логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свештеник Сергеј Белобородов, клирик на храмот-Великомаченик и исцелител Пантелејмон при ЦКБ № 1 ОАО «РЖД»


 Злото, омразата како и добрината, нежноста и љубовта доаѓаат од родителите. Какви ќе бидат децата зависи од родителите коишто живеејќи заедно, се љубат еден со друг, или обратно, постојано се препираат. Односот помеѓу сопружниците детето го чувствува уште во утробата на мајката и го впива во себе.
Погрешно е да се мисли дека детето седејќи на подот со своите играчки не разбира дека во моментот неговите родители се расправаат. Всушност, во тие мигови, малечкото сè прекрасно разбира и го впива сето негативно и сето добро, во зависност од тоа што слуша. Често се случува децата да го повторуваат она што нивните родители воопшто не ги учеле. А родителите – во шок. Детето слушнало само еднаш нешто што не требало да слушне и тоа го запомнило на долги патеки. Приближно 70-80 проценти од информациите кај децата потекнуваат од родителите, останатото, детето го добива од искуството во градинка, училиште или од улица. Физичките казни и строгите прекори, ако се прават во афект, уште помалку ќе го решат проблемот. Борбата со детската суровост мора да се извојува со личен пример: овде влегуваат и сопружничките односи, и тоа како родителите комуницираат со другите луѓе.


Доколку не се поведе борба против гревот, тој се разгранува

Наталија Јалтанскаја, мајка на 9 деца:
Да, во светот има и добро и зло. Злото се бори со доброто и поле на битката е – срцата на луѓето. И кај децата, исто така.

Во оваа бесконечна тема се наметнува потребата да се одбележат два момента. Неопходно е да се разликува што е суровост, а што слаба детска волја, неумеење да се управува со своите емоции.
Прво: детето – не е мал возрасен човек. Личноста сè уште не е формирана. Отсуството на животно искуство суштински се одразува врз мотивите во однесувањето. Децата често извршуваат постапки чија подлабока смисла не е таква каква што е кај возрасните. Детето не знае дека ако удри друго човечко суштество, тоа доживува голема болка. Него никогаш не го тепале. Или сосема обратно, го задевале, тој праснал и вратил мило за драго, а кај оној што го навредил – возвратно, потрес на мозокот. Така одат тие работи. Но, тоа не е суровост – тоа е слаба волја, неумеење да се управува со својот темперамент и отсуство на страв пред последиците.

Втор момент. Не така дамнешно подоодраснатата генерација пројави недостаток на сопствено искуство врз примерите на уметничката литература. Современите деца малку читаат, затоа пак, се навлечени на компјутерски игри. А во светот на компјутерите сè е така едноставно. Како главен херој во играта, те смачкале на ѕид, а ти стануваш и продолжуваш понатаму. Твојот компјутерски лик не чувствува болка и не е инвалид. Ете тоа е вистинско негативно искуство.

Детето расте во свет отруен од гревот. Доколку не се борите со гревот, тој се разгранува како баобабот на Планетата на Малиот Принц, и заразува со своите постапки. Тоа е веродостојно, како за децата, така и за возрасните. Тоа дека детето до седумгодишна возраст не греши на свесно рамниште, кај мене не предизвикува никаво сомневање. Така и нè учи нашата Црква. Но, проблесоци, секако има – како свесната борба, така и свесниот пад.

Како да се борите? Земете и борете се. Секако, ние нема на нашите деца да им создаваме вештачки страдања, во коишто, како што е извесно, расте душата. Но, околу нас, по допуштение Божјо сето тоа се случува! Со децата треба да се разговара, да се истражува, да се преживуваат заедно настанатите случки. Треба да им се помогне на страдалните деца: со молитва, играчка, по пат на писма, со посета. Треба заедно да се читаат и да се анализираат прочитаните книги. Треба да се потисне електронскиот свет од животот. А понекогаш и да се ограничува затоа што на определена возраст децата не се способни да се откажат од извесни нешта. Треба да се тренира човековата волја. Со посредство на спортски активности, на пример.

Превел од руски м-р Пантерлеј Кондратјурк Со благослов на о. Горан Тасески
Извор: http://agapi.mk/odnosot-pomegu-sopruzhnitsite-deteto-go-chuvstvuva-ushte-vo-utrobata-na-majkata/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1375
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1670
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1506
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…