логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

-Старче,може ли човек што достигнал светост,да познае кој е лош?

-Да.Го познава лошиот исто како што може да ја препознае светоста на светителот.Го гледа злото,но истовремено може да ја види и внатрешноста на човекот и да расуди дека тоа зло е од ѓаволот и дека доаѓа однадвор.Со окото на душата,сопствените недостатоци ги гледа големи,а недостатоците на другите луѓе ги гледа сосема мали.Вистински ги гледа мали.Може да види кога се сериозни гревовите,но во најдобра намера ги оправдува лошите постапки на лошиот човек.Не го презира,не го смета за помал од себе.Дури може и да го смета за подобар од себе и свесно да го поднесува од многу причини.Тој го гледа злото на некој злосторник,но мисли дека тој дошол во таква ситуација да направи зло,зашто никој не му помогнал и дека и тој самиот би можел да биде во таква ситуација,ако Бог не му помогнал.Така добива многу благодат.А лошиот човек,напротив,иако може да ја согледа светоста на другиот,не може да ги познае добрите помисли што ги поседува,како што не може ниту ѓаволот.Оној што до најмали ситници се испитува себеси,секогаш го оправдува другиот,а не себеси.И колку на поголемо духовно ниво се наоѓа,толку повеќе се ослободува и повеќе ги сака и Бога и луѓето.Тогаш неможе да сфати што значо зло и затоа кон другите секогаш има само добри помисли и секогаш размислува со чистотата и на се' гледа како на духовно и свето.Тој има корист дури и од падовите на браќата,користејки ги како силна кочница за себе,за да биде повнимателен,да не се лизне од патот.Од друга страна,оној што не се очистил,мисли само на зло и се' му изгледа лошо.Дури и она што е добро,го загадува со својата злоба.За него не се од полза ниту доблестите од другите луѓе,зашто е ппомрачен со темнината на човекоубиецот од искони,па и доблестите ги толкува со своите злобни зборови.Секогаш е потиштен и секогаш ги натажува своите собраќа со својот духовен мрак.Ако сака да се ослободи,мора да сфати дека е неопходно да се очисти,за и нему да му зазори духовната зора,очистување на умот и на срцето.

-А,ако истиот човек понекогаш е зол,а понекогаш добар?
-Тогаш тоа значи дека прима влијание и од двете страни и во согласност со тоа,се менува.Човекот е подложен на промени.Злите помисли понекогаш потекнуваат од искушувачот,а понекогаш човек сам од себе има зли помисли.Значи дека искушувачот често предизвикува ситуации во кои,луѓето кои се наклонети кон тоа,произведуваат лоши помисли.
Еден архимандрит,кога прв пат дојде во колибата,не стигнав да го примам.Вториот пат кога дојде,не можев да го примам бидејки бев сериозно болен,па му реков да дојде другпат да разговараме.Тогаш,тој дојде на помисла дека не сакам да го примам,дека имам нешто против него,и отиде долу во манастирот да се жали.
Сето тоа беше од искушувачот.

 



СОВЕТИ ЗА СПАСЕНИЕТО ВО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ

Старец Пајсиј Светогорец

Избор о фејсбук страна на Православна Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1381
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1675
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1510
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…