логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Драг „Џон“, Гледам дека наскоро ќе станеш православен. Не знам ништо за тебе, освен тоа дека си Англичанец.

Пред да напишам било што, треба да појаснам нешто. Не ми кажаа зошто сакаш да се преобратиш, но те уверувам дека тоа ќе нема смисла доколку си воден од некакви негативни причини. Во православието ќе најдеш исто онолку (ако не и повеќе) „погрешни [нешта]“, колку што има во англиканската и римо-католичката црква.

Значи, првото нешто е, дали си подготвен да се соочиш со лаги, дволичност, зло и сето останато, во православието баш како што е тоа случај во другите религии или деноминации? Да не [случајно] очекуваш некој вид на овоземен рај со многу темјан и правилно пеење?

Дали очекуваш да одиш право во рајот доколку се прекрстуваш бавно, свечено и на правилен начин, од десно на лево?

Да не имаш дома некаков готвач со автентични руски рецепти за велигденските празници?

Дали си експерт за трикратно целивање [со луѓето] на секоја една (не)соодветна прилика?

Дали можеш елегантно да се поклониш без притоа од џебовите да ги паднат разни дребулии?

ИЛИ… Си ги прочитал ли Евангелијата? Си се соочил ли со Христа распнатиот? Во духот, дали си учествувал на Тајната Вечера – односно, Светата Причест?

И… Подготвен ли си, со сето смирение, да сфатиш дека во овој живот нема никогаш да спознаеш [нешто] повеќе од верата; дека да се верува значи да се прифати Вистината без доказ? Верата и знаењето се крајно спротивставени – и крајно се слеваат една во друга. Живото православие се заснова на парадокс, кој се пренесува и во богослуженијата – лични, и соборни.

Ние знаеме затоа што веруваме, и веруваме затоа што знаеме.

Пред сè, дали си спремен да ги прифатиш сите нешта како да се од Бога?

Ако требало секогаш да бидеме „среќни“, чуму е Распетието?

Дали си спремен што и да се случи, да веруваш дека некако, некаде, тоа мора да има смисла? Ова не значи рамнодушна истрајност, туку значи постојано бдеење, наслушнување на она што е потребно; и над сè, ЉУБОВ.

Сиромашни, стари, болни, [какви и да сме] до последниот здив, ние можеме да љубиме.

Не онаа бесмислена емотивност што толку често ја заменуваат со љубов, туку жртвена љубов – внатрешно распнување на [секоја] алчност, завидливост, гордост.

И никогаш да не ја мешаш љубовта со сентименталност.

И никогаш да не го мешаш богослужењето со глумење.

Биди понизен – љуби!, дури и кога е тоа тешко. Не со осетлива таканаречена љубов – и не гледај на црковните богослужби како на театарска претстава! Се надевам дека ќе најдеш смисол во ова. Ти посакувам сè најдобро,

Мајка Текла

игуманија на Благовештенскиот манастир во Норманбеј Писмо кое блажено упокоената православна монахиња, мајка Текла (+2011г.) го напишала на имагинарен преобратеник во 2009 година.


Извор: http://agapi.mk/dali-ti-sakas-da-bides-pravoslaven/



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2684
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…