логоFacebookTwitterYouTubeeMail


НАПАТСТВИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО (II)


Св. Инокентиј

 


КАКО ХРИСТОС ЖИВЕЕШЕ НА ЗЕМЈАТА И НИЗ ШТО ПОСТРАДА ЗА НАС

Св. Инокентиј, Митрополит Московски, Просветител на Америка


Секој мора да го слуша законот Божји, кој се состои во двете заповеди:

1)Возљуби го Господ Бог со сето срце, со сета душа, со сиот ум и со сета сила; и
2) Возљуби го ближниот свој како себеси.

Според тоа како го исполнувате овој закон ќе примите и награда. Но не постои човек, ниту пак постоел и ниту ќе постои, кој би можел совршено да ги исполни овие две заповеди. Само Исус Христос ги исполни совршено и без никаков недостаток.

Во тој поглед сите Светители, дури и најголемите, се како светилки; додека Исус Христос е како сонцето, со сиот свој сјај и просветленост.

И како што е невозможно за човечко суштество да гледа во сонцето и да го опише, така е невозможно и да ги опише сите добродетели (дела) на Исус Христос. Затоа само накратко ќе ви раскажам за Неговиот живот и добродетелите, и само за она што може да се прочита во Евангелието.

Ниту едно човечко суштество и ниту еден ангел не Го возљуби Бога толку, како што Го возљуби Исус Христос.

Он секогаш Му се молеше на Неговиот Бог Отец, особено кога беше Сам и ноќе.

На секој празник, особено на Пасха, Христос одеше во храмот во Ерусалим, кој не беше блиску до местото каде што Он живееше. Секој Сабат Он одеше до местото каде што луѓето се собираа за молитва и поуки.

Во сите Негови дела, Исус Христос секогаш Го славеше името Божјо, па тајно и јавно Го славеше Бога.

Во текот на целиот Негов живот Исус Христос вистински ги почитуваше, слушаше, чествуваше и љубеше Неговата Мајка и Јосиф, Неговиот очув, дури ги почитуваше и водачите и постарите, и му плаќаше данок на земниот цар. 

Исус Христос ги извршуваше службата и делото заради коишто дојде на светот со целосна подготвеност, без поплаки, совесно, со сета ревност и љубов.

Христос ги возљуби сите, секому му посака добро, и секому му стори добро: и, за вистинска среќа на човештвото, Он не  си го поштеди ни Неговиот живот.

Исус Христос претрпе секаков вид на прегрешенија и навреди со неопислива кроткост и љубов. Он не се пожали од оние што Го нападнаа, и дури и не им се налути на Неговите најотворени непријатели, кои Го клеветеа, Му се потсмеваа, и кои сакаа да Го убијат. Он можеше да ги убие и уништи со еден збор сите Негови непријатели и противници; но не сакаше да го стори тоа. Напротив, на сите им сакаше добро, им чинеше добро, се молеше за нив, и ја оплакуваше нивната пропаст.

Накратко кажано, од Неговото раѓање па се до Неговата смрт, Христос не стори ниту најмал грев, било збор, дело, или мисла; но Он стори секакво добро, во секое време, и на сите луѓе.

Да видиме сега како Исус Христос пострада за нас тука на земјата. Како Син Божји, а со тоа и Самиот Бог, Исус Христос на Себе презеде човекови тело и душа, станувајќи со тоа совршен човек, без грев. Бивајќи Семоќен, Он го презеде ликот на роб. Бивајќи Цар на небото и земјата, Он се роди во беда од сиромашна мајка, во пештера и лежеше во јасли. Неговиот очув беше сиромав дрводелец.

Исус Христос, Врховниот Законодавец, за да исполни се што законот бараше, на осмиот ден по Неговото раѓање ја проли Неговата бесценета крв преку обрежување. После тоа Неговата Пречиста Мајка Го однесе во Храмот и за Него, Избавителот на светот, го плати избавувањето. Додека Исус Христос сеуште беше во Неговата колевка, Ирод се обиде да Го убие, и Он побегна од него во Египет, во туѓа земја.  

Но да не мислиме дека Христос, во Неговото детство, не можеше да разбере што Му беше направено и што Му се случи. Не! Иако Он е совршен човек, во исто време е и совршен Бог; и затоа Он го виде и позна се она што Му беше сторено.

Исус Христос, бивајќи Бог и Семоќен Кого небесата и земјата и миријади ангели Го слушаат, Самиот во текот на Неговиот земен живот ја слушаше Неговата мајка Која е Негово дело.

Исус Христос, Кој во Својата десна рака ги има сите световни блага, во текот на Неговиот земен живот немаше место каде да ја положи главата.

Христос, Царот на целата вселена, му плаќаше данок на земен крал.

Исус Христос, Кому Му служат сите Ангели и суштества, Самиот им служеше на луѓето и им ги изми нозете на Неговите ученици кои беа избрани од најнеобразованите и најпростите луѓе.

Исус Христос во текот на Неговите проповеди истрпе безбројно множество навреди од секаков вид од Неговите непријатели. Го нарекоа грешник и прекршител на Мојсеевиот закон, залуден сограѓанин, и дрводелец.

(Продолжува)
подготви: Б.Ѓ.

БЛАЖЕНСТВАТА ШТО ХРИСТОС НИ ГИ ДАРУВАШЕ СО СВОЈАТА СМРТ

ВИЕ СТЕ – СВЕТЛИНАТА НА СВЕТОТ

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1114
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1207
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1107
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…