логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Shmeman1

Клирикализамот гуши; се оддалечува од светотаинскиот карактер на Црквата; својата моќ ја претвора во света моќ со која контролира, води, управува; моќта со која се извршуваат светите тајни, и воопшто, секоја моќ ја претвора во „моќ која што ми е дадена“! Клирикализмот ја одвојува сета „светост“ од обичните луѓе: со иконостасите, причеста (со посебна дозвола), теологијата. Накратко, клирикализмот de facto е негирање на Црквата како Тело Христово, бидејќи во телото сите органи се поврзани и различни само по функција, но не и по суштина. И што повеќе клирикализмот се „клирикализува“ (традиционална претстава за Епископите или свештениците, нагласена со облеката, косата итн., на пример, владиката облечен во целосна регалија), толку повеќе црквата станува сѐ посветовна, духовноста се потчинува на светот.

Во Новиот Завет свештеникот е претставен како примерен лаик (мирјанин). Но, речиси веднаш после тоа почнува нивно одвојување од лаиците; и тоа не е само одвојување, туку и спротивставување на лаиците. И повторно, најочигледен облик на ова одвокување е исклучување на лаиците од причеста како полнота на нивното бивање дел од Телото Христово. Наместо да биде „образец за верните“ (1 Тимотеј 4:12), тој станува „господар на сакралноста“, одвоен од верните, делејќи ја благодатта според негово наоѓање.

Тоа е коренот на спротивставување на честото причестување од страна на некои свештеници – заштита на причеста со исповед, отпуштање на гревови, “со власта што ми е дадена“ итн… Оваа борба сега видливо се заострува под влијание на свештениците, кои се опседнати со својата моќ, со својата „светост“. Ништо повеќе не им се заканува на нивниот авторитет од враќањето на Евхаристијата на Црквата, обновување на Евхаристијата како Света Тајна, а не како „еден од начините за осветување“…

Трагедијата во теолошкото образование лежи во фактот дека младите луѓе, коишто сакаат да станат свештеници, свесно или несвесно, го сакаат тоа одвојување, моќ, издигање над мирјаните. Нивната жед ја предизвикува и засилува целиот систем на теолошкото образование и клирикализмот. Како тие можат да сфатат, не само со умот, туку и со целото битие, дека човекот мора да бега од моќта, од било каков вид моќ, која секогаш е искушение и секогаш доаѓа од ѓаволот? Христос нас нѐ ослободи од таа моќ – „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата…“ (Матеј 28:18) – откривајќи ја Светлината на моќта како моќ на љубовта, жртвеното давање на самиот себе. Христос на Црквата не ѝ ја дал „моќта“, туку Светиот Дух: „Примете Дух Свети“… Во Христа, моќта се врати на Бога, а човекот е излечен од владеење и командување.

Во 61-вата година од својот живот одеднаш се прашав: Како сето тоа се има така извитоперено? И самиот се уплашив!

 Преземено од: Маран Ата

Извор: Клирикализам у Православљу



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3395
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3232
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…