логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


devojce.marjan.jpg

Во изминатиов период многу се зборуваше, дебатираше и сеуште е предмет на дискусија, а како се приближува почетокот на новата учебна година, колку би сакал да се разгори таа тема, наречена “Веронаука”.

Сведоци сме сите дека веронауката кај нас предизвика многу бранувања и турболенции.  Лично јас се радувам на таквата ситуација, затоа што ние сме пред една значајна одлука во нашиот живот и во нашето општество, а знаеме дека пред секоја важна одлука се соочуваме со многу бранувања и предизвици, а од друга страна, пак, преку овој предизвик ние веќе почнуваме отворено да разговараме за нашиот живот и за основите на кои го градиме истиот .

Во една таква ситуација оние кои се храбри својата одлука ја донесуваат брзо како молња, а оние кои се колебливи се размислуваат до последниот момент. И покрај ова нема да Ве убедувам, туку ќе ја почитувам Вашата слободна волја, и ќе се послужам со евангелскиот принцип “Дојди и види!”

Уште на самиот почеток ќе кажеме дека нема место за страв и несигурност, но, сепак ние уште еднаш ќе го поставиме прашањето, со големи букви, ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ВЕРОНАУКАТА, поточно, не зошто ни е потребна нам, на владата, на државата, на образовниот систем, на Црквата, туку дали таа им е потребна на децата?

Еве зошто. Најпрвин затоа што, преку веронауката децата ќе се научат вистински да се сакаат и почитуваат себе си, како создание божјо, и да го ценат своето, како дар од Бога, а преку таквото сознание ќе ги сакаат и почитуваат и сите други, кои се околу нив, и се што им е заедничко со сите нас. Потоа децата ќе добијат едно знаење, кое пред се е искуство, и кое со својот квалитет ќе ги стави во перспектива на познание на нештата во полнота, на онакви какви што се. Потоа децата ќе имаат можност и ќе изградат една скала на високи вредности и критериуми во својот живот, угледувајќи се на личноста на Господ Исус Христос. Потоа децата ќе можат да осознаат со кои потенцијали располага човекот и што с# му е поверено од Бога. Како атрибут, сметаме дека преку веронауката, децата ќе можат да го запознаат своето духовно, културно и уметничко наследство на својата татковина, пред кое богатство на колена паѓа целата светска уметност, а кое очигледно дека ние сме го заборавиле и кое истото многу ни недостига во својот идентитет. Вака можеме да набројуваме до недоглед, но, само уште едно ќе спомнеме, а тоа е дека оваа наша татковина почива на теологија, на вера, и тоа вера во континуитет, почнувајќи од светиот апостол Павле, па преку светите браќа Методиј и Кирил, кои ни го составија писмото, потоа нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, па преродбенскиот периот, во кој што периот знаеме дека преродбата ја направија личности кои беа епископи, свештеници и монаси, и с# до ден денес кога во деведесетите години од минатиот век во нашата држава се возобнови духовниот живот, кое беше единственото ново кај нас, во изминатиот периот. И покрај сето ова ние денес пак некако колебливо и со страв, се мислиме дали да прифатиме нашите деца да учат веронаука, а училиштата во кои учат носат имиња на оние светила незаодни, кои пред малку ги спомнавме и кои својот живот го заложија за онаа вера за која ние сега се двоумиме дали да ја учат нашите деца.

Сето ова до сега кажано ќе се обработува во девет наставни теми, и тоа:
1. Вовед во веронаука;
2. БИБЛИЈАТА - книга над книгите;
3. Созданието како дар и дарот на создавањето;
4. За работата, одморот и празнувањето;
5. Да не го правиме тоа што не оддалечува од Бога;
6. Со Бога по патот на доброто и животот;
7. Верата е таа која н# поврзува со сите;
8. Верскиот и духовен живот во Македонија и
9. Заклучок - верата применета во нашиот живот.

Сметам дека во оваа програма по православна христијанска веронаука за петто одделение , нема ништо кое нема да биде полезно за нашите деца и дека познавањето на својата вера може да биде дел од културата на секој човек.  Зошто нашите деца да не ги знаат приказните за Каин и Авел, за Авраам, што значи Голтота што значи во психологијата Пилатов синдров... Не верувам дека некој би го оспорувал ова. Затоа немаме оправдание со аргументи од типот: кога ќе порасне самиот ќе разбере, бидејќи со тоа може да се наруши севкупното воспитување на децата. Тоа е исто како да кажеме: бидејќи во светот има многу јазици, ајде на детето да не му се обраќаме на ниту еден јазик, а кога ќе наполни 18 години, и тогаш самиот нека одлучи кој јазик ќе му биде мајчин, или кога ќе се разболи нашето дете, па ќе чекаме тоа да прозбори, па да ни каже кој лек го сака.
 

Со ова сакам да кажам дека родителите имаат обврска кон своето дете, која им е поверена од Бога, како вистински ќе го воспитуваат и образуваат.
На крајот од сето ова останува “кој има уши да слуша, нека чуе”.

Игор Крстев


kapistec.Kozma7.jpg

■ Молитва пред одење во училиште

kapistec.Kozma3.jpg


Милостив Боже, Ти си вечната премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просвети мојот ум и моето срце и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека биде мојата душа секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познавам Тебе - вистинската Мудрост и Добрина и да им послужам на блиските и народот мој. Амин!

 

 

 

 

 

Посети:{moshits}

 




Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3397
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3236
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…