логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Божја Промисла – преп. Ефрем Сириски
Август 7, 2012

Но годините на младоста не поминале за Ефрем без некои сопки. По природа пламенен, тој бил раздразлив, а во младешкото тело одвреме навреме се побудуваа нечисти желби. Во такви црти ги претставувал подоцна самиот Ефрем првите години од својата младост, иако, без сомнеж, во неговото опишување не смее да не се забележи тоа длабоко смирение, кое било специфична црта на неговиот карактер во монаштвото. „Уште од млади години“, – зборува тој во својата „Исповед“, – „јас се заветив; меѓутоа во тој краток период јас бев злоречив, се тепав, се расправав со другите, се препирав со соседите, завидував, кон туѓинците без нечовечен, со другарите суров, со бедните груб, за најситни нешта влегував во расправии, постапував без расудување, се предавав на хулни мисли и блудни помисли, дури и кога немав плотска возбуда“. А љубопитноста на младиот, сè уште незрел ум, кој се силел да го сфати она, што е над неговите сили, или лекомисленоста на младоста го вовлекле во некои сомнежи во однос на Божјата Промисла. „Во младоста“, – вели тој, – „кога сè уште живеев во светот, ме напаѓаше ѓаволот; и во тоа време мојата младост за малку ќе ме убедеше дека она што ни се случува во животот е случајно. Како кораб без кормило, иако кормиларот стои на задниот дел од бродот, кој се враќа назад, и воопшто не се поместува од местото, и понекогаш и се превртува, ако не му дојде на помош или ангел, или човек, така беше и со мене“[1].

Но Божјата Промисла не го оставила без вразумување расколебаниот младич, и следните настани, раскажани од самиот Ефрем со длабока скрушеност, му послужиле како вразумителна лекција за Промислата и премин кон нов начин на живот[2]. Еднаш, по заповед од родителите, одејќи кон градот, Ефрем задоцнил и останал да ноќева во шумата заедно со овчарот на овците. Ноќта нападнале на стадото волци и ги растргнале овците. Кога овчарот им го јавил тоа на сопствениците на стадото, тие не поверувале и го обвиниле Ефрема дека, небаре тој ги довел крадците, кои ги разграбале овците. Ефрем бил даден на суд. „Јас се оправдував“ – вели тој, – „раскажувајќи што се беше случило. По мене беше доведен и некој, фатен во прељуба со една жена, која избегала и се скрила. Судијата, одложувајќи го испитувањето на делата, нас обајцата нè прати во затвор. Во затворот најдовме еден земјоделец, доведен овде за убиство. Но и доведениот со мене не беше прељубник, ни земјоделецот – убиец, исто како што ни јас – крадец на овци. Меѓутоа, беа земени како сведоци на делото на земјоделецот – мртвото тело, за моето дело – овчарот, а за делото на прељубникот – мажот на виновната жена; затоа нив ги ставија на чување во друга соба.

Поминувајќи таму седум дена, на осмиот ден видов во сон, како некој ми зборува: „Биди благочестив, и ќе ја разбереш Промислата; сети се на твоите мисли, за што си размислувал, и што си правел, и самиот по себе ќе познаеш дека овие луѓе не страдаат неправедно; но нема да ја избегнат казната ни виновните“. И така, кога се разбудив, почнав да размислувам за видението, и, откако го најдов својот престап, се сетив дека еднаш, кога бев во истата околија, на полето, среде ноќ, со зла намера од трлото ја истерав кравата на еден сиромашен патник. Таа изнемоште од студот и од тоа што беше стелна; таму ја стигна некое диво животно и ја растргна. Штотуку им го раскажав овој сон и својата вина на оние кои беа заклучени со мене, тие, поттикнати од мојот пример, почнаа да раскажуваат за своите: селанецот – дека видел еден човек како тоне во реката, и можел да му помогне, но не го сторил тоа; а градскиот жител, – за тоа, дека бил еден од обвинителите на една жена, наклеветена за прељуба. „Таа“, – рече тој, – „беше вдовица; нејзините браќа, припишувајќи ì ја таа вина, ја лишија од татковското наследство, а мене ми дадоа дел, според договореното“. При овие раскажувања почнав да паѓам во скрушеност, бидејќи во тоа имаше некоја јавна одмазда. И ако сето ова ми се случеше само мене, би можело да се рече дека сето ова ми се случило по човечки причини. Но нас тројцата нè стигна една и иста судба. И значи, има некој четврти, одмаздник, кој не е во роднинска врска со оние кои претрпеле некоја неоснована навреда и кого ние не го знаеме, бидејќи ниту јас, ни тие никогаш не го виделе, – онака како што јас им го опишав надворешниот изглед на оној, кој ми се јави мене во сонот.

Заспав по вторпат, и гледам, дека тој ми вели: „Утре ќе ги видите и оние, заради кои вие трпите навреда, и ќе добиете ослободување од припишаните на вас клевети“.

