логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Спасителна е прегратката на нашиот Господ и учителː„Оној, што до крај ќе поднесува, тој ќе биде спасен“. И повторноː„Ако опстоите на мојот збор, навистина сте мои ученици и ќе ја спознаете вистината. А вистината ќе ве ослободи“. Треба да се поднесува и да се истрајува, премили браќа, за да можете да бидете допуштени до надежта за вистината и слободата и за да можете да стигнете до самата слобода, зашто, бидејќи сме христијани, ова е прашање за нашата вера и надеж. Но, за да можат надежта и верата да дадат плод, треба да се има трпение. Зашто ние не ја следиме сегашната слава, туку идната, согласно со она, на што и апостолот Павле нè опоменува, велејќиː „Со надежта сме спасени. Но надежта, што е видлива, не е надеж, зашто, ако некој гледа нешто, на што тогаш се надева? Ако пак се надеваме на нешто што не го гледаме, тогаш, преку очекувањето се надеваме на него. Очекувањето и трпението се нужни, за да можеме да го исполниме она, на што се надеваме и во што веруваме.

Потоа, на едно друго место, истиот апостол порачува дека праведниците и оние, што вршат добри дела, за збогатување на небесните ризници, и тие да бидат трпеливи, па учи и поучува велејќиː „Додека имаме време, да правиме добрини кон сите, но најмногу кон оние кои се блиски до верата. А пак, правејќи добрина да не отстапуваме, зашто по свое време – ќе жнееме“. Тој опоменува да не се откажува некој нестрпливец од правењето добри дела и никој да не се откажува, предизвикан од искушенијата или победен на сред пат кон пофалбата и славата, за да не пропадне и она, што порано е направено, ако се откажат да го свршат она, што веќе го започнале, како што е запишаноː „Држи се храбро за она што го имаш, за да не го земе некој друг твојот венец“. Овој збор поттикнува трпеливо и храбро да се истрајува и оној, кој со божеска слава се стреми кон венецот, благодарение на истрајното трпение, нека биде и овенчан.

А пак трпението, премили браќа, не само што ги чува добрините, туку и ги гони несреќите. Подржувајќи го Светиот Дух и сврзувајќи се со сè она, што е небесно и божествено, против делата на плотта и телото, со кои душата е освоена и обземена, тоа се бори со крепоста на своите доблести. Да разгледаме најсетне некој од бројните примери, за да се разберат од овие неколку и останатите. Прељубата, измамата, убиството се смртни гревови. За да биде трпението само и постојано во срцето, посветеното тело не се скверни со прељуба и невиноста, завештана на праведноста не се гнаси во допир со измама, ниту пак раката, што понела евхаристија се опетнува со меч и крв.

Љубовта е оков на братството, основа на мирот, тврдина и цврстина на единството, коешто е поголемо и од надежта и од верата; оди пред  делата и мачеништвата; таа постои секогаш и вечно ќе остане со нас и во царството небесно. Одземи ѝ го трпението – останата сама и таа не опстојува. Одземи ѝ ја суштината на воздржувањето и поднесувањето – таа не истрајува со никакви други корени или сили. Апостолот потоа, кога зборува за љубовта, со неа ги поврзува и подносливоста и трпениетоː „Љубовта“, вели, „е великодушна, љубовта е благодетелна, љубовта не соперничи, не се возгордева, не се раздразнува, не мисли зло, љуби сè, верува сè, се надева на сè, поднесува сè“. Оттука покажува дека таа може цврсто да истрае, зашто знае да издржи сè. И на друго местоː „Вие што взаемно издржувате во љубовта, доволно чините да го сочувате единството на духот преку сврзувањето со мирот“. Докажа дека не може да се сочува ни единството на мирот, ако браќата со заедничка подносливост не се заштитуваат взаемно и со помош на трпението не ги чуваат веригите на слогата.

И што потоа? Да не се колнеш ниту проколнуваш, да не го бараш она, што ти е одземено откако примиш заложници, да го подаваш и другиот образ на оној што те удира, да му ги простиш на братот кој ти згрешил не само седумдесет пати, туку сите негови гревови, да ги љубиш своите непријатели, да се молиш за твоите противници и прогонители – ќе можеш ли сето тоа да го поднесеш без цврстината, што ти ја дава трпението и подносливоста? Ова го гледаме остварено кај Стефана, кој, кога беше убиван од Јудеите со насилство и камења, не бараше одмазда за себе, туку прошка за убијците велејќиː „Господи, не сметеј им го ова за грев“. Требало да биде така што првиот маченик за Христа, којшто со својата славна смрт ги претече идните маченици, да биде не само предвесник на Божјото страдание, туку и подржавател на трпелива Кроткост.
А што да кажам за гневот, за неслогата, за соперништвото, коишто не треба да ги има кај христијаните. Нека има трпение во срцето и тие нема да можат да најдат место таму, или ако и се обидат  да пријдат, задржани, бргу отстапуваат, за да опстои во срцето миротворно пребивалиште, каде што би се радувале да обитава Бог на мирот. Потоа апостолот советува и учи велејќиː „Немојте да го жалостите Светиот Дух Божји, во кој сте обележани во денот на искупението. Сета горчина, срдба, гнев, викот и погрда нека бидат далеку од вас“. Зашто, ако христијанинот се ослободил од бес и од плотен нагон како од морски витли и веќе почнал да бивствува спокоен и благ во пристаништето на Христа, не треба да допушти во срцето да носи ни гнев ни неслога, зашто нему не му доликува ниту да враќа на зло со зло, ниту да мрази.
Трпението е нужно и за разни плотни непријатности и често тешки телесни измачувања, коишто секојдневно го истоштуваат и потресуваат човечкиот род. Зашто, кога со она прво пречекорување на правилото се губи цврстината на телото заедно со бесмртноста, а со смртта доаѓа бессилие и  не може да се поврати, освен ако не се придобие бесмртноста, треба во оваа телесна трошливост и бессилие секогаш да се бори и судира, а оваа борба и судир можат да се издржат само со силата на трпението.

За да бидеме испитани  и искушани, ни се нанесуват разни болки, ни се наметнуваат многубројни искушенија, какви што се загубата на имотот, оган од треска, страдање од рани, загуба на драги суштества. А неправедните од праведните по ништо друго повеќе не се разликуваат, одошто по тоа, што неправедниот во несреќата покажува нетрпеливост и се жали на други, а праведниот се докажува преку трпението, како што е напишаноː „Воздржи се во болките и имај трпение по понижувањето (кога си понижен), зашто златото и среброто во оган се потврдува“.

Изворː ДОМОСТРОЈ

Подготви: Т.С.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5854
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6660
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6464
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5651
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная