логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Прашање: Што значи да се стане како дете во молитвата?

Одговор: Тоа значи да се откажеме, како што веќе кажувавме, од земната мудрост и земните знаења. Како што борецот, стапувајќи на двобој, ја фрла од себе наметката, така и човек, застанувајќи на молитва, треба да запомни дека знаењата со кои се гордее светот, се ништожни и неверодостојни. Пред Божествената мудрост тие се ништо; тоа е магла што ја прекрива нашата душа низ која со мака се пробиваат зраците на сонцето. Откажи се од знаењето заради мудрото незнаење и во тоа незнаење преку молитвата ќе стекнеш вишо знаење. Откажи се од треперливата светлина на разумот за кој е недостапен духовниот свет; потопи се во мракот на незнаењето и бесмислата за тоа преку молитвата на срцето твое да засветли духовна светлина. Претстави си дека си дете кое ништо не знае, ништо не разбира, но кого нешто го влече кон Бог, Кому му верува макар онака како што мало дете им верува на своите родители.
Кога со мислите се обраќам кон своето рано детство, кое се запечатило во некои тајни места на срцето, ја напрегнувам својата памет, како да ја враќам реката на времето назад, кај нејзинот извор, се сеќавам дека во раниот самрак на мојот детски живот, духовниот свет ми беше очевиден; го гледав она што ме окружуваше на два плана: еден беше реален и земен, а другиот - таинствен план, планот на духовите. Тие планови како да престојуваа еден во друг. Како дете светот го гледав пообемен, подлабок; детското срце ја чувствуваше тајната на невидливиот свет кој во некој степен беше за него реален. Потоа, со растењето, душата се повеќе огрубуваше и потонуваше во материјалност; видливиот свет го стеснуваше невидливиот. Светските знаења, општењето со луѓето, пробудените страсти - сето тоа ја парализираше способноста на духот да гледа не на видливото, туку низ него.
Детето што одвај научило да зборува на свој начин е помудро од философ, кој се врзува самиот себеси, како пајакот со пајажината, со сопствените расудувањаисткаени од неговиот разум. Детето е помудро затоа што тоа го гледа светот како тајна. Големо постигнување е да се смири гордоста на разумот кој станал за луѓето идол и да се победат страстите во кои светот ја гледа радоста на животот, да се возвиши над двојноста и борбата на мислите, да се увиди дека земните облици се облици на прав, и да се моли со просто срце, како дете. Господ рекол: Те прославувам Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите со светска мудрост и разумните со плотски разум и си го открил на младенците кои можат да сместат повеќе познание за Бога за својата проста душа.

 

Извор: Арх.Рафаил Карелин

ДУХ ЖИВОТЕН

Библиотека*небесни цветови

Манастир Св.Атанасиј Велики

Журче- Демир Хисар

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2620
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2416
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…