Наредниот ден навистина му биле претставени на градоначалникот заедно со Ефрем и другите неговите созатвореници уште петмина, обвинети за разни престапи. Двајцата од нив ì беа браќа на наклеветената вдовица и беа ставени во затвор заради други навистина од нив извршени престапи; а останатите тројца беа невини во она, за што беа ставени во затвор, но, како што самите тие му откриле на Ефрем, биле виновни за лажно сведочење. Испитувањето на сите овие дела не можело да биде брзо завршено. Меѓутоа, бил назначен и друг судија. Новиот судија бил познаник на родителите на Ефрем и со него самиот, но Ефрем не го познал веднаш. Во навечерието на тој ден, кога сите затворени требало да застанат пред него на суд, Ефрем пак го видел во сон оној, кој му говорел: „Наредниот ден ти ќе бидеш ослободен, а останатите ќе потпаднат под справедливиот суд; ти, пак, верувај и објавувај ја Божјата Промисла“. Навистина, на другиот ден судијата ги разгледал делата на обвинетите; ги признал за невини затворените по грешка или од злонамерност, и ги дал да бидат изедени од ѕверовите оние кои биле разобличени или си ги признале злоделата.

„Судијата“, – вели Ефрем, – „заповедаше исто така и мене да ме изведат на среде. Иако нè зближуваше нашето исто потекло, сепак тој почна да се информира за делото по ред и се обидуваше да ме распраша за тоа, што било со овците. Јас ја кажав вистината, како се случи сè. Откако ме позна по гласот и по името, тој заповедаше да го расечат овчарот за да се дозна вистината, а мене потоа ме ослободи од обвинението, по истекот на безмалку седумдесет денови. Моето познанство со судијата доаѓаше оттаму, што моите родители живееја во градот со оние кои го беа пораснале овој човек; па и јас, извесно време, живеев кај него…

Потоа, во истата ноќ, го гледам претходниот маж, и тој ми вели: „Врати се во твоето место и покај се за неправдата, и биди уверен, дека има Око, кое гледа над сите“. И, откако силно ми се закани, тој се оддалечи; оттогаш до денес не сум го видел“[3].

Ефрем бил верен на поуката на оној кој му се јавил. Бидејќи уште во затворот дал завет да го посвети сиот свој живот на покајание, тој набрзо го оставил светот и се оддалечил во околните гори кај отшелниците[4]. Меѓутоа, и во подоцнежните години тој не престанувал да се кае за гревот од младоста и да бара од другите молитви пред Господа за простување.

Отшелничкиот живот рано станал познат помеѓу низибиските христијани. Во околните планини (Синџар) пештерите им служеле како живеалиште на подвижниците; растенијата и плодовите, кои слободно растеле од земјата, им давале храна; молитвата и Богомислието, непрекинувани од врева и светска суета, им биле постојано занимавање. Ученикот на преподобниот Антониј Аон или Евгениј го даде првиот пример на отшелнички живот во Египетската пустина на крајниот исток на Римската Империја и набрзо нашол многу следбеници и тука[5]. Во нивниот број спаѓал и светиот Јаков, епископот Низибиски, толку познат со своите отшелнички подвизи и чудеса, колку и со ревноста за распространување и заштита на вистинската христијанска вера. Заради утврдување на христијанството во Персија тој заминува во таа земја, веднаш до Низибија[6], а за оградување на православните од нечестивото учење на аријаните и пишува побивање на таа ерес, на кое се повикува светиот Атанасиј Александриски[7]. Преподобниот Ефрем наскоро станал ученик на светиот Јаков и строг исполувач на правилата на пустинскиот живот, коишто светителот свето ги запазувал и среде градот со многу народ.

Несреќниот случај со неговото фрлање во затвор извршил голема промена кај Ефрем. Наместо пламениот, но гневлив, љубопитен, но колеблив со сомнежи младич, Ефрем станува смирен и скрушен пустиножител, кој деноноќно ги оплакувал своите гревови и кој со побожност се поучувал во законот Господов. Примерот на свети Јаков го довршил духовното образување на достојниот негов ученик. И веќе во тоа време гледаме во Ефрем совршена покорност на патиштата на Промислата и витинска подвижничка цврстина во поднесувањето на искушенијата.

[1] „Изобличување“, стр. 119-130.

[2] „Изобличување“, стр. 119. Со ова раскажување на преподобниот Ефрем во голема мера е сличен расказок, предаден од негова страна кон некое друго лице, веројатно, некој од неговите слушатели. Тој е поместен на грчки јазик (Opp. Graec., t. III, p. XXIII).

[3] „Себеизобличување“, стр. 122-123.

[4] Opp. Graec., t. III, p. XXXI.

[5] За почетокот на монаштвото во Низибија пишува Созомен (H. E., t. III. P. 14 и t. VI, p. 33). Спомнатата кај него планина Сигорон е денешниот Синџар (Asseman. Biblioth. Orient., t. III, 2, p. 779, 862. Ritter Erdkunde, t. XI. P. 443, 463). Аон, кој се спомнува кај Созомен, треба да е иста личност со познатиот Евгениј кој се спомнува кај сириските писатели (Asseman, ibid., p. 862).

[6] Животот на свети Јаков, епископот Низибиски, опишан e од Теодорит, епископот Кирски, во неговото дело „Истории на богољубивите мажи“ (Opp. Theod., 1642, t. III, p. 764).

[7] Во посланието кон епископите египетски и либиски (Opp. S. Athanas. Ed. Mantfaucon., t. I, 1, p. 278).

Превод од руски јазик:

ѓакон Јани Мулев

Ортодоксија ортопраксија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5644
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная