логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Старец Софрониј Сахаров

prav.pat3.jpgДа се створи нешто ново секогаш претпоставува ризик. Така и Божјото создавање на човекот според Неговиот лик и подобие носеше со себе извесен ризик. Бог не ризикуваше воведувајќи елемент на нестабилност или шок во Неговото вечно бивствување, туку со тоа што, давајќи му на човекот боголика слобода, ја затвори вратата за секаков вид предодреденост.Човекот е при потполна слобода негативно да се определи во својот однос кон Бога – дури и да влезе во конфликт со Него. Но, како безгранична љубов, Отецот небесен не може да го напушти човекот кого го создаде за вечност, за да му ја пренесе Својата божествена потполност. Он заедно со нас ја живее нашата човечка трагедија. Ние, пак, овој толку чудесен и величествен ризик го разбираме кога го созерцуваме Христовиотживот на земјава.

По долго проучување на МикеланџеловиотСтрашен суд во Сикстинската капела, во фреската открив делумна аналогија со моето поимање на создавањето на светот. Погледнете на Христа на фреската, на движењата што ги прави. Налик на овенчан победник, ги фрла во бездната сите што се осмелиле да Му се спротистават. Сета огромна површина врви од луѓе и ангели кои ужаснати треперат. Лебдејќи во некое космичко пространство, сите тие се помалку обземени од својата сопствена неволја одошто од гневот Христов. Он се наоѓа во центарот и гневот Негов е страшен.Ова сигурно не е како јас Го гледам Христа. Микеланџело имаше голем гениј, но не за литургиската стварност.

Да ја реконструираме фреската. Христос, природно, треба да е во центарот, но еден поинаков Христос, поблизок на откровението што го имаме за Него: Христос безмерно силен со силата на скрушената љубов, на Кого не Му личи одмаздничкиот став.Создавајќи нè како слободни суштества, Он ја предвиде веројатноста, можеби дури и неопходноста на трагедијата на човековиот пад. Повикувајќи нè од темницата на небитието, Неговото судбоносно движење нè фрла во таинствените сфери на космич-киот живот. „Наоѓајќи се насекаде и исполнувајќи ги сите нешта”, Он е постојано тука некаде крај нас. Нè љуби и покрај нашето бесмислено однесување. Нè повикува, секогаш спремен да одговори на нашиот повик и да ги поведе нашите кревки чекори преку сите пречки што ќе ни се најдат на патот. Нè почитува како рамни на Себе. Неговата промисла за нас е да нè види во вечноста навистина рамни на Него, Негови пријатели и браќа, синови на Отецот Небесен.

Он тоа го посакува, жеднее за тоа. Овој е нашиот Христос; и како Човек Он седи оддесно од Отецот.Во почетокот Бог го создаде нашиот дух како потенцијал. Што ќе произлезе од тоа не зависи само од Него. Човекот е слободен да не се согласува со Бога, дури и да Му се опира. Доаѓаме во ситуација во која самите си ја определуваме вечната иднина – се разбира, секогаш во однос со Него: без Него не би ни постоеле. И ако ја бараме посветената вечност што, всушност, само Нему Му припаѓа, тогаш секое наше делување, целата наша креативна активност, сосем сигурно треба да протекува не одвоено од Него, туку со и во Него.


Превод од англиски:
Презвитер Игор Калпаковски

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1059
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…