улица не знаеш да разговараш со луѓето, со сигурност ќе знам дека ниту со Бога не знаеш да разговараш. Ако некој непрестајно треба да те теши, да те фали, ќе знам дека во црква не си одел заради Бога, за да го славиш, туку да се поклонуваш сам на себе.
Но, доколку од твоите усни извираат мирни зборови, радост, зборови на доверба и утеха, ако твоите очи бидат отворени за неволјите на ближниот, а твојата рака ги подига немоќните, ако твоето срце има разбирање за другите и ако простува и љуби, ќе знам дека во црквата навистина си разговарал со Бога.
Те чекам надвор!

свети Серафим Вирицки

 

Избор од ФБ страна на:

манастир Зрзе

 

20ти ноември 2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2017-11-18 03:40:08

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2257
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…