логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Мајко П.! Мир на тебе!

Ова не е прв пат да ми пишуваш за страв од смртта. Ако внимателно се загледаш во некој предмет, јасно ќе го видиш, а она што е околу него едвај ќе го забележиш. Така е и со стравот од смртта.

Ако гледаш на смртта со очите на стариот човек и обратиш внимание само на претсмртните страдања, тие во тебе неизмерно нараснуваат и те збунуваат. Кон тоа се придружува и влијанието на злите духови.

Ако човекот остане во таква состојба може потполно да се растрои.

На смртта треба последователно да се гледа со зборовите Божји: „Сакам да се ослободам и да бидам со Христа“, така гледал апостол Павле и сите светии. Земниот живот е еден вид прогонство поради поправање. Како што се излегува радосно од темница или логор, исто така, подобро кажано, со неизмерна радост се излегува од мрачниот земен живот. Ти ќе речеш: добро е ако се најдеш потоа во Божјото Царство, но што ако се најдеш во адот? А што нè спречува да влеземе во Божјото Царство? Напишано е: „Исполни ги заповедите“ и ќе се спасиш. Но, бидејќи ние сме немоќни, расипани, подвластени или достапни на бесовите, Господ ни го дал покајанието и другите свети тајни. Ако искрено се покаеме, Господ ни простува, т.е. ја очистува нашата душа од гревовните рани и му ветува на покајникот Царство Божјо. Седум пати на ден покај се и толку пати ќе добиеш проштевање.

Ако не веруваш во зборовите Божји, тогаш секако дека ќе се плашиш, ќе потпаднеш под власта на бесовите и тие ќе те мачат. Биди како цариникот, т.е. целото твое спасение положи го во Божјото милосрдие, а не во вршење на своите должности, и тогаш ќе излезеш од овој живот, како што цариникот излегол од храмот – оправдан, т.е. ќе влезеш во Божјото Царство.

Ете, на тоа поле насочувај го своето внимание и запомни дека Господ ги создал луѓето не за маки, но за божествена радост. Цело небо се радува за секој грешник што се кае и така се спасува.

Смртта е раѓање, а раѓањето ретко е пропратено без жалост, но таа жалост се претвора во радост, зашто се родил човек за Божјото Царство. Укорувај се себе за секој грев, за секоја лоша мисла, за маловерие, сомневање, за неразумниот страв од смртта, укорувај се и покај се и така ќе се здобиеш со спокојство и душевен мир, оддавање кон Божјата волја. И цела Црква се моли за нас: „Целиот свој живот да ни биде без болка, непосрамен, мирен и да дадеме добар одговор на страшниот Христов суд, се молиме“. И ти придружи се со својот глас кон гласот на Црквата…



Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, 117-118.

Преземено од: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2257
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…