логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ВОДОСВЕТ ВО ЈАВНА КУЌА

Свети Порфириј Капсокаливит

Порано имавме обичај, на празникот Богојавление, да ги осветуваме домовите. Еднаш и јас отидов да правам водосвет. Тропав на вратите од куќите, ми отвораа и влегував внатре пеејќи „Во Јордање крештајуштусја Тебје Господи...". Како што одев на улицата Мезонос, гледам една железна врата. Отворам, влегувам внатре во дворот, кој беше полн со мандарини, портокали, лимони, и продолжив по скалите. Тоа беа надворешни скалила, кои се искачуваа нагоре, а долу имаше подрум. Се качив по скалите, чукнав на вратата и излезе една госпоѓа. Штотуку ми отвори јас почнав, како по обичај, да пејам „Во Јордање крештајуштусја Тебје Господи...". Веднаш ме прекина. Во меѓувреме ме слушнаа и десно и лево по ходникот излегоа девојки од собите. Сфатив, - сум влегол во куќата на срамот - си помислив. Жената излезе пред мене за да ме спречи.
-    Оди си од тука, - ми рече. Не смеат овие да го целиваат Крстот. Дај јас да го целивам Крстот и оди си, те молам.
Сега веќе зазедов сериозен и строг став и ѝ реков:
-    Јас не можам да си одам! Јас сум поп, не можам да си одам! Дојдов тука за да направам освет.
-    Да, но не чини овие да го целиваат Крстот...
-    Ама не знаеме дали чини овие да го целиваат крстот или ти. Бидејќи, ако ме праша Бог и побара од мене да Му кажам, кој чини да го целива Крстот, девојките или ти, можеби би Му рекол: „Девојките треба да го целиваат, но не и ти. Нивните души се подобри од твојата".
Во тој миг таа малку поцрвене. Потоа ѝ реков:
-    Остави ги девојчињата да го целиваат Крстот.
Им дадов знак да пристапат. Јас уште помелодично отколку претходно го запеав „Во Јордање...", бидејќи чувствував радост во себе, што Бог ги уреди работите да отидам кај овие души. Сите го целиваа Крстот. Сите беа дотерани, со разнобојни облеки итн. И им реков:
-    Чеда мои, за многу години. Бог не љуби сите нас. Он е многу добар и им дава дожд и на праведните и на неправедните (Мат. 5,45). Он е Татко на сите нас и се грижи за сите. Само да се потрудиме да Го спознаеме и да го засакаме и ние и да станеме добри. Да Го засакате и ќе видите колку среќни ќе бидете.
Гледаа зачудени. Нивните кутри души нешто примија.
-    Се израдував - им реков на крајот - што ме удостои Бог да дојдам денес и да ви направам водосвет. За многу години!
-    За многу години, - одговорија и тие а јас си заминав...

Превод од грчкијазик: Свештеник Јани Мулев

Извор: АМВОН



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2613
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2407
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…